Свет
Жестоки борби околу претседателската палата во Абиџан
Борби со тешко вооружување се водеа ноќеска во централниот кварт на најважниот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан, каде се наоѓа претседателската палата, симбол на моќта на Лоран Гбагба, претседателот на заминување кој одбива да ја препушти власта на демократски избраниот кандидат.
Борби со тешко вооружување се водеа ноќеска во централниот кварт на најважниот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан, каде се наоѓа претседателската палата, симбол на моќта на Лоран Гбагба, претседателот на заминување кој одбива да ја препушти власта на демократски избраниот кандидат.Силите на Аласан Уатара, претседателот кој го признава меѓународната заедница, се бореа за да го заземат последното упориште на Гбагба во Абиџан.Силите на Уатара вчера вечер ја заземаа државната телевизија RTI, која се наоѓа близу претседателската палата во Абиџану.Портпаролот на министерот за одбрана на Уатаре, капетанот Леон Куаку Ала, потврди околу полноќ за агенцијата Франс прес дека телевизијата е во нивни раце.Вчерашните борби во овој град, економскиот центар на Брегот на Слоновата коска, започнаа на километар од палатата, околу универзитетскиот град Мермоза, упориште на силите на претседателот во заминување а подоцна се проширија до телевизијата, јавија медиумите.Резиденцијата на Гбагбоа ја штитат членовите на републиканската гарда, тешко вооружени елитни единици, јавуваат разни извори.Според претставниците на ОН и Брегот на Слоновата Коска, околу 50.000 полицајци го напуштиле Гбагба и сега него го чува само Републиканската гарда и командосите на специјалните сили.Гбагбо, кој е на власт од 2000, одбива да ја предаде власта на демократски избраниот Уатари, и покрај меѓународните санкции. Неговиот режим почна да слабее под воениот притисок поради напуштање на голем број на луѓе околу него./крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Шест лица пронајдени мртви во Бугарија, истрагата ја разгледува и можноста за култ
Бугарските власти истражуваат смрт на шест лица поврзани со еколошка невладина организација, откако на почетокот на февруари беа пронајдени три тела во колиба во Петрохан, а неколку дена подоцна уште три во кампер во близина на врвот Околчица.
На брифинг во Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, полицијата соопшти дека според досегашните податоци, тројцата мажи – Ивајло Иванов, Дечо Василев и Пламен Статев – ја запалиле колибата во Петрохан, по што извршиле самоубиство.
До нивните тела биле пронајдени два пиштола и една пушка. Форензичките анализи покажале дека на оружјето има само ДНК од починатите лица. Прострелните рани биле нанесени од непосредна близина, а според судско-медицинските вештачења, повредите биле во домет на сопствената рака.
Полицијата прикажа и три видеоснимки од 1 февруари. На првата се гледа разделба меѓу шестмината, на втората се слушаат зборови на простување, а на третата се прикажува моментот на палење на колибата.
Во одделен случај, на 8 февруари, во кампер во близина на Околчица беа пронајдени телата на Ивајло Калушев, Николај Златков и 15-годишно момче. Во возилото биле пронајдени револвер и пиштол, а според полицијата, на телата немало знаци на борба.
Обвинителството соопшти дека двете главни верзии што се разгледуваат се убиство со последователно самоубиство или самоубиство.
Досега се нарачани 18 форензички вештачења, сослушани се 15 сведоци, а анализирани се и електронски уреди и видеоснимки. Истражителите ја следеле и патеката на камперот преку безбедносни камери во повеќе населени места.
Според полицијата, во колибата се практикувале духовни активности, вклучително и тибетски будизам, а се разгледува и можноста случајот да има карактеристики на затворена заедница или култ.
Истрагата продолжува.
Свет
ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки
Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да се поттикне рециклирањето и да се намалат штетите врз животната средина.
„Ова е уште еден чекор во промовирањето на кружната економија низ целата Европска Унија“, соопшти Комисијата.
Забраната за уништување на непродадена облека и обувки ќе биде задолжителна за големите компании од 19 јули оваа година, а за средните претпријатија од 2030 година.
Дополнително, постојните обврски за известување на големите компании за непродадената облека што се прогласува за отпад ќе се прошират и на средните компании до 2030 година.
Се проценува дека секоја година во Европа меѓу 4 и 9 проценти од непродадените текстилни производи се уништуваат пред воопшто да бидат облечени. Овој отпад создава околу 5,6 милиони тони емисии на CO₂, што е речиси еднакво на вкупните нето-емисии на Шведска во 2021 година.
Со Регулативата за еколошки дизајн на одржливи производи, која стапи во сила во јули 2024 година, се настојува значително да се подобри одржливоста на производите што се пласираат на пазарот на ЕУ, преку зголемување на нивната кружност, енергетска ефикасност, можност за рециклирање и трајност.
Со неа се бара од компаниите да објавуваат информации за непродадените производи за широка потрошувачка што ги отфрлаат како отпад. Исто така, се воведува забрана за уништување на непродадена облека, додатоци и обувки.
Свет
Провалил во куќа во Германија, си зготвил вечера и се капел во када, полицијата го привела
Полицијата во Германија добила пријава за провала, а на местото затекнала гол маж кој си подготвил вечера и се капел во кадата.
Провалникот си зготвил оброк и се искапалeл во куќа во која провалил, на балтичкиот остров Риген, соопшти германската полиција.
Соседот во неделата навечер ја алармирал полицијата во градот Ломе, откако забележал дека светлата се вклучени во неколку простории.
Од дворот, полицајците забележале маж како седи во кадата на горниот кат. Кога ги забележал, наводно излегол од бањата.
Полицијата го затекнала гол во куќата. За 25-годишникот е соопштено дека се однесувал агресивно и пружал отпор.
Тој бил приведен, а криминалистичката полиција обезбедила докази на местото на настанот.

