Свет
ОН ја потврди смртта на својот персонал во Авганистан
Обединетите нации ја потврдија смртта на своите осум припадници во градот Мазар-е-Шариф ,административниот центар на северната авганистанска провинција Балх, изјави во петокот за РИА Новости оретставникотна организацијата Фархан Хак.
Претходно денеска демонстрантите кои протестираа за спалувањето на на Куранот од страна во американска верска заедница минатиот месец, ја нападнаа зградата на Обединетите нации во градот Мазар-е-Шариф. Според полицијата во провинцијата Балх, како што пренесуваат BBC и AFP во нападот загинале осум странци од персоналот на светската организација и тројца Авганистанци, додека вкупно 12 лица се повредени. „Можеме да го потврдиме нападот врз мисијата на (ОН) во авганистанскиот град Мазар-и-Шариф, и исто така можеме да потврдиме дека како резултат на овој напад има жртви меѓу персоналот на ОН“, го цитира РИА Новости претставникот на организција Фархан Хак. „Ситуацијата е сосема нејасна и ние работиме да дознаеме и да им помогнеме на нашите соработници“, изјавил Хак додавајќи дека „специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Стефан де Мистура допатувал во Мазар-е-Шариф да учествува во самостојната истрага на лице место“. Reuters, повикувајќи се на портпаролот на локалната полиција, пренесува дека двајца од убиените биле обезглавени. „Осум странци загинаа, а двајца од нив се обезглавени“, го цитира агенцијата својот соговорник. Американсиот пастор Тери Џонс запали копија на Коранот на 20-ти март во една црква во Флорида, во присуство на околу 50 луѓе. Во 2010 г., овој свештеник ја возбуди светската јавност исто так азаканувајќи се дека јавно ќе запали прикерот од светата книга на муслиманите на десет-годишнината од нападите од 11 септември 2000-та во САД и ги повика своите парохијани да го сторат истото. Неговите зборови предизвикаа силна реакција од целиот свет, а особено во исламските земји кои неговата изјава ја сметаа за објавување верска војна. Против налудничавиот план на пасторот Џонс тогаш реагираа многу светски лидери, познати поранешни и актуелни политичари, граѓански лидери и верски организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

