Свет
Загинаа двајца работници во нукеларката „Фукушима“
Јапонската ектростопанска компанија Tokyo Electric Power (Tepco) која стоапнисува со нукеларната централа „Фукушима-1“ во неделата соопшти дека загианле двајца нејзини работници кои по катастрофалниот земјотрес и цунамито ги исклучиле апаратите и досега се водеа за исчезнати
По земјотресот од 11-ти март со магнитуда од 9,0 степени по Рихтер двајцата работници на 21 и 24-годишна возраст заминале да ја проверат состојбата на постројките од турбината на рекаторот бр. 4. Според соопштението на компанијата двајцата починале од многубројните повреди.Нвните тела биле пронајдени во радиокативна средина и долго време биле деконтаминирани, пишува во неделата агенцијата Kyodo. Според соговорниците на агенцијата, највероајтно работниците загинале уште на 11-ти март, но тоа сѐ уште официјално не е потврдено. И п три седмици од прекинувањето на доводот на електрична енергија во системот за ладење на нуклеарката, оапсноста од нуклеарна катастрофа не е сосема отсранета. Радиоактивните материи сѐ уште истекуваат од „Фукушима“ и предисвикуваат страхувања од трајно загадување и ширење на околината. Јапонските инженери се обидуваат во неделата да ја затворат дупката во оштетенито нуклеарен реактор низ којашто радиоактивната вода истекува во морето.Советникот на јапонскиот премиер Наото Кан изјавил дека приоритет на владата е да се сопре истекувањето на радијацијата.„Сѐ уште целосно не ја завршивме кризата, но ситуацијата се стабилизира. Она што најмногу ги загрижува Јапонцвите е прашањето кога ќе биде сопрено истекувањето на радиоактивнито материјал“, изјавил советникот Гоши Хосоно.КомпанијатаTEPCO викендов отрки дупка во бетонскиот контејнер на реакторот бр.2 од нулекарната централа „Фукушима-1 Даијичи“ и регистрираше радијација од илајда милизивери на час во воздухот околу нуклеарниот комплекс. Истекувањето не е сопрено и по инјектирањето ан цемент во дупката, па во неделата TEPCO преезема обид да го псречи истекувањето со употреба на специјални полимери.Заменикот на директорот на Јапонската нуклеарна агенција Хидехико Нишијама, изјави во неделата дека попладнево ќе почне последниот обид за сопирање на исгтеувањето на радиоактивната вода во Пацификот, така што работниците ќе ги прекријата полимерите со повеќе бетон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Англичанец обвинет дека 13 години ја дрогирал сопругата и носел мажи да ја силуваат
Сопруг и пет други мажи се обвинети за серија сериозни сексуални злосторства против неговата поранешна сопруга, кои наводно се случиле во долг период од 13 години во западна Англија. Жртвата, 48-годишната Џоан Јанг, се откажала од правото на анонимност, објавува Би-Би-Си.
Нејзиниот поранешен сопруг, 49-годишниот Филип Јанг, кој претходно живеел во Свиндон, а сега во Енфилд, се соочува со 56 обвиненија. Тие вклучуваат силување, давање супстанца со намера за поттикнување сексуална активност, воајеризам и поседување непристојни слики од деца и екстремен материјал.
Случајот потсетува на оној на Жизел Пеликот, која била дрогирана и силувана од нејзиниот тогашен сопруг девет години, поканувајќи десетици мажи во нивниот заеднички дом во Прованса за да ја силуваат.
Сите шест мажи во „случајот Пеликот“ во Англија треба да се појават пред Судот за прекршоци во Свиндон во вторник. Јанг беше притворен, додека другите петмина беа ослободени со кауција. Норман Максони (47) од Шарнбрук, опишан од полицијата како британски државјанин и црнец, е обвинет за силување и поседување екстремни слики.
Обемна истрага
Дин Хамилтон (47), без фиксна адреса, опишан како британски државјанин, белец, е обвинет за силување, сексуален напад и две обвиненија за сексуално допирање. Конер Сандерсон Дојл (31) од Свиндон, опишан како британски државјанин, белец, е обвинет за сексуален напад и сексуално допирање.
Ричард Вилкинс (61) од Свиндон, опишан од полицијата како Британец, белец, е обвинет за силување и сексуален напад. Мохамед Хасан (37) од Свиндон, опишан од полицијата како британски Азиец, е обвинет за сексуално допирање.
Главниот детектив инспектор Џеф Смит од полицијата во Вилтшир го опиша покренувањето обвиненија како значаен чекор во она што тој го нарече „сложена и сеопфатна“ истрага. Тој, исто така, потврди дека г-ѓа Јанг е поддржана од специјално обучени полицајци.
Фото: депозитфотос
Свет
Автомобил се заби во толпа луѓе на божиќна парада во Холандија
Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќна парада во холандската покраина Гелдерланд, при што беа повредени најмалку десет лица, пренесуваат локални медиуми.
Во таа прилика, најмалку три лица беа тешко повредени.
Холандските медиуми, повикувајќи се на локалните власти, објавија дека полицијата во моментов не е во можност да утврди дали несреќата е намерно предизвикана.
Група луѓе кои беа удрени од автомобил чекаа да помине парадата.
Три хеликоптери за брза помош беа испратени во Нунспет.
Во понеделникот вечерта, низ овој град требаше да помине парада, настан што се одржува секоја година во оваа област, но беше откажан по несреќата.
Фото: депозитфотос
Регион
Вучиќ: Следната година е многу важна, ќе ја одреди судбината на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени 2026 година како исклучително важна година поради изборите што ќе „ја одредат судбината на Србија“ и големите инвестиции планирани како дел од подготовките за изложбата ЕКСПО 2027, пишува „n1info.rs“.
Вучиќ изрази надеж дека граѓаните ќе „судат според постапките“ кога гласаат и ќе дадат поддршка на Српската напредна партија.
„Донесете ја одлуката со ладна глава и рационално. Погледнете што е направено, разгледајте ги плановите, програмите и луѓето кои се способни да спроведат нешто или не се способни“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека за него е важно што знае колку народот дал за да ја спаси земјата.
„Знам колку разбравте дека вашата земја е загрозена и колку сакавте да помогнете, и затоа сум ви бескрајно благодарен. Благодарение на вас и вашата сила, успеавме да се бориме, успеавме да ја одбраниме и зачуваме Србија и сега само гледаме како Србија може да продолжи напред. Ви благодарам за вашата поддршка“, рече тој.
Фото: депозитфотос

