Свет
Деветнаесет полицајци убиени во немирите во јужна Сирија
Деветнаесет полицајци и припадници на безбедносните сили се убиени од вооружени лица во петокот за време на безредијата во градот Дера’a во јужниот дел на Сирија, а уште 75 полицајци се повредени, јавува сириската државна новинска агенција САНА
Претходно беше објавено дека во немири коишто започнаа во Дера’а откако неидентификуван „вооружени лица отвориле оган врз припадниците на безбедносните сили и цивили“, со што биле нарушени мирните демонстрации што се одржаа во градот по петочните молитви. Претходно, сириската телевизија објави дека врз учесниците на протестите коипто во петокот се одржуваа во сириските градови Хомс и Дара’a и врз припадниците на безбедносните сили стрелале млади лица и адолесценти на околу 20-годишна возраст.Извори од опозицијата, пак, тврдат дека врз демонстрантите оган отворила полицијата. Организаторите на масовни протести во петокот во Сирија, кои се нарекуваат „Сириска Револуција 2011 година“, ги објавија на социјалната мрежа Фејсбук, имињата на 14-те лица кои загинале во Дера’а. Сирискиот власти велат дека безбедносните сили „во никој случај не го попречувале“ одржувањето на демонстрациите и интервенирале дури откако неидентификувани вооружени лица ги предизвикале безредијата. Според агенцијата САНА, за вопсоставување на редот и мирот во Дара’а полицијата употребила солзавец. Протести на кои се повикуваше на слободата се одржаа денеска и во градот Хомс, во во крајбрежните градови Латакија и Банијас, како и во некои предградија на Дамаск и во северо-источниот дел на Сирија, во областите населени со Курди. Во Хомс, според сириските медиуми, биле повредени 16 лица, меѓу кои и пет полицајци. Бранот протести во Сирија започна во градот Дерa’a на границата со Јордан на 18-ти март. Директен повод за изливот на народното незадоволство и бунтот беш апсењето на студентите кои пишувале анти-владини пароли по ѕидовите. Луѓето излегоа на улиците барајќи нивно ослободување. Подоцна немирите се проширија и во неколку други области од земјата. Според неофицијалните податоци, во безредија досега се убиени најмалку 80 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вели дека ќе разговара со Маск за враќање на интернетот во Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да разговара со милијардерот Илон Маск за враќање на интернетот во Иран, каде што властите го прекинаа интернетот поради антивладините протести.
„Тој е многу добар во тоа, има многу добра компанија“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали би ја ангажирал компанијата на Маск, SpaceX, која нуди сателитска интернет услуга наречена Starlink.
Откако милијардерот помогна во финансирањето на успешната претседателска кампања на Трамп, а подоцна иницираше големи намалувања на буџетот за федералната влада, пријателскиот пар се скара минатата година кога Маск се спротивстави на клучниот закон за даноци на Трамп.
Но, се чини дека ги поправија своите врски, вечерајќи заедно во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп овој месец.
Свет
Трамп: Иран нè контактираше за преговори
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со масовни протести во кои загинаа стотици луѓе.
Во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, Трамп рече дека иранските лидери го контактирале претходниот ден „за да разговараат“. Додаде дека може да се договори состанок со иранските претставници. Иако не ја исклучи можноста за преговори, Трамп предупреди дека Вашингтон може да биде принуден да дејствува дури и пред евентуален состанок, со оглед на континуираните протести во Иран.
„Мислам дека се уморни од тоа што САД ги тепаат“, рече Трамп, очигледно мислејќи на израелските напади врз нуклеарната програма на Иран минатата година, во кои учествуваа и американските сили. Трамп не прецизираше кои теми ќе бидат дискутирани. Минатата година, Техеран одржа индиректни разговори со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, за спорната нуклеарна програма.
Трамп повеќе пати го предупредуваше Техеран за неговото насилно задушување на протестите, велејќи дека САД ќе „реагираат силно“ ако властите „почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото“.
Според американската организација Human Rights Activists News Agency, најмалку 544 лица се убиени во масовните протести во Иран во текот на изминатите 15 дена.
Свет
Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп
Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата во Техеран.
Во соопштението објавено од полуофицијалната новинска агенција Тасним, гардата рече дека сегашните протести во Иран се „продолжение на 12-дневната војна“, алудирајќи на конфликтот меѓу Иран и Израел во јуни минатата година. Го опиша американскиот претседател како „кловн и криминалец“ кој „поддржува репродукција на насилство и модерен тероризам во Иран“.
„Наместо да одговори на светското јавно мислење за неговите злобни ставови и очигледно мешање во внатрешните работи на нашата земја, со цел да избегне одговорност и да ја плати цената за овие злосторства во крв, тој го навреди благородниот и херојски ирански народ со својот наводно достоинствен јазик и западна култура. Тој треба да очекува остар одговор од овој лукав, отпорен и непријателски народ“, се вели во соопштението.
Бројот на жртви во антивладините протести во Иран продолжува да расте. Според податоците на американската организација Human Rights Activists News Agency, досега се убиени 538 лица. Меѓу загинатите се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили, според нив. Истата организација проценува дека околу 10.000 луѓе се уапсени за време на протестите низ целата земја.

