Свет
Најмалку десет мртви во експлозија на бомба во Нигерија

При експлозија на бомба на само неколку часа пред новиот обид да се одржи гласање во изборна единица во Нигерија, убиени се најмалку 10 лица, а исто толку се ранети.
При експлозија на бомба на само неколку часа пред новиот обид да се одржи гласање во изборна единица во Нигерија, убиени се најмалку 10 лица, а исто толку се ранети.Експлозиите и пукотниците ја разбиваат надежта за мирниот почеток на парламентарните избори во најнаселената африканска земја, кои веќе беа одложени поради логистички хаос.Екипите на итна помош соопштија дека најмалку 10 лица загинаа во експлозија во Сулеји на северозападниот дел од главниот град Абуја, додека десетина ранети се превезени со брзата помош во локалните болници.Во Нигерија денеска се одржуваат парламентарни избори, а една недела подоцна треба да се одржат и претседателските избори, додека изборите за гувернер во 36 држави ќе се одржат на 26 април.Претседателот Гудлак Џонатан, кој ги има најголемите шанси за победа на претседателските избори, го осуди нападот во Сулеја и им нареди на безбедносните агенции да ги засилат напорите за заштита на независното државно изборно тело.Одговорноста за бомбашкиот напад се уште никој не ја презеде. Направата експлодирала додека Нигеријците чекале во ред да проверат дали ја добиле работата на изборите, што им овозможува да заработат дополнителни средства. крај/хина/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украинските напади со беспилотни летала парализираа осум аеродроми во Русија

Поради напад од непознати беспилотни летала, во Русија истовремено беше воведена оперативна безбедносна постапка на осум аеродроми, според руски јавни извори. Летовите се суспендирани на аеродромите Владикавказ, Грозни, Магаш, Минераљне Воде, Налчик, Ставропол, Сочи и Тамбов, објавува РБЦ-Украина.
Воздушниот простор над овие аеродроми е привремено затворен. Како резултат на нападот со беспилотни летала, одложени се 25 летови. Само на аеродромот во Сочи, одложени се дури 45 летови, и во полетување и во слетување, поради напади со беспилотни летала.
Патниците претежно остануваат мирни и чекаат откажување на таканаречениот „план Ковјор“.
Во текот на изминатата ноќ, Украинците повторно извршија голем напад со непознати беспилотни летала врз Русија, според РБЦ-Украина.
Во градот Невиномиск во Ставрополската територија, воздушната одбрана собори најмалку 30 беспилотни летала за само неколку часа. Сведоците велат дека целта била хемиската фабрика „Азот“ во Невиномиск, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.
Дополнително, експлозии се слушнале во неколку градови во Ростовскиот регион во текот на ноќта на 25 јули, кој исто така бил цел на напад од непознати беспилотни летала, според светските агенции.
Фото: принтскрин
Свет
Тајландскиот премиер: Граничниот конфликт со Камбоџа може да се претвори во отворена војна

Тајланд евакуираше повеќе од 130.000 луѓе по должината на границата со Камбоџа, соопшти во петокот, додека лидерот на земјата предупреди дека прекуграничните судири би можеле да ескалираат во војна.
Судирите што започнаа во четвртокот продолжија рано во петокот, соопшти тајландската војска, додека двете земји се судрија во најкрвавата воена пресметка во повеќе од една деценија.
Борбите се водеа на 12 локации по должината на спорната граница, изјави тајландски воен претставник – проширување на конфликтот што избувна еден ден претходно, објави Гардијан.
„Овој сегашен чин на агресија ескалира и би можел да ескалира во војна“, изјави за новинарите во Бангкок вршителот на должноста тајландски премиер Фумтам Вечајачаи.
„Сепак, засега сè уште сме на ниво на конфликт, борејќи се со тешко оружје. Сè што направивме досега беше за да ја браниме нашата земја и суверенитетот на нашата нација.“
Тајландските власти соопштија дека 138.000 луѓе се евакуирани од четири погранични провинции, додека бројот на жртви во Тајланд се искачи на 15, вклучувајќи 14 цивили. Меѓу загинатите е и едно осумгодишно момче.
Централната влада на Камбоџа не објави бројки за жртви или евакуации на цивили, но локален функционер во провинцијата Одар Минчи изјави за Ројтерс дека еден цивил е убиен, а петмина се ранети, додека 1.500 семејства се евакуирани.
Судирите избувнаа во четвртокот наутро по неколку недели зголемени тензии поради долгогодишниот граничен спор меѓу двете земји од Југоисточна Азија. Двете страни се обвинуваат меѓусебно за отворање оган.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп се збогува со Халк Хоган, тие беа пријатели и политички сојузници

Доналд Трамп му оддаде почит на својот долгогодишен пријател и политички сојузник Халк Хоган, кој почина на 71-годишна возраст.
„Денес загубивме голем пријател, Халкстер“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
„Халк Хоган беше олицетворение на движењето MAGA – силен, жилав, паметен, но имаше најголемо срце“, додаде тој.
Трамп се потсети на поддршката на Хоган за време на неговата претседателска кампања во 2024 година, истакнувајќи го неговиот „апсолутно електричен говор“ на Републиканската национална конвенција, кој го нарече „најважниот момент на целата недела“.
„Тој ги забавуваше обожавателите ширум светот, а неговото културно влијание беше огромно“, напиша Трамп. „На неговата сопруга, Скај, и на семејството, им испраќаме најдлабоко сочувство и љубов. Халк Хоган ќе ни недостига на сите нас.“
Пријателство меѓу Хоган и Трамп траеше повеќе од три децении.
Фото: принтскрин