Контакт

Свет

Забрането носење бурка во Франција

Објавено пред

Денеска во Франција стапи на сила законот кој забранува носење на бурка на јавни места, со што државата, по Белгија, станува втората европска земја која донесе таква забрана.

dobivaj vesti na viber

Денеска во Франција стапи на сила законот кој забранува носење на бурка на јавни места, со што државата, по Белгија, станува втората европска земја која донесе таква забрана. Законот е усвоен на 12 октомври и се однесува на жените кои носат никаб или бурка, кои според податоците на француското министерство за внатрешни работи ги има околу 2.000.  Муслиманската заедница во Франција брои околу седум милиони луѓе. Законот не се однесува само на жените кои носат бурка, туку и на тие кои ќе ги натераат тоа да го сторат. Лицето кое носи бурка според законот ќе биде парично казнето со 150 евра. Муслиманките покрај во џамиите, бурката ќе можат да ја носат и во својот дом, хотелска соба и автомобил, но само кога тие не возат. Законот предвидува ригорозни казни и за оној кој ќе ја натера жената да носи бурка, односно едногодишна затворска казна или парично 30.000 евра. Казната е двојно поголема, две години затвор или 60.000 евра доколку во прашање е малолетно лице.  крај/б/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Финска сака да го зголеми бројот на резервисти за 125.000 со зголемување на старосната граница на 65 години

Објавено пред

Финска размислува за зголемување на старосната граница за резервистите во вооружените сили на 65 години, според локалните медиуми, пренесува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Потсетувајќи дека моменталната старосна граница е 50 години за обични војници и 60 години за подофицери и офицери, јавниот радиодифузен сервис објави дека реформата има за цел да го зголеми бројот на резервисти за 125.000.

Како таков, се очекува бројот на резервисти во Финска да достигне приближно еден милион луѓе до 2031 година, се додава.

Коментирајќи го прашањето, министерот за одбрана Анти Хакканен рече: „Не е доволно да се инвестира во опрема како што е набавка на големи борбени авиони и воени реформи. Потребно ни е и учество на финските граѓани“.

Според радиодифузерот, предлогот сега ќе премине во фаза на консултации до јуни, а владата има за цел да го достави до парламентот пред летниот одмор.

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија сака да го намали бројот на нелегални мигранти од Западен Балкан

Објавено пред

Велика Британија ќе ги засили своите напори за справување со криминалните мрежи низ Западен Балкан кои ја олеснуваат нелегалната миграција, изјави вчера премиерот Кир Стармер, неколку дена откако објави голем број реформи за намалување на миграцијата.

dobivaj vesti na viber

Губејќи на анкетите од Најџел Фараж и неговата антиимиграциска Реформска партија, Стармер е под притисок да покаже дека може да ја контролира и легалната и нелегалната имиграција и дека неговиот план против бандите шверцери на луѓе функционира кога станува збор за нелегални влезови во Велика Британија.

Во својата прва официјална посета на Албанија, Стармер ќе објави мерки за спречување на враќањето на албанските државјани во Велика Британија откако ќе бидат депортирани и ќе направи повеќе за да се искорени перењето пари меѓу двете земји. Тие исто така ќе донираат две машини за откривање фалсификати за да помогнат во идентификувањето на оние што користат лажни пасоши.

Тој исто така, пишува Ројтерс, ќе го објави проширувањето на заедничката работна група за миграција, со цел да ги вклучи Северна Македонија и Црна Гора. Групата веќе ги вклучува Албанија и Косово.

Во 2022 година, Албанците ја сочинуваа најголемата група што се упати кон Велика Британија со мали чамци, но нивниот број оттогаш нагло се намали, делумно поради договорот за депортација постигнат од претходната конзервативна влада.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Најмалку 21 лице загина во страшна несреќа во Мексико

Објавено пред

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави висок функционер на мексиканската влада, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, истакна дека во несреќата учествувале три возила и дека многу луѓе се повредени.

Мексиканскиот весник „Ла Жорнада“ објави дека фаталниот фронтален судир се случил кога камион за цемент се обидел да престигне друго возило пред да премине во спротивната лента и да удри во автобус, а потоа челно да се судри со комбе.

Во извештајот за печатот се наведува дека камионот по судирот паднал во клисура, а потоа се запалил.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Најмалку 21 лице загина во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа1 час

Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа1 час

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија18 часа

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија19 часа

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија19 часа

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија20 часа

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија20 часа

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија20 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет21 час

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа21 час

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет21 час

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија22 часа

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија23 часа

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...

Свет24 часа

Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8,...

Европа1 ден

(Видео) Кремљ: Нашата делегација ќе пристигне во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и...

Свет1 ден

(Видео) Пред 35 години ги убија родителите во САД: нивната казна беше намалена, сега може да бидат ослободени

Калифорниски судија го расчисти патот за условна слобода на браќата Менендез, познати во САД и низ целиот свет по убиството...

Европа1 ден

Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина,...

Регион1 ден

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ. Според објавените информации, земјотресот...

Македонија1 ден

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки...