Свет
Оланта Умала води на претседателските избори во Перу
Лидерот на Националистичката партија на Перу, Оланта Умала и екс-министерот за економија Пабло Кусински, според официјалните податоци, добиле најголем број гласови меѓу кандидати на претседателските избори во неделата во Перу и ќе се натпреваруваат за највисоката функција во вториот кру
Лидерот на Националистичката партија на Перу, Оланта Умала и екс-министерот за економија Пабло Кусински, според официјалните податоци, добиле најголем број гласови меѓу кандидати на претседателските избори во неделата во Перу и ќе се натпреваруваат за највисоката функција во вториот круг, пренесува во понеделникот „Ројтерс“ (Reuters), цитирајќи ја Националната изборна комисија (ONPE). Според резултатите од преброени 43 отсто од гласачките ливчиња, Оланта Умала добил 27, додека Пабло Кусински 23,6 отсто од гласовите. На трето место е ќерката на поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори, Кеико Фуџимори со освоени 21,8 отсто од гласовите, којашто исто така според анкетите има шанси да влезе во вториот круг. Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 5-ти јуни. За да победи еден од кандидатите мора да добие 50 отсто плус еден глас од излезените гласачи. Избраниот претседател на државата ќе ја преземе функцијата на 28 јуни а неговиот мандат ќе трае до 2016 г. Во неделата дваесет милиони Перуанци со право на глас, покрај на претседателските, гласаа и за 130 места во Конгресот.И 48-годишниот Оланта Умала и 35-годишната Кеико Фуџимори во предизборната кампања ветуваа распределба на доходот од експлоатацијата на минералните богатства во полза на сиромашните (стапката на сиромаштија во Перу изнесува 35 проценти), подобрување на безбедноста, намалување на инфлацијата и обезбедување континуиран раст на економијата, која се смета за една од најбрзорастечките во светот. Умала на политичката сцена се појави во 2000 г. кога со неговиот брат водеше краткотраен бунт против тогашниот претседател Фуџимори поради корупција на системот. Од тогаш настојува да се дистанцира од своите радикални идеи и од неговиот тогашен политички идол венецуелскиот претседател Уго Чавез. Умала на претходните претседателски избори во 2006 г., самоуверено влезе во вториот круг во кој загуби од актуелниот претседател Алан Гарсија. Умала својата популарност ја должи на националистичката, анти- империјалистичка и анти-американска реторика. Тој во предизборната кампања се претстави како левичар според урнекот на поранешниот бразилски претседател Луиш Инасио Лула да Силва, иако за повеќето избирачи останува тврдолинијаш со авторитарен стил кој го изгради како полковник во перуанската армија.Кеико Фуџимори, пак, ја има поддршката од симпатизерите на нејзиниот татко, кој успеа да стави крај на неконтролираниот тероризам во земјата, 72-годишниот екс-претседател Алберто Фуџимори кој сега сериозно е болен во затвор каде се наоѓа на издржување на 25-годишна затворска казна за кршење на човековите права во времето на пресметката со бунтовниците во 1990-те.Педро Пабло Кисински, Перуанците го викаат „Гринго“, бидејќи тој е дипломец на Оксфорд и Принстон, а долго време работел на Вол Стрит. Тој вети дека ќе се откаже од пасошот на САД ако победи на изборите. Зад него, како и зад Фуџимори и поранешниот премиер Алехандро Толедо, стојат бизнис круговите. Славниот перуански писател добитник на Нобеловата награда, Марио Варгас Љоса, кој на претседателските избори во 1990 г. загуби од таткото Фуџимори, смета дека ниту Кеико ниту Умала не се добро решение за Перу, сметајќи дека изборот на некој од нив „ќе претставува вистинска катастрофа за Перу“Предизборните анкети покажаа дека половината од избирачите имаат негативно мислење за Умала и Фуџимори, па делумно се остварија прогнозите на аналитичарите кои сметаа дека Кусински или Толедо може да направат изненадување со пласирање во вториот круг од претседателските избори./крај./ро/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.
Свет
(Видео) Иран се подготвува за војна
Додека Соединетите Американски Држави продолжуваат со значително засилување на военото присуство на Блискиот Исток, Иран презема чекори за да ја демонстрира својата подготвеност за можен конфликт, вклучително со зајакнување на нуклеарните постројки и обновување на фабриките за ракети.
Иранските и американските преговарачи во вторник одржаа индиректни разговори во Женева, кои траеја три и пол часа, но не резултираа со конкретно решение. Иранскиот преговарач Абас Арагчи изјави дека е постигнат договор за „водечките принципи“, додека американскиот потпретседател Џ. Д. Венс рече дека Иран не ги разбира „црвените линии“ поставени од претседателот Доналд Трамп.
Сателитските снимки покажуваат дека Иран активно ги зајакнува своите воени бази и нуклеарни објекти. Во текот на последните месеци беа обновени клучни ракетни објекти, воздухопловни бази и фабрики за цврсто гориво, а повеќе нуклеарни постројки се покриваат со бетон и земја за да бидат заштитени од евентуални воздушни напади.
Satellite images show Iran building concrete shields over a sensitive military site, fortifying entrances at a location reportedly bombed by Israel in 2024 near Natanz amid tensions with the US.
Read more: https://t.co/XTuPAmV7CI pic.twitter.com/hGlv7rCEeC
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) February 18, 2026
Иран, исто така, го зајакна управувањето со воената структура, формирајќи нов Комитет за одбрана и назначувајќи воени ветерани на важни позиции, додека внатрешните протести беа брутално задушени.
Во меѓувреме, земјата одржа поморски воени вежби и демонстрации на моќ, вклучувајќи затворање делови од Ормутскиот теснец и заеднички операции со Русија, испраќајќи порака дека евентуална војна со САД би била тешка и скапа.
Експертите предупредуваат дека Иран брзо ги обновува своите ракетни и нуклеарни програми и дека конфликтот би бил комплициран и со висок ризик за сите страни.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.

