Контакт

Свет

НАТО ќе продолжи со нападите заради заштита на цивилите во Либија

Објавено пред

НАТО во понеделникот соопшти дека го има предвид предлогот на Африканската унија за воспоставување примирје во Либија, но дека останува уште и да прими официјално барање, истовремено најавувајќи дека ќе ги продолжи нападите врз силите на Гадафи се’ додека тие ги загрозуваат цивилите

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Јужноафриканската република, Џејкоб Зума го повика НАТО да ги сопре воздушните напади врз силите на режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи „за да му се даде шанса“ на примирјето, откако либискиот водач го прифати планот за запирање на судирите во Либија што вклучува и прекинување на огнот од двете страни. Генералниот секретар на алијансата, Андрес Фог Расмунсен изјави дека „го нотирал“ предлогот на Африканската унија за воспоставување на прекин на огнот, но на прес-конференцијата истакна дека „се’ уште не примиле формално барање во врска со спроведување на какво и да е примирје“. Расмунсен додаде дека владата на Гадафи и во минатото најавуваше примирје „но не ги одржа своите ветувања“ , како и дека секое примирје бара ефективни механизми за надзор. „Секое примирје мора да биде веродостојно и треба да може да биде верификувано. Неопходно е да дојде до целосно запирање на насилствата и до целосно запирање на сите напади и злоставувања на цивилите“, додаде првиот човек на Алијансата.Уште во понеделникот наутро, од НАТО изјавија дека ситуацијата во овие Аџдабија и Мисрата е „безнадежна“ и вети продолжување на бомбардирањата за намалување на вооружената моќ на единиците лојални на Гадафи.Како што во неделата доцна навечер изјави јужноарфринаксниот претседател Зума, Гадафи ги прифати мировните насоки за мирна разрешница на судирите во Либија на предлог на делегацијата на Африканската унија.Во Триполи вчера беше одржан состанокот меѓу Момер ел-Гадафи и делегацијата. Делегацијата на Африканската унија допатува во Либија за да издејствува прекин на судирите во кои животите ги изгубија најмалку 23 лица во саботата во Аџдабија и Мисрата, како што известија бунтовнички и медицински извори. Полковникот Гадафи ја прими делегацијата на Африканската унија во шатор во неговата резиденција Баб ал-Азизи. Делегацијата ја сочинуваат претседателите на Јужноафриканската република,  Мали, Мавританија и конго, како и министерот за надворешни работи на Уганда.Во текот на изминатата ноќ Зума издаде куса изјава за медиумите во која наведува дека „делегацијата на братот лидер ги прифати мировните насоки коишто ги предложивме“ и повикуваа „НАТО да ги стопира воздушните напади за да му се даде шанса на прекинот на огнот“.Меѓутоа, претставникот на раководството на либиската опозиција во странство, Гума ал Гамати, изјави дека бунтовничките сили нема да прифатат никаков договор во кој Гадафи и неговите синови остануваат на функциите. Либиската опозиција и бунтовниците од почетокот на судирите како главен услов за прекинување на непријателствата го поставија повлекувањето на Гадафи што овој го одби.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.

dobivaj vesti na viber

Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.

Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.

Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Иран се подготвува за војна

Објавено пред

Додека Соединетите Американски Држави продолжуваат со значително засилување на военото присуство на Блискиот Исток, Иран презема чекори за да ја демонстрира својата подготвеност за можен конфликт, вклучително со зајакнување на нуклеарните постројки и обновување на фабриките за ракети.

dobivaj vesti na viber

Иранските и американските преговарачи во вторник одржаа индиректни разговори во Женева, кои траеја три и пол часа, но не резултираа со конкретно решение. Иранскиот преговарач Абас Арагчи изјави дека е постигнат договор за „водечките принципи“, додека американскиот потпретседател Џ. Д. Венс рече дека Иран не ги разбира „црвените линии“ поставени од претседателот Доналд Трамп.

Сателитските снимки покажуваат дека Иран активно ги зајакнува своите воени бази и нуклеарни објекти. Во текот на последните месеци беа обновени клучни ракетни објекти, воздухопловни бази и фабрики за цврсто гориво, а повеќе нуклеарни постројки се покриваат со бетон и земја за да бидат заштитени од евентуални воздушни напади.

Иран, исто така, го зајакна управувањето со воената структура, формирајќи нов Комитет за одбрана и назначувајќи воени ветерани на важни позиции, додека внатрешните протести беа брутално задушени.

Во меѓувреме, земјата одржа поморски воени вежби и демонстрации на моќ, вклучувајќи затворање делови од Ормутскиот теснец и заеднички операции со Русија, испраќајќи порака дека евентуална војна со САД би била тешка и скапа.

Експертите предупредуваат дека Иран брзо ги обновува своите ракетни и нуклеарни програми и дека конфликтот би бил комплициран и со висок ризик за сите страни.

Прикажи повеќе...

Регион

По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага

Објавено пред

17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.

dobivaj vesti na viber

Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.

Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.

Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.

Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.

Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија6 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија7 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија8 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија8 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија9 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет11 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет11 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион23 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија24 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет1 ден

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ1 ден

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ1 ден

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија1 ден

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија1 ден

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија1 ден

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ1 ден

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија1 ден

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...