Контакт

Свет

Утара: Гбагбо ќе биде изведен пред суд

Објавено пред

Победникот на претседателските избори во Брегот на Слоновата Коска, Аласан Утара изјави дека неговиот изборен ривал, Лоран Гбагбо, кој беше уапсен вчера, ќе мора да се соочи со правдата.

dobivaj vesti na viber

Победникот на претседателските избори во Брегот на Слоновата Коска, Аласан Утара изјави дека неговиот изборен ривал, Лоран Гбагбо, кој беше уапсен вчера, ќе мора да се соочи со правдата. Во кусото телевизиско обраќање Утара рече дека ќе ги преземе сите мерки за да ја гарантира физичката безбедност на досегашниот претседател. Утара најави дека ќе формира Комисија за вистина и помирување, која би ги истражувала обвинувањата за наводните злосторства против цивилното население кое го сториле двете страни за време на судирите.„Нашата земја на тој начин би затворила една болна страница од нашата историја“, изјави тој. Утара го повика населението да биде мирно и воздржано и ја повика милицијата да го положи оружјето. Обединетите нации соопштија дека во насилствата во Брегот на Слоновата Коска од декември минатата година загинале 800 лица, но предупредија дека бројот на жртви најверојатно е многу поголем. крај/танјуг/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Студентите во Србија пред Генералштабот: „Ќе го браниме со нашите тела“

Објавено пред

Од

Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот ќе се соберат денес во 11 часот пред зградата на Генералштабот под слоганот „Ние сме жив ѕид“. Како што најавија, ќе упатат усно предупредување до властите на Александар Вучиќ поради нивната намера да го урнат комплексот, кој беше оштетен во бомбардирањето на НАТО, објавува Nova.rs.

dobivaj vesti na viber

Организаторите нагласуваат дека денешниот собир ќе биде само најава за идните протести.

„Маршот од центарот на Земун започнува во девет часот наутро, а од Студентскиот плоштад во 10 часот, па сите се собираме во 11 часот пред Генералштабот. Подготвивме две претстави, по што во 11:52 часот ќе има 16-минутен молк“, објави Валентина Морачевиќ, студентка на Факултетот за применети уметности.

По оддавањето почит на жртвите, студентите ќе упатат јасно предупредување до Владата. „Кога ќе заврши оддавањето почит на жртвите во Нови Сад, ќе имаме усно предупредување за властите. Доколку не престанат со уривањето на Генералштабот, односно ако не ја заштитат зградата, ние ќе ја браниме со нашите тела“, нагласува Валентина.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Европа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат МиГ-31“

Објавено пред

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.

ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.

„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.

Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.

Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.

Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.

Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Објавено пред

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени, што ги натера властите да ги зајакнат безбедносните мерки низ целата земја. Цела Индија е на нозе, објави Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случи во близина на иконската Црвена тврдина, позната и како Лал Кила, споменик од 17 век кој е симбол на независноста на Индија. Областа, популарна туристичка дестинација позната по своите живи пазари и улични продавачи, веднаш беше трансформирана во сцена на хаос и уништување.

Инцидентот, реткост за големата метропола со повеќе од 30 милиони луѓе, остави трага од пустош во срцето на Делхи. Снимките од местото на настанот покажаа ужасни сцени: густи, портокалови пламени во ноќното небо, уништени возила и жртви расфрлани преку улицата.

Причината за експлозијата сè уште е непозната, а индиската влада не потврди дали станува збор за намерен чин. Министерот за внатрешни работи Амит Шах вчера изјави дека властите „ги истражуваат сите можности“. Сепак, полицијата во Делхи го истражува случајот според индискиот закон за борба против тероризмот, потврди заменик-комесарот на полицијата во Северен Делхи, Раџа Бантија, за Си-ен-ен.

Повеќе од 30 лица се „сериозно повредени“, рече д-р Маниш Кумар Џа, лекар во локалната болница Лок Најак.

„Многумина нема да се опорават“, додаде тој во изјава за новинарите.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Нека повредените закрепнат што е можно поскоро“, рече тој во објава на социјалната мрежа Икс.

Министерот за одбрана Раџнат Сингх во вторник најави дека „наодите од истрагата наскоро ќе бидат објавени“.

„Би сакал цврсто да ја уверам нацијата дека одговорните за оваа трагедија ќе бидат изведени пред лицето на правдата и нема да бидат поштедени под никакви околности“, напиша Сингх на Икс.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа14 минути

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат МиГ-31“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет39 минути

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа53 минути

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет2 часа

(Видео) Трамп се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет2 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет2 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламска држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија12 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија12 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија17 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија20 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ20 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија20 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија20 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија21 час

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија23 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет1 ден

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет1 ден

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет1 ден

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа1 ден

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...