Свет
Канцеролози бараат резерви крв од работниците во Фукушима
Група јапонски канцеролози побараа собирање на матични клетки од крвта на работниците од оштетената нуклеарна централа „Фукушима-1“ како мерка на претпазливост за случај на нивно смртоносно изложување на радијација
Пет специјалисти за лечење на ракот од четири јапонски болници во писмо до британскиот неделник Lanset тврдат дека би било добро да се направат залихи на матични клетки од работниците кои од 11. март, кога се случи земјотресот и цунамито во Јапонија, се обидуваат да спречат нуклеарна катастрофа на североистокот на Јапонија, пренесува агенцијата AFP. Со таа метода би се зеле примероци од матичните клетки во крвта кои потоа би можеле да се пресадат за време на лечењето на ракот за да почнат да се создаваат нови станици на крвта кај пациентите кај кои туморите се отстранети со зрачење. Лекарите се пожалиле на отпорот што кон земањето примероци од крвта на работниците ја покажуваат надлежните за нуклеарниот сектор во Јапонија, бидејќи се плашат за својот углед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

