Свет
Сирија ја укинува вонредната состојба, САД сомничави

Сириската влада денеска го прифати предлог-законот со кој по 48 години се укинува вонредната состојба во земјата, јавуваат новинските агенции.
Сириската влада денеска го прифати предлог-законот со кој по 48 години се укинува вонредната состојба во земјата, јавуваат новинските агенции.
Американскиот Стејт департмент изрази сомнеж дека новиот закон ќе доведе до демократизација на земјата.
Сириската државна новинска агенција САНА соопшти дека владата го ратификувала предлог-законот, што мора да го потпише уште претседателот Башар ал Асад.
Законот е прифатен под притисок на масовните протести во земјата инспирирани со народните бунтови во повеќе арапски земји на Блискиот исток и во северна Африка.
Опозицијата најави дека нема да ги прекине протестите додека не се исполнат и другите нивни барања, меѓу кои се и ослободувањето на политичките затвореници, слобода на говорот и воведување на повеќепартиски систем.
Групите за заштита на човековите права изјавија дека досега во судирите меѓу демонстрантите и полицијата се убиени најмалку 200 луѓе.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент изјави дека САД не се сигурни дали овој предлог закон за укинување на вонредната состојба во Сирија ќе биде помалку рестриктивен.
„Нејасно е дали тие донеле закон за укинување на вонредната состојба, но новиот закон бара од демонстрантите да добијат дозвола од Министерството за внатрешни работи пред одржување на протестите“, рече портпаролот Марк Тонер. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.