Контакт

Свет

Разбиена мрежа за трговија со луѓе од Виетнам

Објавено пред

Мрежа на шеврцери со луѓе, кои за по 20.000 евра воделе Виетнамци во Европа, била разбиена во заедничка полициска операција на девет европски земји, соопштено е денеска во Будимпешта.

dobivaj vesti na viber

Мрежа на шеврцери со луѓе, кои за по 20.000 евра воделе Виетнамци во Европа, била разбиена во заедничка полициска операција на девет европски земји, соопштено е денеска во Будимпешта. Претставникот на унгарската полиција Золтан Борош рече дека Виетнамците воглавно биле криумчарени во Велика Британија, но и во Франција и Германија, при тоа нагласувајќи дека еднаш кога имигрантите ќе влезат во европската зона на слободно движење, исклучително тешко е да се откријат. Борош додаде дека во последните две години се уапсени 98 луѓе, а во операцијата, покрај Унгарија и Велика Британија, учествувале и Ирска, Холандија, Белгија, Италија, Полска, Чешка и Словачка. Тој рече дека криминалците ги користеле помалите аеродроми во внатрешноста и фалсификувале документи, пренесува Асошиејтед прес. Се проценува дека во Велика Британија има околу 35.000 илегални имигранти од Виетнам, додека 40.000 престојуваат легално. Откриени се 114 жртви на крумчарење, од кои некои се вратени во Виетнам. Заедничката полициска акција започнала во 2009. година. /крај/ап/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Објавено пред

Од

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.

Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.

„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.

Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.

Прикажи повеќе...

Свет

Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Објавено пред

Од

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.

dobivaj vesti na viber

На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.

Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.

Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Објавено пред

Од

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот

dobivaj vesti na viber

„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.

Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.

Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.

„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Судот ја одби гаранцијата од еден милион евра на бизнисменот Асмир Јахоски, осомничен за перење пари, во замена да биде пуштен...

Македонија8 часа

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија9 часа

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија11 часа

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет11 часа

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ11 часа

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа12 часа

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројници

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...

Македонија13 часа

ДУИ: Институциите го деградираат користењето на албанскиот јазик на ниво пред усвојувањето на Законот за јазиците

„ДУИ изразува длабока загриженост поради систематското непочитување на албанскиот јазик на официјалните веб-страници на министерствата на Владата на Република Северна...

Свет14 часа

(Фото/Видео) Најпознатите градби во светот блескаат за папата Франциско

Откако вчера беше објавена веста за смртта на папата Франциско, бројни светски метрополи и верски заедници му оддадоа почит со...

Свет15 часа

„Харвард“ ја тужи администрацијата на Трамп поради замрзнување на финансирањето

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на повеќе од 2 милијарди...

Македонија16 часа

На Табановце и на Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа23 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет23 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет23 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа23 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа24 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа1 ден

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија1 ден

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа1 ден

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...