Свет
Триполи: Тројца загинати во напад на НАТО
Три лица загинаа во воздушен напад на НАТО, рано утринава, во близина на резиденцијата на либискиот водач Муамер Гадафи во Триполи, објави портпаролот на либиската влада Муса Ибрахим.
Три лица загинаа во воздушен напад на НАТО, рано утринава, во близина на резиденцијата на либискиот водач Муамер Гадафи во Триполи, објави портпаролот на либиската влада Муса Ибрахим.
Како што пренесе Ројтерс, Ибрахим информираше дека НАТО бомбардираше голем паркинг покрај резиденцијата на Гадафи, Баб ал–Азизи, и најверојатно станува збор за подземен бункер.
Либиската влада во меѓувреме објави дека ќе ја смени тактиката во нападите на Мисрата, најголемото востаничко упориште на западот на земјата.
Заменик министерот за надворешни работи Калед Каим рече дека војската ќе се повлече, а со ситуацијата во Мисрата ќе се занимаваат племињата околу градот и остатокот од населението.
Мисрата веќе два месеци е под опсада на силите на Гадафи, за тоа време загинаа над стотина лица а хуманитарната состојба во градот е исклучително тешка./крај/рт/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

