Свет
Во насилствата во Нигерија повеќе од 500 убиени
Повеќе од 500 луше, повеќето муслимани се убиени на северот од Нигерија во насилствата по претседателските избори од 16-ти април
Ова во неделата го соопшти нигериската наевлаина организација за заштита на човековите и граѓанските права Civil Rights Congress (CRC), чиешто седиште е во сојузната држава Кадуна каде што насилството е најсилно изразено. „Според последните податоци во насилствата се убиени 516 луѓе. Бројката жртви би можела да биде и поголема . Во моментиве работиме на сопобирање на пристигнатите податоци“, изјави за AFP, Шеху Сани, функционер на CRC. Во претходното денешно известување на организацијата се говореше за 250 загинати. Нигериските власти одбија да ги соопштат бројките за жртвите со кои располагаат со официјално објаснување дека не сакаат уште повеќе да ја вжештат тензијата меѓу христијаните и муслиманите. Прелиминарните податоци од претседателските избори беа соопштени на 18-ти април, и спорд нивдосегашниот претседател Гудлак Џонатан беше во уверливо водство пред неговиот главен ривал Мухамаду Бухари. Веднаш потоа ситуацијата во земјата дра,атучно се влоши. Гудалк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен делт на земјата населен претежно со христијани, јужна, Според најновите податоци од државната изборна комисија, тој добил 57 отсто од гласовите и на тој начин ја задржа претседателскта функција уште по првиот круг од изборите. Неговиот главен противкандидат, Бухари, кој доаѓа од северниот муслимански дел на Нигерија освоил 31отсто од гласовите. Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустријав земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron“, „Shel“ и други нафтени компании.Во јануари во четиридневните насилства според официјалните податоци биле убиени 326 луѓе во Хос, кој е главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ.Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица. Нигерија е составена од вкупно 36 држави и има население од околу 150 милиони, кои речиси по половина се христијани и муслимани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.