Свет
Кина ги предупреди САД да не се мешаат во внатрешни прашања
Кина ги предупреди САД да не ја „поминуваат границата“ во разговорите за човековите права. Двете земји на дводневниот состанок кој започнува во среда ќе разговараат по ова прашање
Кина се надева дека состанокот ќе го поттикне меѓусебното разбирање, но не сака човековите права да се користат како изговор за мешање во внатрешните работи, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Хонг Леи. Главни теми на дводневниот дијалог во врска со човековите права, помеѓу Кина и САД, кој ќе се одржи во Пекинг ќе бидат репресијата над дисидентите, владеење на правото, верските слободи, како и правата на малцинствата и работниците. Пекинг смета дека лицемерно е тоа што Вашингтон ги критикува другите земји кога во прашање се човековите права, кога и самите САД имаат проблеми во оваа област. Главни учесници на дијалогот ќе бидат помошник на државниот секретар на САД за човекови права и демократија, Мајкл Поснер и високиот функционер во Министерството за надворешни работи на Кина, Чен Сју.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

