Свет
Леон Панета нов секретар за одбрана на САД

Шефот на Централната разузнавачка сгенција (ЦИА), Леон Панета ќе биде новиот американски секретар за одбрана, а на негово место ќе дојде генералот Дејвид Петреус
Шефот на Централната разузнавачка сгенција (ЦИА), Леон Панета ќе биде новиот американски секретар за одбрана, а на негово место ќе дојде генералот Дејвид Петреус, кој моментално раководи со воените операции во Авганистан, објавија денеска американските власти и телевизиските мрежи Еј Би Си и Ен Би Си.
Во рамките на кадровските промени во својот кабинет, американскиот претедател Барак Обама, ќе го именува дипломатот Рајан Кокер за амбасадор на САД во Авганистан.
Наместо Петреус, воените операции во Авганистан ќе ги раководи генералот Џон Ален, сега заменик командант на американската Централна команда.
Роберт Гејст, сегашниот секретер за одбарана и поранешен директор на ЦИА соопшти претходно дека во текот на овие две години има намера да ја напушти функцијата.
Промените во врвот на американските разузнавачки служби неколку недели беа предмет на шпекулации во јавноста. Именувањата на новите позиции треба да ги одобри Сенатот./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.