Контакт

Свет

Во Кабул 10 убиени, од кои 8 војници на НАТО

Објавено пред

Осум војници на НАТО во Авганистан од мисијата ИСАФ се убиени денеска во престрелката на воениот аеродром крај авганистанскиот главен град Кабул, соопштија меѓународните сили кои доживеаја уште еден тежок удар во процесот на обука на авганистанските сили.

dobivaj vesti na viber

Осум војници на НАТО во Авганистан  од мисијата ИСАФ се убиени денеска во престрелката на воениот аеродром крај авганистанскиот главен град Кабул, соопштија меѓународните сили кои доживеаја уште еден тежок удар во процесот на обука на авганистанските сили.Во авганистанските сили се’ почесто се инфилтрираат талибанските бунтовници кои тврдат дека нивни припадници го извршиле и денешниот напад. Авганистанските сили се обучувани од припадници на контигентите на членките на НАТО и други партнерски земји како што е Македонија, и треба да ја гарантираат безбедноста на земјата кога ќе го заменат НАТО кон крајот на 2014 г. Талибаните, пак, во порака до Associated Press соопштија дека нивен „вработен“ во базата извел бомбашки напад.Престрелката се случи околу 11.30 часот по локално време (6.30 часот по македонско време) во центарот за обука на авганистанските воздухопловни сили, што го води НАТО во рамките на воениот аеродром во еден од најдобро обезбедуваните комплекси во Кабул. Осум војници на мисијата ИСАФ и еден соработник биле убиени во престрелката со лесно вооружување, соопшти командата на мисијата на НАТО во Авганистан.Вообичаено, командата на Меѓународната мисија за помош на Авганистан  не ја соопштува националноста на убиените војници, оставајќи го тоа прво да го сторат националните министерства за одбрана или командите на земјите кои имаат единици што учествуваат во мисијата ИСАФ.Портпаролот на ИСАФ потврдил за AFP, дека станува збор за пукање од огнено оружје во центарот за обука на авганистанските воздухопловни сили на воениот аеродром во Кабул.Авганистанското министерство за одбрана престрелката ја припиша на кавга меѓу странските со еден авганистански војник и прецизира дека Авганистанецот бил убиен во престрелката. Авганистанскиот министер за одбрана изјави дека нападот се одиграл по кавга меѓу авганистански и странски војник. Министерот не сакал да ја наведе бројката на жртвите и ја отфрлил можноста дека станува збор за напад на бунтовниците.Според BBC, станува збор за авганистански пилот кој исто така бил убиен во престрелката. Како што забележува британскиот јавен радиодифузер, ова е последен од серијата бројни напади врз странските војници.Инцидентот се случи по неколкуте напади што ги преземаа талибанските бунтовници на чувствителни и добро обезбедувани цели во Авганистан, особено објекти на безбедносните сили. . Оваа престрелка е најкрвавиот инцидент во кој настрадаа припадници на НАТО во Авганистан, по уривањето на хеликоптерот кога загинаа девет американски војници на 21-ти септември минатата година во јужниот дел од земјата./ крај/ро/афп.сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму

Објавено пред

Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.

dobivaj vesti na viber

„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Објавено пред

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.

dobivaj vesti na viber

Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.

Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.

Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Ајатолахот е мртов

Објавено пред

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:

dobivaj vesti na viber

„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“

„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 час

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет2 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет2 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет3 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет3 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија3 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет4 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет4 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет7 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија8 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет8 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет13 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет14 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија15 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет15 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет16 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет17 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...