Контакт

Свет

Белата куќа го објави матичниот лист на Обама

Објавено пред

Белата куќа денеска ја објави пошироката верзија од изводот од матичната книга на родените на американскиот претседател Барак Обама во PDF формат

dobivaj vesti na viber

Со овој потег Белата куќа сака да стави крај на расправата којашто во американската јавност ја поттикнаа шпекулациите од ткн „биртери“ ( birth – раѓање), тврдејќи дека американскиот претседател Барак Обама не е роден во САД па затоа според уставот не може да биде претседател на Соединетите држави. Поточно американскиот устав  определува дека претседател на земјата може да биде само лице родено во САД. „Претседателот верува дека одвраќањето на вниманието по прашањето за неговиот извод од матичната книга на родените не е добро за земјата. Тоа можеби е добро за политиката и добро за телевизијата, но тоа е лошо за американскиот народ и го одвлекува вниманието од многуте предизвици со кои се соочуваме како држава“, се наведува во соопштението што го издаде директорот за комуникации на Белата куќа, Дан Фејфер, а го цитира Reuters.Претседателот Барак Обама во 2008 г. го објави својот извод во куса верзија, но повеќето „биртери“ рекоа дека непрезентирањето на подолгата верзија од изводот од матичната книга на родените го отвора прашањето дали Хаваи се навистина родното место на Обама. Белата куќа досега ги игнорираше тврдењата на противниците и не одговараше на „биртерите“, но последните неколку седмици милијардерскиот претприемач Доналд Трамп кој се бори да ја добие републиканската претседателска кандидатура поведе медиумска кампања со којашто во преден план изби прашањето за местото на раѓање на претседателот Обама.„Во времето на големите последици за оваа земја, кога би требало да расправаме за тоа како можеме да ја освоиме својата иднина, да го намалиме дефицитот, да се носиме со високите цени на бензинот и да донесеме стабилност на Блискиот исток, Вашингтон уште еднаш е попречуван со неверодостојно прашање“, наведува Фејфер.„Претседателот се надева дека со овој чекор можеме да преминеме на расправата за поважните прашања за американскиот народ и за иднината на земјата“, се додава во соопштението.На прес конференција во Белата куќа по објавувањето на изводот, претседателот Обама  призна дека го забавувало и збунувало колку голем проблем станало неговото родно место.  Иако директно не го спомена Трамп, Обама забележа дека кога го објави својот план за намалување на дефицитот претходно во април, неговиот матичен лист а не економската иднина на САД доминирале во вестите цела седмица. Могулот на недвижностите и ѕвезда на риалити телевизиските шоуа, Доналд Трамп, денеска веднаш си ги припиша заслугите за објавување на документот. „Чувствувам дека сторив нешто навистина многу важно и почествуван сум со тоа’, изјави на прес конференција во Њу Хемпшир, Доналд Трамп. Тој напомена дека многумина одамна го барале тој документ, а тој е единствениот кој постигна Обама и да го презентира пред јавноста. Трамп оцени дека овој случај ќе го засили потенцијалот на неговата претседателска кандидатура. Истовремено Трамп најави дека тој и другите се’ уште ја проверуваат автентичноста на документите за раѓањето на Барак Обама докажувајќи дека нема лесно да ја остави главната тема на неговата кампања. Точно пред една седмица анкета на CBS News и The New York Times покажа дека четвртина од Американците сметаат дека претседателот Барак Обама не е роден во Соединетите држави. Вкупно во анкетата 25 отсто Американци велат дека Барак Обама е роден надвор од САД, а 57 отсто велат дека тој е роден во Америка. Останатите 18 отсто не знаат каде е роден нивниот претседател.Меѓу републиканците 45 отсто сметаат дека американскиот претседател Барак Обама е роден во друга земја, како и 45 отсто од поддржувачите на конзервативното народно движење „Tи парти“.Од крајот на претседателската кампања на Обама во 2008 г. беа раширени гласините дека тој е роден надвор од САД. Овој мит кој го шират ткн „биртери“ се’ уште опстојува во целиот мандат на Обама и покрај убедливите докази дека е роден на Хаваите, една од 50-те сојузни американски држави, што беше поткрепено и со објавувања на неговиот роден лист од 1961 г. во два хавајски дневни весника.Претприемачкиот тајкун Доналд Трамп последните седмици го врати во центарот на вниманието на јавноста ова прашање, инсистирајќи дека не е најуверен во потеклото на претседателот Обама.Додека Трамп го ползува ова прашање за да привлече повеќе внимание за неговата можна кандидатура за републиканската претседателска номинација, другите републиканци настојуваат да ја придушат оваа дебата. Меѓу нив е и претседателката на клубот на конгресмените со поддршка на „Ти Парти“, Мичел Бејчман, како и републиканската гувернерка на сојузната држава Аризона, Џејн Бривер, која неодамна стави вето на законот кој го отвора прашањето за потеклото на Обама.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму

Објавено пред

Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.

dobivaj vesti na viber

„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Објавено пред

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.

dobivaj vesti na viber

Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.

Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.

Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Ајатолахот е мртов

Објавено пред

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:

dobivaj vesti na viber

„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“

„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет2 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет3 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет3 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет4 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет4 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија4 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет4 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет5 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет8 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија9 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет9 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет14 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет15 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија16 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет16 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет17 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет17 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...