Свет
Авганистанските талибани најавуваат пролетна офанзива
Авганистанските талибани најавија денеска дека ќе покренат голема пролетна офанзива, предупредувајќи дека планираат напади врз странски војници, авганистанските безбедносни сили и локални функционери низ целата земја.
Авганистанските талибани најавија денеска дека ќе покренат голема пролетна офанзива, предупредувајќи дека планираат напади врз странски војници, авганистанските безбедносни сили и локални функционери низ целата земја.Радикалните исламисти во својата изјава ги предупредија авганистанските цивили да одбегнуваат јавни собири и да не се приближуваат на воените бази и конвои, како и на владини објекти, затоа што би можеле да настрадаат во нападите.„Операциите ќе се фокусираат на воени центри, собирни места, воздухопловни бази, воени конвои и странски војници во сите делови на земјата“, се вели во изјавата на талибаните.Ова талибанско предупредување дојде на само еден ден откако високите воени функционери и западните дипломати рекоа дека очекуваат поголем број талибански напади следните неколку недели. /крај/хина/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

