Свет
Јован Павле Втори прогласен за блажен пред милион верници
Папата Бенедикт XVI го прогласи за блажен папата Јован Павле Втори пред повеќе од милион верници собрани денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Процесот на беатификација, или прогласувањето на папата за „блажен“, е клучен чекор кон неговото прогласување за светец (проширено)
Папата Бенедикт Шеснаесетти во неделата го прогласи блажен покојниот папа Јован Павлe Втори, пред повеќе од милиони верници од сите делови од светот, верски челници од други конфесии и голем број угледни политички и општествени личности од целиот свет.
Со беатификацијата на Јован Павле Втори кој за времето на неговиот понтификат беше сведок на падот на комунизмот во источна Европа, првпат во историјата на Ватикан еден папа за блажен го прогласува својто непосреден претходник.
„Во времето на максистичката идеологија, Јован Павле Втори го врати исконскиот лик на надежта“, рече Бенедикт Шеснаесетти кој во својата проповед по беатификацијата рече дека 23 години, од 1982 г., бил близок со својот претходник кога тој го повикал да биде на чело на конгрегацијата за изучување на верата. „Одобрувам Папата Павле Јован Втори да отсега да се нарекува блажен и да може да се слави негов празник секоја година на 22 октомври“, рече Бендеикт Шеснаесетти по што ковчегот со новиот блажен тргна кон базиликата на Свети Петар каде ќе биде изложен на главниот олтар сѐ додека верниците сакаат да го посетат. После тоа, ковчегот нема да биде вратено во кробот во криптата на базиликата, туку ќе биде положено прд олтарот на Свети себастијан, од десна страна на базиликата, веднаш до скулпрутрата на Микеланџело „Пиета“. Веднаш по прогласувањето на почиантиот папа за блажен, беше отворена и големата таписерија со насмеаниот лик на Јован Павле Втори. Мноштовото луѓе се протегаше од Виа дела Консилационе до брегот на реката Тибар, околу пололвина километар од Ватикан. Плоштадот Свети Петар беше украсен со постери на Јован Пaвле со една од неговите најпознати реченици – „Не плашете се!“. Садот со крвта на новиот блажен го носеше неговата долгогодишна помошничка, а до неа беше монахињата Мари Симон-Пјер која според тврдењето на Католичката црква чудесно оздраве од Паркинсоновата болест со заложба на Јован Павле Втори. Тој е беатифициран во првата недела по Велигден, во ткн. „бела недела“ кој самиот ја прогласи за празник на Божјето милосрдие. Карол Војтила беше востолуичен за папа Јован Павле Втори на 22 октомври 1978 г., а беше избран шест дена претходно, и тој датум отсега ќе се слави како спомен на него.
Македонија на беатификацијата во Рим ја претставуваше Претседателот Ѓорге Иванов, а меѓу шеесетината шефови на држави и влади беа и највисоките европски функционери, претседателто на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и претседателто на Европскиот совет Херман ван Ромпуј. Исто така, присутни беа и монарсите од цела Европа Пред шест години на погребот на Јован Павле Втори, попознат и како „полскиот папа“ кој во својот 27-годишен понтификат ја модернизираше Католичката црква, верниците со повикот „Santo subito“ (Веднаш свет) упатија апел тој веднаш да бид епрогласен за светец. Официјалната постапка за прогласување на Јован Павле Втори за блажен беше отворена во Ватикан во јуни 2005 г., а беше паралелно водена во Краков и во Рим. Сегашниот папа Бенедикт Шеснаесетти не чекаше пет години колку што е потребно за отвфорање на постапката која води кон беатификација, а исклучокот се образложува со „големито глас на светост кој папата го уќиваше уште додека живееше, во часот на смртта и по неговата смрт“.
Како што рече постулаторот на каузата, монсињор Славомир Одер, во постапката за беатификација на Јован Павле Втори, влегла различна документација, светодштва на многу луѓе кои директно го пшознавале, но и негови пишувани, објавени и необјавени материјали, акти, поезија, документи, како и она што е напишано за него. Од јуни 2005 г. до април 2007 г., беше спроведувана дијецезанскиот дел од постпката во Римската и во другите бискупии, „се спроведуваше истрага за животот, крепостите и гласот на светоста и чудесиите“, вели монсињор Одер.
Постапката за беатификација заврши во рекорден рок, во јануари 2011 г., а пресудно за тоа беше оздравувањето на француската монахиња Мари Симон-Пјер која боледувала од Паркиснонова болест, а според Католичката црква со заложба на Јован Павле Втори чудесно оздравела. Таа за тоа сведочеше при молитвеното бдение во санотата навечер.
Околу 86 официјални делегации, вклучувајќи и 22 шефови на влади или држави присуствуваат на денешниот настан во Рим.
Ковчегот со посмртните останки на папата Јован Павле Втори во петокот беше изваден од гробницата во Ватикан, за да може во неделата да биде префрлен во базиликата Свети Петар за церемонијата на беатификација. Ковчегот е префрлен пред гробот, за кој се претпоставува дека е гроб на Свети Петар, основач на црквата и прв папа.Папата Јован Павле Втори почина пред шест години и на неговиот погреб многу верници извикуваа „Santo subito“ (Веднаш светец).
Неговиот наследник, сегашниот папа Бенедикт XVI во јуни 2005 г. ја започна процедурата на беатификација, прогласување за блажен. Тој процес, којшто е прв чекор кон прогласување на светец, е завршен во рекорден рок, во јануари 2011 г.
За да се одобри беатификација потребно е признавање на едно чудо на папата – а тоа е случајот со француската калуѓерка Мари Симон-Пјер, која папата со чудо ја излекува од Паркинсоновата болест.За канонизација – прогласување на светец, потребно е признавање на уште едно чудо. Неколку илјади сведочења веќе се испратени до Ватикан од верниците кои тврдат дека Јован Павле Втори им помогнал во разни ситуации.Во јануари годинава Папата Бенедикт XVI и формално го одобри чудото што му се припишува на неговиот починат претходник и така го отвори патот за беатификација на Јован Павле Втори на 1 мај.За да се заврши процесот на беатификација на покојниот понтификат Јован Павле Втори, католичката црква формираше специјална комисија (формирана од страна на Конгрегацијата за канонизација) којашто формално мора да го признае стореното чудо.Кардиналите и бискупите го признаа чудото откако комисијата од лекари кон крајот од декември 2010 г. не можеше со помош на природно научните методи да го објасни фактот на исцелувањето од Паркинсонова болест на 49-годишната француска калуѓерка Мари Симон-Пјер.Во јули 2001 г. Паркинсоновата болест ја парализирала левата страна од телото на монахињата. Од 2 април 2005 г., кога почина Јован Павле Втори, нејзините симптоми се интензивирале со секој изминат ден, а се влошила и нејзината целокупна здравствена состојба.Кога на 13-ти мај 2005 г. папата Бенедикт XVI ја изрази својата согласност да започне процесот на беатификација на неговиот претходник, во времето на заедничката молитва е побарано нејзино застапување од починатиот Јован Павле Втори пред Бога.Монахињите од манастирот почнале да се молат за исцелување на нивната болна сестра Мари, и точно два месеца по смртта на папата Јован Павле Втори, Симон-Пјер оздравела – болката исчезнала, како и неконтролираното постојано треперење на екстремитетите. По спроведениот невролошки прегледи било потврдено дека монахињата е здрава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Европа апсолутно ги поддржува дејствијата на Америка и Израел во Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во разговор со новинарите изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува дејствијата на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа, за Израел и за другите земји во регионот.
На прашањето дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз Иран дошла предоцна, Руте одговори дека пред официјалното одобрување од Велика Британија, морало да се решат „правните аспекти на прашањето“, пренесува Би-Би-Си.
Тој потврди дека пред интервенцијата на САД во Иран, имал бројни разговори со американски претставници и додаде дека официјален Вашингтон и НАТО воспоставиле „тесна координација“.
На прашањето од британската јавна служба дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите во Иран, Руте одговори негативно и додаде дека „очигледно ова е кампања предводена од Американците и Израелците“, пренесува Танјуг.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos

