Свет
ОН ја евакуираат мисијата од Триполи
Персоналот на мисијата на ОН во Либија се подготвува да го напушти главниот град на земјатаТриполи поради извештаите за напади врз амбасадите на неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Италија, јави Reuters повикувајќи се официјален претставник на ОН, Стефани Бункер
„Обединетите нации се подготвуваат да го напуштат Триполи. Веројатно, во Триполи има безредија и тие се решија да го напуштат градот“, изјави претставникот на светската органзиајција, Стефани Бункер. Во неделата имаше извештаи за напади и акти на вандализам насочени против амбасадите на неколку земји, меѓу кои на Велика Британија и Италија. Британскиот Форин Офис соопшти дека добил информации за уништувањето на резиденцијата на амбасадорот на Обединетото Кралство во Триполи. Италијанското министерство за надворешни работи соопшти дека амбасадата на земјата и резиденцијата на италијанскиот амбасадор биле уништени и ограбени. Како што известува Reuters повикувајќи се на сведоци, облаци од чад се издигнувале над италијанската амбасада во Триполи. Поголемиот дел од западните земји ги евакуираат вработените во нивните допломатски мисии уште на почетокот на воздушната кампања на НАТО против Либија во март. Британија дипломатски е пресутна и во најголемиот град во источниот дел на Либија, Бенгази контролиран од страна на бунтовниците. Британските власти донесоа одлука за протерување на либискиот амбасадор по информациите за нападот врз британската амбасада во Триполи, се вели во соопштението на министерот за надворешни работи, Вилијам Хејг. „Виенската конвенција бара режимот на Гадафи да ги заштити дипломатските мисии во Триполи Без тоа, режимот уште еднаш ги прекрши своите меѓународни обврски и заложби … па решивме да го протера либискиот амбасадор“, изјави министерот Хејг кој додаде дека либискиот амбасадор има 24 часа да ја напушти Велика Британија.Според агенциските извештаи, овие напади врз странските диплоамтски мисии се должат на загинувањето на најмладиот син на либискиот водач Гадафи, Саиф ал-Араб во ноќта кон неделата. Според официјалниот претставник на либиските власти, Муса Ибрахим, во време на нападот на авионите на НАТО, Гадафи и неговата сопруга се наоѓале во домот на нивнито 29-годишне син Саиф ал-Араб, куќатa била погодена со најмалку еден проектил при што загинале и три внуци на либискиот водач и повеќе нивни роднини и соседи. Претходно во саботата, за време на утринското телевизиско обраќање на Гадафи кој повика на примирје со услов да престант бомбардирањата на Алијансата, воздухопловните сили на НАТО ја бомбардираа областа во близина на зградата на либиската телевизија во Триполи. Веднаш по завршувањето на емитувањето на обраќањето на либискиот лидер, либиската државна телевизија објави дека во текот на емитувањето во напад на воздухопловните сили на НАТО била уништена една зграда во близина на либиската телевизија што беше коментирано како „обид за атентат врз лидерот на револуцијата.“.Либиската влада во вторникот ја обвини НАТО алијансата дека се обидела да го убие Гадафи, кога силите на западната коалиција истрелаа два проектила врз комплексот згради во Триполи во кои тој престојува. Од НАТО нападот од понеделникот го опишаа како прецизен удар врз штабот за комуникации, од кои е вршена координација за нападите врз цивили.Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, изјави дека НАТО при извршување на воената операција во Либија не си поставила за цел уништување на „конкретни личности. „Политиката на НАТО во однос на селектирањето цели е апсолутно јасна. Таа соодветствува со резолуцијата на Обединетите нации – 1973, за одвраќање од гинење на цивилите, за што се наенсуваат удари врз воената машинерија на Гадафи, односно што е очигледно врз тенковите, ракетните системи, но исто така и врз командно-контролните центри“, изјави вританскиот премиер. Претходно во неделата со идентична изјава се огласи и генерал-потполковникот Шарл Бушар, кој командува со операцијата на Алијансата во Либија под име „Обединет заштитник“Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама негираше дека нападот од саботата бил насочен кон Гадафи. Во вторникот изминатава седмица во данската престолнина Копенхген, рускиот премиер Владимир Путин остро ја критикуваше западната коалиција, која ја контролира зоната на абранета за прелети над Либија и рече дека никој нема мандат да го убие полковникот Моамер ел-Гадафи.Во неделатар министерството за надворешни работи на Руската Федерација издаде соопштение во кое Русија го обвини НАТО за „непропорционална“ употреба на сила во Либија и изрази сомнеж дека либискиот лидер Моамер Гадафи е мета на воздушните удари на Алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По критиките од Трамп, Лондон објасни зошто не дозволил користење на базите за напади врз Иран
Даунинг стрит реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој рече дека е „многу разочаран“ од премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ги користат британските воени бази за започнување офанзивни напади врз Иран.
Официјалниот портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решение на ситуацијата во регионот.
Тој појасни дека американското барање за користење на базите во одбранбени цели се совпаднало со иранските напади врз британските интереси и загрозување на британските граѓани. На тоа барање, додаде, Обединетото Кралство „одговорило соодветно“.
Претходно денеска Трамп изјави за британски весник дека на Стармер му требало „предолго“ да се предомисли.
„Тоа веројатно никогаш досега не се случило меѓу нашите земји“, изјави американскиот претседател за „Телеграф“.
„Звучи како да бил загрижен во однос на законитоста“, додаде Трамп.
Премиерот на Обединетото Кралство подоцна го прифати американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади врз складишта на ирански ракети или нивни лансирни позиции.
Фото: ЕПА
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА

