Свет
Осама бин Ладен убиeн во драматична ноќна акција
Осама бин Ладен и уште четири лица се убиени во драматична ноќна акција на ЦИА и американските специјални сили со пакистанска логистичка помош.
Осама бин Ладен и ште четири лица се убиени во драматична ноќна акција на ЦИА и американските специјални сили со пакистанска логистичка помош.Операцијата за ликвидирање на најбараната личност на планетава и прв човек на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, била извршена врз неговото скривалиште во голема куќа близина на центар за обука на пакистанската армија во Аботабад, во североисточен Пакистан, јавија светските агенции повикувајќи се на извори и локалното население.„Кусо време по полноќ, голем број командоси ја опкружија палатата. Три хеликоптера летаа над неа. Некој од палатата отвори оган“, изјавил еден од жителите на Аботабад за Ројтерс.Според разузнавачки извори, во акцијата бил убиен и еден од синовитѕе н аОсама бин Ладен и двајца курири на Ал Каеда, Акцијата траела четириесетина минути. Нема настрадани во редовите на американските војници и оперативци. Еден од пакистанските хеликоптери се урнал, но поради механичка грешка при што загинал пилотот, пишуваат пакистанските медиуми.Пакистанската телевизија Експрес 24/7 емитуваше снимки од телото на бин ЛАден со прострелана глава.Информацијата дека Осма бин Ладен се сокрива во Пакистан, живеејќи во релативен луксуз на само 50 километри северно од главниот град Исламабад, ќе отвори многу прашање и ќе му штети на угледот на Пакистан, оценува Ројтерс. . Комплексот во кој се сокривал бин Ладен бил изграден пред пет години, но американските разузнавачи засега не знаат колку долго водачот на Ал Каеда таму престојувал, впечатливо ограден со висок ѕид и бодликава жица. Првите информации дека во оваа палата може да се крие Осама бин Ладен датираат од 2010 г./крај/ро./сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

