Свет
Бин Ладен може да биде погребан уште денеска
Телото на убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, може да биде погребано во средината на денот (понеделник), јавува телевизијата „Фокс њуз“, повикувајќи се на свои извори во разузнавачката заедница.
Телото на убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, може да биде погребано во средината на денот (понеделник), јавува телевизијата „Фокс њуз“, повикувајќи се на свои извори во разузнавачката заедница.Осама Бин Ладен беше убиен ноќта кон понеделник во специјална операција на американските сили во Пакистан.„Според исламската традиција, телото на покојникот мора да биде погребано во рок од 24 часа. Американските власти соопштија дека не планираат да ја прекршат оваа традиција. Следствено, бин Ладен, може да бидат закопан во средината на денот“, јавува телевизија.„Фокс Њуз“, исто така, укажува на тоа дека „терористот број еден“ може да биде погребан во Саудиска Арабија, а сега неговото тело е добро обезбедувано во американска воена база во Авганистан.„Тој беше роден во Саудиска Арабија и државата, најверојатно, ќе предложи да биде погребан на нејзина територија. Сепак, официјални изјави од Саудиска Арабија се’ уште не се добиени“, пренесува американската телевизија.„Фокс Њуз“, исто така, дава некои детали од операција за уништување на шефот на Ал Каеда. Директно во операции врз палатата во која се сокривал бин Ладен учествувале 24 припадници на американските специјални сили, а биле заднински покривани од 20 маринци. Бин Ладен бил застрелан во главата додека се обидувал да се спротивстави, а престрелката во куќата била жестока и траела неколку минути. Според првичните информации, Осама бин Ладен се обидувал да се скрие од специјалците како жена, којашто исто така живеела во куќата. Жената, чие име не е соопштено, загинала во операцијата. Вкупно загинале три лица кои биле во куќата со првиот човек на терористичката мрежа Ал Каеда, еден од нив, како што се претпоставува, бил негов син. Засолништето на бин Ладен е трикратно обезбедена куќа-бункер, којашто тајната служба ја открила минатото лето.Вредноста на куќата бин Ладен е проценета на најмалку милион долари, и била добро обезбедена. И покрај скапата опрема, засолништето не било опремено со систем за врски и интернет, бидејќи „терористот број еден“ стравуваше дека САД ќе се обидат да дојдат до него со помош на електрониката. Осама бин Ладен, живеел во куќата со своето семејство и братот.Соговорник на телевизијата изјавил дека и покрај фактот што претседателот на САД, Барак Обама соопшти за учество во операцијата и на пакистанските власти, американската влада „се’ уште работи на донесување одлука за ова прашање“, појаснувајќи го со пакистанските власти нападот извршен на нивна територија./крај/фн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По критиките од Трамп, Лондон објасни зошто не дозволил користење на базите за напади врз Иран
Даунинг стрит реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој рече дека е „многу разочаран“ од премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ги користат британските воени бази за започнување офанзивни напади врз Иран.
Официјалниот портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решение на ситуацијата во регионот.
Тој појасни дека американското барање за користење на базите во одбранбени цели се совпаднало со иранските напади врз британските интереси и загрозување на британските граѓани. На тоа барање, додаде, Обединетото Кралство „одговорило соодветно“.
Претходно денеска Трамп изјави за британски весник дека на Стармер му требало „предолго“ да се предомисли.
„Тоа веројатно никогаш досега не се случило меѓу нашите земји“, изјави американскиот претседател за „Телеграф“.
„Звучи како да бил загрижен во однос на законитоста“, додаде Трамп.
Премиерот на Обединетото Кралство подоцна го прифати американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади врз складишта на ирански ракети или нивни лансирни позиции.
Фото: ЕПА
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА

