Свет
Фатах и Хамас потпишаа договор за меѓу палестинско помирување
Претставниците на политичките сили во Палестина, во Каиро во вторникот потпишаа договор, јави дописникот на АФП
Согласноста за потпишување на договорот на претставници од главните меѓусебно завојувани палестински фракции – Фатах и Хамас – беше постигната на 27 април, кога исто така во египетската престолнина Каиро, со посредство на тамошните власти се водеа преговорите за меѓу-палестинско помирување. Притоа двете страни го парафираа документот за спроведување избори и формирање палестинска влада на национално единство. Во вторникот на церемонијата на потпишување на помирувањето присуствуваа, покрај функционери на Фатах и Хамас, и претставници на 11 други политички движења и фракции од Палестина. Нема информации дали на настанот присуствувале претседателот на Палестинската автономија Махмуд Абас и претстедателот на политбирото на Хамас, Калед Маашал. Претходно, АФП повикувајќи се на претставникот на Фатах, Азам ал-Ахмад, јави дека двајцата високи политичари имале намера да учествуваат на потпишувањето. Абас и Мешаал немаа меѓусебни контакти речиси четири години, откако беше извршен вооружен воен удар од страна на Хамас во појасот Газа, во средината на 2007 г. кога беа протерани сите високи функционери на Фатах.Набргу по парафирање на документот за примирје, Абас изјави дека единствената палестинска влада, чиешто формирање го претпоставува договорот, ќе биде составена од независни технократи и првенствено ќе има функција во подготовка на идните избори и реставрација на појасот Газа. Идниот „кабинет на единството“, според Абас, нема да интервенира во политичкиот договор со Израел. Абас уверува дека дури и по надминувањето на меѓусебните расправии, мировниот процес ќе остане приоритет и привилегија на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), која е доминирана од Фатах и ужива меѓународен легитимитет и нема претставници од исламистите на Хамас. Во своите осврнување, со критика за проектот за меѓу-палестинско помирување, истапија лидерите на Израел, кои инсистираат на бојкот на Хамас. Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, постигнувањето примирје ќе го лиши Палестинците од можности за дијалог и соработка со Израел. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, во радио интервју како еден од главните главните услови за признавањето од страна на Израел на идната обединета палестинска влада го наведе „уништувањето на инфраструктурата на теророт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Погоден американскиот конзулат во Дубаи
Пожар избувна во американскиот конзулат во Дубаи откако беше погоден од дрон, за кој се сомнева дека е ирански, доцна вечерва, според регионалниот извор на CNN.
🚨 BREAKING: Video shows the moment a suspected Iranian drone SLAMMED into the US Consulate in Dubai, resulting in an explosion
The Consulate is currently on fire, with smoke seen from all across the city. pic.twitter.com/FvXmpZAexU
— Nick Sortor (@nicksortor) March 3, 2026
Пожарникарите изгаснаа мал пожар што избувна по нападот со беспилотно летало, а нема повредени.
Двајца сведоци потврдија за „Ројтерс“ дека може да се види чад како се издига од област во близина на конзулатот.

