Свет
Координирани напади врз градот Кандахар во Авганистан
Силни експлозии и истрели од огнено оружје го тресат авганистанскиот гарда Кандахар, каде што според непотврдени информации во тек се координирани напади врз неколку владини објекти, јавува Al Jazeera
Силни експлозии и истрели од огнено оружје го тресат авганистанскиот гарда Кандахар, каде што според непотврдени информации во тек се координирани напади врз неколку владини објекти, јавува Al JazeeraСпоред првичните информации до кои дошла телевизијата, нападнато е седиштето на гувернерот на провинцијата Тоорјалаи Веса, кое е под силно обезбедување, а најжестоките борби се воделе околу резиденцијата на гувернерот. Друга група напаѓачи биле притеснета во трговскиот центар во градот,. А експлозии се слушале и од западниот дел на градот, од каде се издигал црн чад. Локалните власти има забранија пристап на новинарските екипи , бидејќи борбите биле се уште во тек.Под силен напад било и седиштето на авганистанската разузнавачка служба во градот, како и затворот во западниот дел на градот, каде што минатиот месец талибаните им помогнаа на стотици затвореници да избегаат. Под напад е воената база во источниот дел на градот, која ја користат специјалните сили. Минатата недела талибаните го најавија почетокот на нивната „пролетна офанзива“ против коалицијата предводена од САД и силите на авганистанската влада. Кандахар, кое е местото каде што е зачнато талибанското движење, беше во фокусот на воените операции на меѓународната коалиција минатата година. Во пораката која ја објавија вчера, талибаните предупредија дека убиството на Осама бин Ладен ќе и даде нов поттик на нивната борба против странските и авганистанските сили. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Свет
Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со смртна казна
Јужнокорејски обвинител денес побара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-Јол по обвинение за бунт откако земјата накратко прогласи вонредна состојба во декември 2024 година.
Јун е обвинет за заговор за бунт, кривично дело кое носи строга казна според јужнокорејскиот закон, вклучително и смртна казна доколку биде осуден, иако Јужна Кореја не ја извршува смртната казна со децении.
Во своите завршни зборови пред Окружниот суд во Сеул, обвинителот рече дека истражителите потврдиле дека постоел план, наводно предводен од Јун и неговиот поранешен министер за одбрана Ким Јонг-хјун, кој датира од октомври 2023 година и е дизајниран да му овозможи на Јун да остане на власт.
Јун, 65, ги негира обвиненијата. Тој рече дека имал овластување да прогласи вонредна состојба како претседател во тоа време и дека потегот имал за цел да предупреди дека опозициските партии се обидуваат да ја опструираат владата. Се очекува судот во Сеул да донесе одлука во февруари.
Свет
Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите
Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од Исламската револуција од 1979 година. Информациите објавени од различни агенции и медиуми значително варираат.
Американската новинска агенција „Human Rights Activists News Agency“ (HRANA), која ги следи протестите во Иран повеќе од 20 години, вели дека најмалку 2.000 луѓе се убиени, од кои 1.850 биле демонстранти. Агенцијата вчера соопшти дека досега идентификувала околу 500 жртви и додаде дека повеќе од 16.000 демонстранти се уапсени.
Од друга страна, „Иран Интернешнл“ проценува дека најмалку 12.000 луѓе се убиени само во протестите на 8 и 9 јануари. Тоа е персиски телевизиски канал со седиште во Велика Британија, поврзан со саудиската влада, и ги базира своите бројки на извори во земјата и медицински податоци.
„Врз основа на достапните податоци и вкрстените проверки на информациите добиени од сигурни извори, вклучувајќи го Врховниот совет за национална безбедност и претседателската канцеларија, првичната проценка на безбедносните институции на Исламската Република е дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во овој национален масакр“, рекоа тие.

