Свет
Крвави верски насилства во Каиро

Најмалку шест луѓе се убиени, а 54 се повредени во верските насилства меѓу муслиманите и христијаните во Египет, кои се случија во сабота навечер, објавило Министерството за здравство.
Најмалку шест луѓе се убиени, а 54 се повредени во верските насилства меѓу муслиманите и христијаните во Египет, кои се случија во сабота навечер, објавило Министерството за здравство.Околностите на судирот се уште не се јасни. Очевидците велат дека околу петстотини конзервативни муслимани се појавиле пред Коптската црква во Имбаба, предградие на Каиро, со барање упатено до тамошните Копти да им биде предадена една христијанка која, наводно, се преобратила во ислам.Вербалниот судир меѓу муслиманите и христијаните набрзо прераснал во вистинско насилство во кое било користено и огнено оружје. Властите во Имбаба испратиле голем број војници и полицајци кои успеале со пукање во воздух и со употреба на солзавец да ги раздвојат судрените страни.Верската припадност на жртвите не е објавена.Христијаните сочинуваат 10 отсто од египетските 80 милиони жители. Организациите за човекови права тврдат дека бројот на меѓуверските судири е во постојан пораст. Можните преобратувања од една во друга вера се исклучително чувствителни и често предизвикуваат подигнување на тензиите./крај/ројтерс/хина/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц предлага заем од 140 милијарди евра за Украина, обезбеден со рускиот замрзнат имот

Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе предложи Украина да добие заем од 140 милијарди евра, гарантиран со замрзнатиот имот на Руската централна банка.
Средствата би биле наменети исклучиво за финансирање на одбраната, а Киев би ги вратил дури по добивањето репарации од Русија.
Планот е усогласен со иницијативата на Урсула фон дер Лајен за користење на руските средства како гаранција, без директно задирање во нив.
Свет
Официјалната истрага покажа дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Американска истражна агенција утврди дека подморницата „Титан“ на компанијата „Оушенгејт“, која имплодираше за време на нуркањето кај олупината на бродот „Титаник“ во јуни 2023 година, беше уништена поради низа сериозни недостатоци во дизајнот и тестирањето, објави Би-би-си.
Во несреќата загинаа сите пет лица на бродот, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш.
Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ), процесот на инженерскиот развој на „Титан“ бил „несоодветен“, што довело до грешки што предизвикале подморницата да не ги исполни стандардите за цврстина и издржливост.
Националниот одбор за безбедност на сообраќајот тврди дека „Оушенгејт“ никогаш правилно не го тестирал „Титан“ и затоа не знаел колку е силна подморницата всушност. Покрај тоа, компанијата не била свесна дека бродот е оштетен и требало да биде повлечен од употреба пред фаталното нуркање.
„Титан“ исчезна во Северниот Атлантик додека се обидувал да стигне до остатоците од „Титаник“, кои се наоѓаат на околу 600 километри од канадскиот град Сент Џонс во покраината Њуфаундленд и Лабрадор.
Во август 2024 година, крајбрежната стража на САД издаде посебен извештај во кој ја опишува несреќата како „целосно спречлива“ и ја критикува „Оушенгејт“ за „сериозно погрешни безбедносни практики“.
Подморницата на своето последно патување ја управувал Стоктон Раш, а бил придружуван од познатиот истражувач на длабокоморските длабини Пол-Анри Наргеолет, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман Давуд.
Сите платиле до 250.000 долари за да учествуваат во експедицијата.
За време на истрагата, НТСБ откри сериозни проблеми во безбедносната култура на „Оушенгејт“. Додека некои вработени тврдеа дека безбедноста е приоритет, други, вклучувајќи го и поранешниот директор за поморски операции и еден техничар, опишаа работна средина „во која безбедноста, а особено прашањата за дизајнот, систематски се игнорираат“.
Еден техничар рече дека имал забелешки на деловниот модел на „Оушенгејт“, особено на практиката патниците да се нарекуваат „специјалисти за мисија“ за да се избегнат законски ограничувања. Според американските прописи, нелегално е да се превезуваат патници на експериментални подморници.
Техничарот рече дека го предупредил Раш, велејќи: „Не можете само да ја смените титулата на некого ако сте платени за тоа“. Во подоцнежен разговор за истото прашање, Раш наводно му рекол: „Ако крајбрежната стража стане проблем, ќе купам конгресмен и ќе го решам“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра

76-годишен маж од областа Виченца во Италија се преправал дека е целосно слеп повеќе од 50 години за да добие надомест за инвалидитет измамувајќи ја државата за повеќе од еден милион евра. Измамата е откриена кога финансиската полиција го снимила како извршува секојдневни задачи без никакви проблеми, како што се градинарство и пазарување на пазарот, објавува „Кориере дел Венето“.
На снимката објавена од финансиската полиција човекот е снимен како внимателно избира овошје и зеленчук на пазарот. Дома е снимен како врши градинарски активности, вклучувајќи кастрење и полевање растенија. Сите овие задачи ги извршувал со целосна леснотија, иако официјално бил регистриран како 100 % инвалид поради слепило.
Жителот на Монтекио Маџоре е обвинет за сериозна измама против државата.
Според обвинението, човекот незаконски примал бенефиции и надоместоци наменети за слепи лица повеќе од педесет години, со што стекнал незаконска бенефиција од повеќе од еден милион евра. Истрагата е поведена по вкрстена проверка на податоците на корисниците на социјално осигурување, а членовите на финансиската полиција од Арзињано поминале повеќе од два месеца следејќи го. Утврдено е дека тој почнал да прима пензија и надомест за придружба уште во 1972 година по наводна несреќа на работа.
#GdiF #Vicenza Denunciato un falso invalido per truffa ai danni dello Stato, avendo percepito indebitamente, per più di 50 anni, indennità e sussidi per un importo superiore al milione di euro.#NoiconVoi pic.twitter.com/DvqBzrir2l
— Guardia di Finanza (@GDF) October 13, 2025
Старецот е снимен како извршува голем број секојдневни задачи, без ничија помош, вклучително и користење опасни алатки, како што се ножици за кастрење и тримери за жива ограда. Тој исто така редовно одел сам на градскиот пазар избирајќи продукти и плаќајќи во готово од сопствениот паричник.
Врз основа на цврсти докази, поткрепени со сведочење на експерти, судската власт во Виченца поднесе обвинение против лажно слепиот човек. Финансиската полиција ги извести надлежните институции сите бенефиции веднаш да му бидат суспендирани. Даночната ревизија утврди нелегален приход од над 200 илјади евра во последните пет години, период за кој може да се направи процена, и е предложено да се конфискува овој износ.
„Оваа операција сведочи за континуираната посветеност на Финансиската полиција во борбата против измамите во секторот за социјална помош и пензиско осигурување. Јавните средства наменети за поддршка на најранливите и навистина сиромашните социјални групи неправедно се одземаат“, соопшти Покраинската команда на Финансиската полиција во Виченца.
фото: принтскрин