Свет
Сириската армија продолжува да навлегува во градовите

Сириските трупи денеска навлегоа во градот Тафас во близина на Дераа на сириската рамницата Хауран , со што продолжи кампањата за задушување на востанието против автократското владеење на партијата „Баат“, кое се прошири низ целата земја
Сириските трупи денеска навлегоа во градот Тафас во близина на Дераа на сириската рамницата Хауран , со што продолжи кампањата за задушување на востанието против автократското владеење на партијата „Баат“, кое се прошири низ целата земјаТенкови и војници исто така навлегоа во две населби на градот Хомс, што е прво влегување на армијата во овој трет по големина град во Сирија.Протестите, кои започнаа на 18-ти март, во петок ескалираа ширум Хауран, стратешки важен регион кој на југот се граничи со Јордан, а на запад со Голанската висорамнина. Демонстрантите бараат политички слободи, сопирање на корупцијата и заминување на претседателот Башар ал Асад. Претседателот и неговата влада за востанието ги обвинија „вооружените криминални групи“, како и „странскиот заговор“ преку се прави обид во Сирија да се поттикнат секташки немири. Семејството Асад владее со Сирија веќе 41 година. Таткото на Башар, Хафез, во 2000-та година крваво го задуши обидот за исламистичко востание во истиот овој регион во 1982 година, при што беа убиени околу 30.000 луѓе. Групите за заштита на човековите права тврдат дека силите за безбедност во изминативе седум недели убиле најмалку 800 цивили. /крај/reuters/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: На Украина ќе ѝ биде многу тешко да го врати Крим

Доналд Трамп коментираше за прашањето на Крим откако се појави информација дека неговиот мировен план вклучува признавање на руската контрола врз територијата од страна на САД.
Тој рече дека Украина „изгубила многу територија“ за време на војната, додавајќи: „Ќе направиме сѐ што можеме работејќи со Украина“.
Зборувајќи конкретно за Крим, Трамп изјави дека територијата била „предадена“ додека Барак Обама бил претседател. „Тоа нема никаква врска со мене“, рече Трамп.
Сепак, тој додаде дека ќе биде „многу тешко“ за Украина да го врати Крим.
Потоа американскиот претседател нагласи дека „нема лојалност кон никого“, туку дека има „лојалност кон спасување животи“.
„Мислам дека ќе постигнеме договор“, рече тој, додавајќи: „Мислам дека сме многу блиску до договор“.
Свет
Макрон: Путин треба конечно да престане да лаже

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин е единствената личност што стои на патот на мировниот предлог поддржан од САД и Европа.
„Единственото нешто што претседателот Путин треба да го направи е конечно да престане да лаже“, рече Макрон за време на посетата на Мадагаскар, објави АФП.
„Тој им кажува на американските преговарачи дека сака мир, а во исто време продолжува да ја бомбардира Украина“, додаде тој.
Макрон рече дека Украинците сакаат да чујат само едно: дали Путин се согласува на безусловно примирје? Тој нагласи дека „ако Путин каже „да“, оружјето би можело да замолкне утре и да се спасат животи“.
„Американскиот гнев треба да биде насочен само кон едно лице – претседателот Путин“, заклучи Макрон.
Вчера, Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека го отфрла мирот и рече дека може „да избере помеѓу мир и уште три години војна“, додека утрово му рече на Путин: „Владимир, престани! 5.000 војници умираат неделно. Ајде да го завршиме мировниот договор“.
Свет
Трамп: Ако нема договор, ќе воведеме царини за две до три недели

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе почне да воведува царини за земјите што нема да постигнат трговски договори со САД во рок од „две до три недели“.
На прес-конференцијата одржана во Овалната соба, Трамп рече дека очекува САД да постигнат „одлични договори“ за време на тековните преговори. „Ако не постигнеме договор со компанија или земја, ќе воведеме царина“, рече Трамп.
Тој додаде дека неговата администрација досега разговарала за трговски договори со 90 земји. „Тоа ќе се случи, би рекол, во следните неколку недели, што велите вие? Мислам дека да, за две или три недели. Ќе ставиме бројка за тоа“, рече тој.
На 2 април, ден што го нарече Ден на ослободувањето, Трамп објави основна царина од 10 проценти за стоки од сите земји. Но, некои региони, како што се Европската Унија со царина од 20 проценти и Виетнам со 46 проценти, би се соочиле со уште повисоки царини.
Сепак, на 9 април, тој најави 90-дневно одложување на овие „реципрочни“ царини. Тој рече дека повеќето земји ќе бидат погодени со царини од 10 проценти. Во објава на социјалната мрежа Truth Social истиот ден, Трамп рече дека ја наметнува оваа пауза бидејќи повеќе од 75 земји им се обратиле на САД за да започнат преговори и ниту една од нив не одговорила со контрамерки.
Сепак, Кина не доби иста понуда. САД сега имаат царина од 145 проценти за кинеските производи, додека Кина возврати со царина од 125 проценти за американските производи.
Трамп ги користи царините како алатка за преговори уште од самиот почеток. На 3 април, тој изјави дека би бил спремен да ги намали царините за земјите што им нудат на САД „нешто феноменално“, анализираат светските медиуми.