Свет
Нобеловeцот и воен ветеран Вилард Бојл почина во Канада

Лауреатот на Нобеловата награда за физика, Канаѓанецот Вилард Бојл, кој ја откри можноста за светот на дигиталната фотографија, почина на 87 годишна возраст, јави канадската телевизија CBC.
Лауреатот на Нобеловата награда за физика, Канаѓанецот Вилард Бојл, кој ја откри можноста за светот на дигиталната фотографија, почина на 87 годишна возраст, јави канадската телевизија CBC. Американскиот физичар со канадско потекло, ветеран од Втората светска војна Вилард Бојл е роден 1924 г. во северниот дел на канадската сојузна држава Квебек. Го завршил колеџот во Монтреал и се запишал на универзитетот, но во 1943 г. ги прекинува студиите и стапил во редовите на воздухопловен полк во Кралската канадска морнарица, каде што служел до крајот на војната. Потоа ги продолжува своите студии и во 1950 г. го одбранува својот докторат, предава физика и беше ангажиран во разни случувања, вклучувајќи ги и ласерска технологија. По пензионирањето, тој живееше во Нова Шкотска во источниот дел на Канада.. Во 2010 г. на Бојл му беше доделена највисоката цивилна владина награда Орденот на Канада. За разработка на оптичките полупроводнички сензори – CCD, Бојл во 2009 г. ја делеше Нобеловата награда со американскиот научник Џорџ Смит, а втората половина од наградата ја доби инженерот-физичар Чарлс Као. Матрицата на фотоапаратот на којашто се формира сликата – не е ништо повеќе од уред или приклучок на CCD сензор. Оваа технологија стана основа за пробив во набљудување во астрономијата. Поточно CCD-сензорите им помагаат на астрономите да видат голем број нови далечни галаксии, кои претходно не беа достапни за набљудувања./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Истанбул погоден од 300 последователни потреси, сеизмолозите очекуваат уште еден силен земјотрес

Серија земјотреси го погодија Истанбул и денеска, а турската агенција за катастрофи АФАД извести за околу 300 последователни потреси, од кои еден бил со јачина од 4,6 степени.
Од вчерашниот силен земјотрес, кој беше со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, АФАД забележа уште стотици земјотреси долж тектонските раседи во Мраморното Море.
Министерот за здравство Кемал Мемишоглу изјави дека 236 лица се повредени, од кои 173 во Истанбул. Петнаесет од нив морале да бидат хоспитализирани, додека некои се повредени панично скокајќи од згради.
Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека нема извештаи за урнати згради. Министерот за урбан развој Мурат Курум објави дека 12 згради се евакуирани како мерка на претпазливост.
Сеизмолозите и геолозите цитирани во турските медиуми генерално се согласуваат дека се уште се очекува голем земјотрес. Иако не е познато кога би можело да се случи, експертите предвидуваат дека би можел да достигне магнитуда 7,4, а некои дури проценуваат и потенцијална магнитуда од 7,7.
Турција се наоѓа во еден од сеизмички најактивните региони во светот.
Локалните медиуми објавуваат дека жителите ја поминале ноќта во паркови и отворени простори, поставувајќи шатори, наместо да се вратат во своите домови. АФАД ги повика луѓето да избегнуваат потенцијално небезбедни згради, предупредувајќи дека последователните потреси би можеле да траат некое време.
Свет
Шведски новинар се соочува со 12 години затвор поради навреда на Ердоган

Шведскиот новинар Јоаким Медин може да биде осуден на 12 години затвор во Турција под обвинение за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган и наводна поврзаност со терористичка организација, објави шведскиот весник „Дагенс ЕТЦ“ за кој работи Медин.
Медин беше уапсен минатиот месец по пристигнувањето во Турција, каде што требаше да известува за протестите што избувнаа по приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, водечки опозициски политичар и ривал на Ердоган, објави бриселски „Политико“.
Обвинителството го товари за навреда на претседателот, што предвидува максимална казна затвор од три години во Турција, како и за членство во Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка организација, што е казниво со затвор до девет години.
„Тој само си ја вршеше работата. Јоаким не е криминалец, а камоли терорист“, изјави главниот уредник на весникот, Андреас Густавсон.
Тој посочи дека обвинувањата се политички мотивирани и дека е обид да се прикаже новинарската работа како тероризам.
Шефицата на шведската дипломатија Марија Малмер Стенергард рече дека разговарала за случајот со својот турски колега и побарала на Медин да му се дозволи да се врати во Шведска.
Односите меѓу Шведска и Турција веќе беа затегнати, особено во контекст на турското противење на шведското членство во НАТО, делумно поради шведската политика кон курдските групи.
Медин и претходно бил уапсен поради известување – во 2015 година поминал една недела во притвор во Сирија по што со посредство на курдски функционери бил ослободен.
Судењето на Медин е закажано за 30 април.
Свет
(Видео) Израелски министер пристигна на „Јејл“, демонстрантите фрлаат шишиња по него

Антиизраелски демонстранти фрлаа предмети кон израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, за време на неговата посета на Универзитетот „Јејл“ во САД извикувајќи слогани додека тој накратко ја напушташе зградата во која се наоѓаше, а потоа се врати внатре, покажуваат снимките.
Според „Тајмс оф Израел“, од канцеларијата на Бен Гвир изјавиле дека предметите биле шишиња со вода и дека нема повредени.
Според истиот извор, екстремно десничарскиот министер покажал знак за победа (V) кон демонстрантите, а на видеото се гледа како еден од неговите помошници вее израелско знаме пред Бен Гвир и неговиот тим повторно да влезат во зградата за време на неговата посета на САД.
BREAKING: Pro-Hamas protesters attempted to attack the Minister of National Security, Itamar Ben Gvir at Yale University pic.twitter.com/dw1Zo3Ya84
— The Uri (@uricohenisrael) April 24, 2025
Бен Гвир го посети Универзитетот „Јејл“ за да одржи говор на покана на Друштвото „Шабтаи“, ексклузивна еврејска интелектуална организација основана од студенти и факултети од „Јејл“.
Посетата е дел од неговата прва официјална турнеја на САД откога стана секретар за национална безбедност. Според организаторите, темата на неговите говори била „Безбедноста на Израел по 7 октомври“, а настанот бил затворен за јавноста и одржан надвор од официјалниот кампус на „Јејл“.