Свет
Владата во Сирија се надева дека најлошото минало
Сириската влада соопшти дека се намалуваат заканите од речиси двомесечните протести против претседателот Бушар ал-Асад, откако денска безбедносните сили ја зазеле целата контрола врз центрите на бунтот.
Сириската влада соопшти дека се намалуваат заканите од речиси двомесечните протести против претседателот Бушар ал-Асад, откако денска безбедносните сили ја зазеле целата контрола врз центрите на бунтот.„Се надевам дека сме сведоци на крајот од приказната. Мислам дека најопасниот момент е зад нас“, изјавила советничката на сирискиот претседател, Бутиана Шабан за дописникот на „Њујорк тајмс“ кому му бил дозволен неколкучасовен влез во земјата иако тоа за повеќето странски новинари е забрането.Претседателот Бушар ал-Асад кој владее авторитарно преку неговата партија Баат е на власт од 2000-та кога на функцијата го наследи неговиот татко. Тој на почетокот од бунтот во март најави можност за политички реформи, но пред две седмици ја активираше војската за да го задуши бунтот. Протести на опозицијата во Сирија продолжуваат и покрај владината амбициозна програма за реформи, покажана особено со укинувањето на вонредната состојба којашто беше воведена уште во 1963 г. што беше едно од главните барања на опозицијата. Во блиска иднина се очекува да бидат укинати и уставните одредби според кои владејачката Баат партија е „владејачка и водечка сила во општеството“. Сириските власти за речиси двомесечните немири ги обвинуваат „криминалните групи поддржани од надворешни сили“. Според официјални информации, досега во судирите загинале околу 150 луѓе, додека опозицијата тврди дека оваа бројка е над 800.Според официјалните податоци на сириските власти, пак, од почетокот „на насилството предизвикано од платеници против безбедноста на граѓаните и татковината“, загинале 70 цивили и над 80 војници и полицајци.Протестите со кои се бараат демократски реформи во Сирија започнаа во средината на март. Армијата и безбедносните сили на Сирија вршат постојан притисок врз демонстрантите растурајќи ги нивните митинзи низ градовите на земјата. Во петоците инаку се одржуваат најмасовните демонстрации на опозицијата.Масовни демонстрации во Сирија започнаа во областа Дера’a. Директен повод за тоа беше апсењето на група ученици кои по ѕидовите испишувале анти-владини пароли. Нивните сограѓани масовно излегоа на улиците барајќи ослободување на момчињата. Подоцна, протестот се прошири на уште неколку други региони на земјата, а особено беа масовни во градовите Латакија, Банијас, Хомс и Хама, како и во некои предградија на главниот град Дамаск. /крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

