Свет
Партијата на Мубарак обвинета за религиозните судири

Египетската армија ги обвини членовите на распуштената партија на поранешниот претседател Хосни Мубарак за предизвикување на религиозните судири во земјата, што би можело да доведе до граѓанска војна.
Египетската армија ги обвини членовите на распуштената партија на поранешниот претседател Хосни Мубарак за предизвикување на религиозните судири во земјата, што би можело да доведе до граѓанска војна.Вкупно 12 луѓе загинаа, а 232 беа повредени во судирите помеѓу муслиманите и коптските христијани во текот на минатиот викенд. „Лидерите на Националната демократска партија одлучиле4 да го употребат партиското членство, кое брои речиси два милиона, за да предизвикаат немири, чија цел е да се порази револуцијата, земјата да се доведе во состојба на анархија и да се предизвика граѓанска војна“, ја цитира угледниот весник „ал-Масри ал Јум“ изјавата на анонимен извор од армијата. Истиот извор за весникот тврди дека армијата поседува докази дека членови на НДП го спровеле заговорот, кој доведе до судирите помеѓу радикалните муслимански Салафисти и коптските христијани во црква во предградието на Каиро Имбаба. Партијата на сменетиот претседател Мубарак беше распуштена со судска наредба кратко откако Мубарак беше присилен да ја напушти функцијата во февруари годинава, по масовните протести против неговото 40-годишно владеење. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зошто нема жртви во еден од најмоќните земјотреси во историјата?

И покрај исклучително силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени што го погоди рускиот полуостров Камчатка, немаше пријавени жртви. Неколку лица беа повредени.
Руската академија на науките соопшти дека земјотресот е најсилниот што го погодил регионот од 1952 година. Неговата магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала го става меѓу 10-те најмоќни земјотреси досега. Исто така, беше најтешкиот од 2011 година кога катастрофален земјотрес со магнитуда од 9,1 степени ја погоди Јапонија предизвикувајќи масивно цунами и нуклеарна катастрофа во Фукушима.
Земјотресот предизвика цунами високо до четири метри, а дел од градот Северокурилск беше потопен. Земјотресот оштети згради и предизвика тревоги и евакуации во неколку земји од Пацификот. Како е можно да нема жртви?
Епицентарот на земјотресот бил во Тихи Океан. Американскиот геолошки завод објави дека земјотресот се случил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск-Камчатски, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.
Епицентарот бил на повеќе од 100 км од најголемиот град Камчатка, кој, генерално, е еден од најретко населените региони во Евроазија. Полуостровот има вкупно население од речиси 342.000 жители, а фактот дека епицентарот бил на повеќе од 100 км од најголемиот град значително го намалил директното влијание врз поголемите популации.
Не се пријавени поголеми штети на клучната инфраструктура во градот. Исто така, беше потврдено дека Меѓународниот аеродром „Петропавловск-Камчатски“ работел нормално по катастрофалниот земјотрес.
Земјотресот оштетил градинка, но внатре немало никој.
Russia 🇷🇺!
The walls of the “Rodnichok” kindergarten in Petropavlovsk, Kamchatka Peninsula, collapsed following the 8.7-magnitude earthquake. No children were present at the time, as the building was under repair. pic.twitter.com/gQ0SaXlC9u
— Islamist Cannibal (@Raviagrawal300) July 30, 2025
„Според Геолошкиот завод на САД, областа има релативно мала популација, па затоа не се очекуваат поголеми штети или повреди на локалното население или имотот“, изјави научничката Каролина Орчистон, директорка на Центарот за одржливост на Универзитетот во Отаго, за Центарот за научни медиуми.
Руските научници нагласија дека иако земјотресот бил многу силен, неговата прецизна локација значително го намалила интензитетот на тресењето на земјата во областите во кои живеат луѓе, објавија руските медиуми.
Земјотресот од 1952 година уби над 2.000 луѓе во градот Северокурилск, истиот што сега е делумно потопен. Сепак, повеќето од тие жртви загинаа од цунамито, а не директно од земјотресот.
Камчатка и рускиот Далечен Исток се наоѓаат на Тихоокеанскиот Огнен Прстен, геолошки активна област позната по силни земјотреси и вулкански ерупции бидејќи неколку големи тектонски плочи се среќаваат и судираат таму. Камчатка е затоа една од најсеизмички активните области во светот и често доживува силни земјотреси.
Покрај фактот дека изградбата е приспособена на стандардите што им овозможуваат на зградите да издржат значителни сеизмички потреси, високото ниво на подготвеност на локалното население исто така одигра клучна улога во намалувањето на последиците.
Градоначалникот на округот, Александар Овсјаников, рече дека има доволно време за евакуација на сите од погодените острови. „Сите луѓе се во зоната за безбедност од цунами“, рече тој на кризниот состанок.
Гувернерот Валери Лимаренко им изјави на руските новински агенции дека најважно е да нема жртви. „Нашите Северокурилци се многу искусни, ова не е првпат да им се случи ова, 2.400 луѓе внимателно се искачија на повисоките области и сè уште се таму“, рече тој.
Експертите веруваат дека високиот степен на подготвеност на локалното население, вклучително и редовната едукација, вежбите за евакуација и навремениот одговор, е клучен фактор за намалување на последиците од толку силни земјотреси и цунами.
Свет
Намалено предупредувањето за Хаваите

Предупредувањето за цунами за Хаваите е намалено, објави Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.
Ова значи дека постои можност за силни бранови, мали поплави и силни струи, но не се очекува големо цунами.
„Евакуираните може да се вратат дома“, рече гувернерот на Хаваи, Џош Грин.
На луѓето им се советува да возат полека и да бидат безбедни, а воедно да внимаваат на поплави во некои области.
Според Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, бран од 1,74 метар досега беше регистриран во Кахулуи, Мауи, а бран од 1,5 метар беше регистриран во Хаила, Хаваи.
Свет
Земјотрес во Русија на 30 јули предизвика цунами во Америка на 29 јули

Силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот далечен исток во средата наутро во 11.24 по локално време. Набргу четири брана го погодија Северокурилск во руската Сахалинска област.
Сепак, до моментот кога првите бранови стигнаа до Хаваите неколку часа подоцна, според локалното време, таму беше вторник вечер.
Тоа е затоа што брановите, во календарска смисла, се вратија во минатото.
Додека се движеле на исток, брановите oд цунамито ја преминале Меѓународната датумска линија, невидлива граница што го дели Тихиот Океан и разграничува еден ден од следниот.
Фото: Цунами во Русија по потресот