Свет
Американци на суд поради симнување на содржини со помош на БитТорент
Дури 23.000 Американци ги очекува тужба поради нелегално преснимување на филмот „ The Expendables“ преку БитТорент.
Дури 23.000 Американци ги очекува тужба поради нелегално преснимување на филмот „ The Expendables“ преку БитТорент. Ова воедно ќе биде и најголемата тужба од тој вид во САД, со максимална можна тежина и до неверојатни 3,45 милијарди долари. Американскиот Копирајт груп доби дозвола од судот да ги набави личните податоци на корисниците, кои илегално го снимиле филмот, користејќи ги податоците што ги имаат нивните Интернет сервис провајдери(ИСП). Судот дозволил да се дознаат нивните имиња, адреси, телефонски броеви и имејл адреси, пренесува Wired. Наведените ИСП сервиси, кои пружаат услуги на конектирање на интернет корисниците, ќе ги информираат за тоа дека нивните податоци ќе станат јавни до крајот на неделата. Секој од 23.000 обвинети ги чека обвинение и казна до максимално 150.000 долари, иако повеќето ќе се договорат за многу помала сума за повреда на авторските права. Интересно е што дури 140.000 американски државјани се наоѓаат на суд поради нелегално снимање на содржини со помош на БитТорент. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сириските власти разбија терористички ќелии на ИСИС во Дамаск
Сириското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека неговите безбедносни сили разбиле ќелија на ИСИС и ги уапсиле нејзините членови во предградие на Дамаск.
„Членови на терористичка ќелија на ИСИС беа уапсени во градот Џадидат ал-Шибани во долината Барада, предградие на Дамаск“, изјави извор од министерството за Сириската арапска новинска агенција (САНА), без да даде дополнителни детали.
Американски војници убиени во претходна заседа
Тројца Американци, меѓу кои двајца воени лица и еден цивил, беа убиени на 13 декември, а тројца американски војници беа ранети во заседа на ИСИС во централниот град Палмира, според Централната команда на САД (CENTCOM).
Сирија официјално се приклучи на меѓународната коалиција предводена од САД против ИСИС на 12 ноември.
Коалицијата беше формирана во 2014 година и спроведува воени операции против терористичката група во Сирија и Ирак, иако Дамаск претходно не беше член.
Новата сириска администрација работи на заострување на безбедносните услови низ целата земја од падот на режимот на Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година.
Свет
Трамп прашан што мисли со објавата „помошта е на пат“ за иранските демонстранти: Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е
Американскиот претседател Доналд Трамп остана мистериозен во врска со можната помош за иранските демонстранти, откако претходно објави на социјалните мрежи дека „помошта е на пат“.
Кога новинарите го прашаа што мисли со објавата, Трамп одговори: „Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е“, пишува „Аксиос“.
Познато е дека администрацијата на Трамп размислува како да изврши притисок врз иранскиот режим по неговото смртоносно задушување на протестите.
Прес-секретарката на Белата куќа, Керолајн Ливит, вчера изјави дека воздушните напади се меѓу „многуте, многуте опции“ што се разгледуваат, но нагласи дека „дипломатијата е секогаш првата опција за претседателот“.
Свет
26-годишен ирански демонстрант може да биде погубен утре
Ерфан Солтани, еден од илјадниците демонстранти уапсени во Иран минатата недела, се соочува со непосредна егзекуција откако беше осуден на смрт само неколку дена по апсењето минатиот четврток, според извештаите на Би-Би-Си, АФП и Амнести Интернешнл.
26-годишникот беше уапсен во Карај, град на северозападниот раб на Техеран, во екот на протестите и непосредно пред исклучувањето на интернетот. Сервисот на Би-Би-Си разговараше со еден од роднините на Солтани. „За само два дена, судот ја изрече смртната казна и на семејството му беше кажано дека ќе биде егзекутиран во среда“, рече тој.
Амнести Интернешнл предупреди за неговиот случај, изразувајќи загриженост дека иранските власти може „повторно да прибегнат кон кратки судења и произволни егзекуции за да го задушат и одвратат неистомислењето“.
Во меѓувреме, АФП известува дека иранските обвинители објавија дека ќе покренат обвинение против некои демонстранти, кои ги нарекуваат „бунтовници“, за злосторства казниви со смрт.
Според набљудувачите, Иран е земја со најголем број егзекуции во светот, втора по Кина. Норвешката организација „Иран хуман рајтс“ соопшти дека минатата година во Иран биле егзекутирани најмалку 1.500 луѓе.

