Свет
Мубарак обвинет за зголемување на надворешниот долг на Египет

Канцеларијата на египетскиот јавен обвинител во четвртокот поднесе нови обвиненија против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, поради тоа што со неговите постапки предизвикал раст на надворешниот долг, пишува египетскиот весник „Ал-Масри ал-Јум“.
Канцеларијата на египетскиот јавен обвинител во четвртокот поднесе нови обвиненија против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, поради тоа што со неговите постапки предизвикал раст на надворешниот долг, пишува египетскиот весник „Ал-Масри ал-Јум“.Кон крајот на декември 2010 година, надворешниот долг на Египет изнесуваше 35 милијарди долари.Меѓутоа, поранешниот египетски претседател на распитот ги негирал обвинувањата, велејќи дека напротив тој на секој начин се обидувал да го намали надворешниот долг на Египет.„Поранешниот претседател презентирал неколку записници и протоколи од средбите на владата во кои тој побарал од министрите да ги преземат потребните економски мерки за тоа,“, пишува каирскиот весник цитирајќи, како што се наведува, добро информиран извор.Хосни Мубарак поднесе оставка на 11-ти февруари годинава, 18 дена по почетокот на големите народни протести во кои загинаа повеќе од 800 луѓе а неколку илјади беа повредени. Јавното обвинителство на Египет го обвини поранешниот претседател за корупција, злоупотреба на моќта и функцијата, неправедно богатење и поттикнувањето на агресија против демонстрантите за време на немирите во јануари и февруари/крај/аа/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Британска влада: Преговорите со ЕУ влегуваат во завршна фаза

Разговорите за договор меѓу Велика Британија и ЕУ продолжија во текот на ноќта, додека премиерот Кир Стармер се подготвува да ги угости лидерите на блокот денес. Извори од британската влада изјавија дека разговорите влегуваат „во завршна фаза со некои отворени прашања од двете страни“, само неколку часа пред планираниот самит Велика Британија-ЕУ во Лондон.
Британскиот премиер Стармер ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по втор пат во четири дена, со цел да постигне договор со ЕУ за низа прашања. Ова вклучува очекувано соопштение за одбраната и безбедноста, кое би можело да вклучува договор со кој на британските компании ќе им се овозможи пристап до одбранбениот фонд на ЕУ од 150 милијарди евра (168 милијарди долари).
Но, извештаите сугерираат дека на маса би можеле да бидат и договори што ќе им дозволат на британските патници да користат електронски пријавувања на европските аеродроми, ќе ја намалат бирократијата за извоз на храна и ќе воспостават програма за мобилност на младите со ЕУ.
Вчера наутро, министерот Ник Томас-Симондс изгледаше уверен дека може да се постигне договор во голем број области, но одби да зборува за какви било потенцијални детали: „Ништо не е договорено додека не се договори сè“.
Подоцна вчера, извори од британската влада изјавија дека е остварен „огромен напредок“ во постигнувањето „договор од кој сите добиваат со ЕУ“ што би „им користел на британските работници“. Но, тие инсистираа дека Стармер „јасно ставил до знаење дека ќе се согласи само на договор што е во национален интерес на Обединетото Кралство“.
И лидерката на конзервативците, Кеми Баденок, и лидерот на Реформската партија, Најџел Фараж, веќе го опишаа договорот како „предавање“, и покрај тоа што деталите сè уште не се познати, и навестија дека ќе го поништат доколку дојдат на власт.
Свет
(Фото) Шпионот на Путин „падна“ поради селфито во џакузи

Украинецот Јевхен Б. беше уапсен во Кројцлинген, а кој е осомничен дека дејствува како руски агент. Се вели дека набавил „GPS“ тракери за пробни пратки во Швајцарија.
Како што пишува „Блик“, неговиот профил е преполн со фотографии на кои е мускулест и се смешка во камерата. Селфито е воедно и последната фотографија што ја објавил пред апсењето.
Сепак, сега тој и уште двајца Украинци се обвинети за „тајни активности со цел саботажа“.
Тие наводно планирале „да предизвикаат пожари“ и „експлозивни напади“. Целта беше товарниот сообраќај во Германија. Според Федералното обвинителство, мажите биле во контакт со едно или повеќе лица кои работеле за руската тајна служба. Неколку недели пред апсењето, тие испратиле пакети со „GPS“ тракери, наводно за да ги извидат транспортните правци. Подоцна, според истражителите, тие сакале да испратат пакети што содржат запаливи и експлозивни материјали во Украина – и да ги разнесат на германска почва.
Ist der in Kreuzlingen verhaftete Ukrainer ein kaltblütiger Saboteur? Oder ein unschuldiger Mann? Blick hat seine Spuren verfolgt – und mit seiner Mutter gesprochen. https://t.co/x1huqFabta
— Blick (@Blickch) May 17, 2025
Во 2020 година, Јевхен Б. бил баран во Лублин, источна Полска. Приватно, тој изгледа како зависник од адреналин. Во објавите на Инстаграм, тој скока од авион, позира со боксерски ракавици или во џудо кимоно со бел појас.
Неговата мајка ги смета обвинувањата против него за апсурдни и тврди дека Јевен бил измамен.
Но, тој има врски со Русија. Една од неговите сестри живее во Москва. Неговата друга сестра живее на Крим, кој беше анексиран од Русија.
Свет
Експлозија на нови случаи на Ковид-19 во Хонг Конг, Сингапур и во Тајланд

Вирусот Ковид-19 повторно бележи пораст во неколку азиски земји, предупредуваат здравствените власти. Според податоците што ги објави агенцијата „Блумберг“, најголем пораст е забележан во Хонг Конг и Сингапур, а алармантна е ситуацијата и во Тајланд по масовните собири за време на фестивалот Сонгкран.
Во Хонг Конг, активноста на вирусот е оценета како „доста висока“, а процентот на респираторни примероци позитивни на Ковид-19 достигнал највисоко ниво во последните 12 месеци. Истовремено, бројот на тешки и смртни случаи се зголемил – во неделата до 3 мај се пријавени 31 тешки случаи, што е највисока бројка во изминатава година, според Центарот за здравствена заштита на Хонг Конг.
Слична е состојбата и во Сингапур, каде што Министерството за здравство објави дека бројот на новозаразени пораснал за 28% во текот на една недела, достигнувајќи 14.200 случаи. Истовремено, дневните хоспитализации се зголемиле за околу 30%.
Во Тајланд, Одделот за контрола и превенција на болести регистрира две кластерски епидемии годинава. Зголемувањето на бројот на заразени се поврзува со традиционалниот фестивал Сонгкран во април, кој собира големи толпи луѓе и овозможува полесно ширење на вирусот.
Здравствените власти апелираат за зголемена претпазливост, особено кај ранливите категории граѓани, и потсетуваат дека пандемијата сè уште не е целосно завршена.