Контакт

Свет

Пакистанскиот парламент ја осуди акцијата во Аботабад

Објавено пред

Пакистанскиот парламент во саботата ја осуди американската акција во која беше убиен Осама бин Ладен, барајќи да се преиспитаат односите со САД предупредувајќи дека Пакистан може да ги прекине патиштата за снабдување за американските сили во Авганистан доколку се случат слични акции

dobivaj vesti na viber

„Парламентот ја осуди едностраната акција во Аботабад која претставува кршење на суверенитетот на Пакистан“, се наведува меѓу другото во резолуцијата што во саботата ја усвоија пакистанските парламентарци., пренесува Reuters. Парламентарците изјавиле дека американските „едностраните акции“ како онаа во Аботабад во која беше ликвидиран лидерот на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, како и нападите на американските беспилотни летала се неприфатливи  и дека владата треба да го разгледа прекинувањето на виталните патишта за снабдување на американските сили во Авганистан доколку не се престане со ваквите практики.Шефот на пакистанската разузнавачка агенција изјави дека е подготвен да поднесе оставка поради аферата која изби по американската акција а со која според него е посрамотена земјата и беше причина за појавување на сомнежот дека пакистанските разузнавачи знаеле каде се крие бин Ладен. Пакистанската влада како апсурдна ја отфрли претпоставката дека властите знаеле каде се крие првиот човек на Ал Каеда.Како што пренесува британскиот радиодифузен сервис BBC, пакистанскиот парламент апелирал да се спроведе независна истрага за акцијата на специјалните сили на САД од 2 мај, во којашто беше убиен бин Ладен. „Народот на Пакистан веќе нема да толерира такви дејства, нивното еднострано повторување може да доведе до сериозни последици по мирот и безбедноста во регионот“, ја цитира резолуцијата на пакистанскиот  парламент Agence France-Presse. Во моментов, дипломатските односи меѓу Вашингтон и Исламабад, се наоѓаат на едно од најниските нивоа, особено по дискусиите во пакистанскиот парламент во врска со нападите на беспилотните летала што ги спроведува САД на пакистанската територија, забележува BBC.Северен Вазиристан е дел од т.н. племенските области во кои живеат горштаците Паштуни, а се протега по должината на границата со Авганистан. Во овие подрачја не важат федералните закони на Пакистан, туку вистинската моќ е во рацете на племенските водачи и лидерите на семејните кланови. Во овие планински области засолништа најдоа стотици исламисти поврзани со талибаните и со Ал Каеда. Официјален Исламбад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитет, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор на двете влади. Покрај тоа, пакистанската влада предупредува дека во ваквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти. Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи.Бројката напади што ги извршува САД со беспилотни летала во северозападниот дел од Пакистан е во постојан пораст. Така, според извештаите на медиумите, во минатата 2010 година, американските сили извршиле повеќе од 115 напади во оваа област, при што загинаа меѓу 700 и 900 луѓе. За споредба, во 2009 г. имало 45 воздушни напади во кои загинаа речиси 420 луѓе. Во 2011 година, американските летала извршиле повеќе од 20 ракетирања на цели во северо-западниот дел од земјата. Севкупно, според различни процени, од август 2008 г. во северозападниот дел на Пакистан во нападите на беспилотните летала се убиени повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои и неколку влијателни лидери на милитантите.САД ги засили нападите со беспилотни летала во Северен Вазиристан, откако на 30-ти декември 2009 г. бомбаш самоубиец уби седум агенти на CIA во нивната база во источната авганистанската провинција Хост. Американските власти сметаат дека овие напади се најефикасното оружје против Ал Каеда и талибаните кои се засолнуваат во тешко достапните паштунски племенски региони во високите планини меѓу двете Пакистан и Авганистан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Тврдења дека Епстин е жив повторно вирални, „Би-Би-Си“ анализираше што покажуваат документите

Објавено пред

На социјалните мрежи се шири тврдење дека новообјавени документи покажуваат оти американските власти подготвиле соопштение за смртта на Џефри Епстин еден ден пред да биде пронајден мртов, што според тие објави наводно имплицира дека Епстин е сè уште жив. Како „доказ“ се наведува документ на американското Министерство за правда во кој се споменува датумот 9 август 2019 година – ден пред Епстин да биде пронајден мртов во затворска ќелија.

dobivaj vesti na viber

Би-Би-Си Verify ја провери оваа информација и заклучи дека станува збор за погрешно толкување на интерен нацрт-документ, а не за доказ дека смртта на Епстин била лажирана или однапред планирана.

Спорниот документ и датумот што ги поттикна теориите

Повод за новите шпекулации бил нацрт-соопштение на американското Министерство за правда, вклучено во најновата серија декласифицирани документи за Епстин. Во документот се наведува дека Епстин бил „пронајден без свест во својата ќелија“ во затвор во Њујорк, а како датум стои петок, 9 август 2019 година.

На социјалните мрежи тоа било протолкувано како наводен доказ дека американските власти однапред знаеле за неговата смрт или дека во тој момент тој воопшто не се наоѓал во ќелијата.

Што велат официјалните наоди?

Сепак, како што наведува Би-Би-Си Verify, сите релевантни службени документи потврдуваат дека Џефри Епстин бил пронајден мртов во сабота, 10 август 2019 година. Тоа вклучува декласифициран извештај на ФБИ за неговата смрт во притвор, обдукциски наод, интерни затворски документи, како и службени фотографии од местото на настанот.

Во ниту еден од тие документи не се појавува датумот 9 август како ден на неговата смрт или пронаоѓање на телото.

Министерството за правда: Станува збор за грешка во нацрт

Американското Министерство за правда му потврдило на Би-Би-Си Verify дека спорниот датум е резултат на грешка во интерен нацрт-документ кој никогаш не бил наменет за јавна објава. Според нивното објаснување, нацрт-верзиите на службената изјава почнале да циркулираат преку интерни електронски пораки во Канцеларијата на американскиот државен обвинител за јужниот округ на Њујорк дури на 10 август 2019 година, по смртта на Епстин.

„Иако првичните верзии на изјавата содржеа претходен датум, станува збор за несреќна административна грешка која подоцна била исправена пред објавувањето на службеното соопштение“, соопштиле од Министерството за правда за Би-Би-Си Verify.

Додале и дека тврдењата оти изјавата била подготвена пред смртта на Епстин се неточни.

Како грешката станала јавна

Спорниот документ бил интерен нацрт што останал зачуван во архивата на електронската комуникација и подоцна бил вклучен во објавените судски списи. Токму тоа овозможило погрешниот датум да стане видлив за јавноста и да послужи како повод за нови теории на заговор.

Би-Би-Си Verify нагласува дека нема никакви докази кои би упатувале на тоа дека смртта на Епстин била фалсификувана или дека тој преживеал, како што се тврди во виралните објави.

Заклучокот на Би-Би-Си Verify е јасен: погрешниот датум во интерниот нацрт-документ е резултат на административна грешка, а не доказ за заташкување или лажирање на смртта на Џефри Епстин. Сите релевантни и службени наоди потврдуваат дека тој починал на 10 август 2019 година во затвор во Њујорк, како што тогаш и официјално беше објавено.

Прикажи повеќе...

Свет

Двајца ученици избодени со нож во училиште во Лондон, полицијата трага по тинејџер

Објавено пред

Двe момчиња на возраст од 12 и 13 години се пренесени во болница откако денес биле избодени со нож во средното училиште „Кингсбери“ во Брент, северен Лондон, објави Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Полицијата добила пријава за нападот околу 12:40 часот по локално време. Првичните информации укажувале дека е повреден еден 13-годишник, но подоцна било утврдено дека на истото место бил нападнат и 12-годишен ученик.

Двајцата се згрижени од службите за итна помош и пренесени во болница, а полицијата очекува дополнителни информации за нивната здравствена состојба.

Од полицијата соопштија дека осомничениот е идентификуван и дека станува збор за тинејџер, по кого интензивно се трага.

Детективот Лук Вилијамс изјави дека е свесен оти нападот ќе предизвика „значителна загриженост“ во локалната заедница.

„Сакаме да ги смириме локалните ученици, родителите и жителите. Ангажиравме значителни полициски сили во областа и правиме сè што можеме за да го пронајдеме осомничениот“, рече тој.

„Нашите мисли се со повредените момчиња и сакам да им се заблагодарам на болничарите и лекарите кои се грижат за двајцата“, додаде Вилијамс.

Прикажи повеќе...

Свет

Британка застрелана во Тексас: Пред трагедијата се скарала со татко ѝ околу Трамп

Објавено пред

Британката Луси Харисон (23) од Ворингтон била застрелана во градите на 10 јануари минатата година во домот на својот татко во Проспер, Тексас, објави Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

На истражното рочиште во Велика Британија било речено дека претходно истиот ден таа се скарала со него околу Доналд Трамп и неговите ставови за оружје.

Нејзиниот партнер Сем Литлер сведочел дека расправијата била „жестока“ и дека Луси била вознемирена поради ставовите на татко ѝ. Подоцна, непосредно пред да заминат кон аеродром, таткото ја одвел во својата спална соба, по што се слушнал истрел. Литлер изјавил дека ја затекнал Луси на подот, додека таткото врескал.

Полицијата во Тексас ја истражувала смртта како можно убиство од небрежност, но големата порота во округот Колин одбила да покрене обвинение против таткото, Крис Харисон.

Истрагата се очекува да заврши во вторник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија5 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија6 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија6 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија7 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија8 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет8 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија9 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија9 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија10 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет10 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет11 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет11 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет12 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа12 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет12 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет13 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...