Свет
Судири на Западниот брег и во Газа
Најмалку пет Палестинци се ранети во неделата во жестоките судири на контролниот пункт Каландиа на Западниот брег на влезот во Ерусалим, соопштија официјални палестински извори.
Најмалку пет Палестинци се ранети во неделата во жестоките судири на контролниот пункт Каландиа на Западниот брег на влезот во Ерусалим, соопштија официјални палестински извори.Како што пренесува AFP повикувајќи се на палестински извори и својот дописник, покрај судирите и ранетите на Западниот брег, има и повеќе од десетина повредени во појасот Газа во израелски оган при одбележувањето на палестинската „накба“ – прогонот на Палестинците од израелските подрачја во 1948 г. Според агенцијата судирите продолжиле и во неделата попладне по локално време во Каландија, главниот контролен пункт меѓу Западниот брег и Ерусалим. Демонстрантите фрлале камења а израелските воени сили одговориле со истрелување солзавец и гумени куршуми. Еден Палестинец бил повреден со гумен куршум во главата и се наоѓа во сериозна состојба, рекле од локалната болница во која бил примен. Портпаролот на локалната израелска власт изјавил дека поради „судирите меѓу околу 200-ини демонстранти и граничарите“, израелската страна употребила солзавец и гумени куршуми за да го растури протестот. Во северниот дел од појасот Газа, триесетина лица биле ранети кога израелските војници отвориле оган врз група млади Палестинци кои тргнале кон израелскиот граничен премин Ерец.Оваа година одбележувањето на „накбата“ беше проследено со серија инциденти кои почнаа во петокот во анектираниот дел од источен Ерусалим и на окупираниот Западен брег. Кога загина 16-годишен Палестинец. Со „никбата“, Палестинците го одбележуваат својот национален егзодус на околу 760 илјади луѓе во 1948 г. Обединетите нации проценуваат дека бројот прогонети и нивните потомци сега изнесува 4,8 милиони Палестинци. Си Резолуцијата 194 на Обединетите нации се наложува на сите изгонети коишто тоа ќе го сакаат да им се овозможи брзо враќање на нивните огништа./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тврдења дека Епстин е жив повторно вирални, „Би-Би-Си“ анализираше што покажуваат документите
На социјалните мрежи се шири тврдење дека новообјавени документи покажуваат оти американските власти подготвиле соопштение за смртта на Џефри Епстин еден ден пред да биде пронајден мртов, што според тие објави наводно имплицира дека Епстин е сè уште жив. Како „доказ“ се наведува документ на американското Министерство за правда во кој се споменува датумот 9 август 2019 година – ден пред Епстин да биде пронајден мртов во затворска ќелија.
Би-Би-Си Verify ја провери оваа информација и заклучи дека станува збор за погрешно толкување на интерен нацрт-документ, а не за доказ дека смртта на Епстин била лажирана или однапред планирана.
Спорниот документ и датумот што ги поттикна теориите
Повод за новите шпекулации бил нацрт-соопштение на американското Министерство за правда, вклучено во најновата серија декласифицирани документи за Епстин. Во документот се наведува дека Епстин бил „пронајден без свест во својата ќелија“ во затвор во Њујорк, а како датум стои петок, 9 август 2019 година.
На социјалните мрежи тоа било протолкувано како наводен доказ дека американските власти однапред знаеле за неговата смрт или дека во тој момент тој воопшто не се наоѓал во ќелијата.
Што велат официјалните наоди?
Сепак, како што наведува Би-Би-Си Verify, сите релевантни службени документи потврдуваат дека Џефри Епстин бил пронајден мртов во сабота, 10 август 2019 година. Тоа вклучува декласифициран извештај на ФБИ за неговата смрт во притвор, обдукциски наод, интерни затворски документи, како и службени фотографии од местото на настанот.
Во ниту еден од тие документи не се појавува датумот 9 август како ден на неговата смрт или пронаоѓање на телото.
Министерството за правда: Станува збор за грешка во нацрт
Американското Министерство за правда му потврдило на Би-Би-Си Verify дека спорниот датум е резултат на грешка во интерен нацрт-документ кој никогаш не бил наменет за јавна објава. Според нивното објаснување, нацрт-верзиите на службената изјава почнале да циркулираат преку интерни електронски пораки во Канцеларијата на американскиот државен обвинител за јужниот округ на Њујорк дури на 10 август 2019 година, по смртта на Епстин.
„Иако првичните верзии на изјавата содржеа претходен датум, станува збор за несреќна административна грешка која подоцна била исправена пред објавувањето на службеното соопштение“, соопштиле од Министерството за правда за Би-Би-Си Verify.
Додале и дека тврдењата оти изјавата била подготвена пред смртта на Епстин се неточни.
Како грешката станала јавна
Спорниот документ бил интерен нацрт што останал зачуван во архивата на електронската комуникација и подоцна бил вклучен во објавените судски списи. Токму тоа овозможило погрешниот датум да стане видлив за јавноста и да послужи како повод за нови теории на заговор.
Би-Би-Си Verify нагласува дека нема никакви докази кои би упатувале на тоа дека смртта на Епстин била фалсификувана или дека тој преживеал, како што се тврди во виралните објави.
Заклучокот на Би-Би-Си Verify е јасен: погрешниот датум во интерниот нацрт-документ е резултат на административна грешка, а не доказ за заташкување или лажирање на смртта на Џефри Епстин. Сите релевантни и службени наоди потврдуваат дека тој починал на 10 август 2019 година во затвор во Њујорк, како што тогаш и официјално беше објавено.
Свет
Двајца ученици избодени со нож во училиште во Лондон, полицијата трага по тинејџер
Двe момчиња на возраст од 12 и 13 години се пренесени во болница откако денес биле избодени со нож во средното училиште „Кингсбери“ во Брент, северен Лондон, објави Би-Би-Си.
Полицијата добила пријава за нападот околу 12:40 часот по локално време. Првичните информации укажувале дека е повреден еден 13-годишник, но подоцна било утврдено дека на истото место бил нападнат и 12-годишен ученик.
Двајцата се згрижени од службите за итна помош и пренесени во болница, а полицијата очекува дополнителни информации за нивната здравствена состојба.
Од полицијата соопштија дека осомничениот е идентификуван и дека станува збор за тинејџер, по кого интензивно се трага.
Детективот Лук Вилијамс изјави дека е свесен оти нападот ќе предизвика „значителна загриженост“ во локалната заедница.
„Сакаме да ги смириме локалните ученици, родителите и жителите. Ангажиравме значителни полициски сили во областа и правиме сè што можеме за да го пронајдеме осомничениот“, рече тој.
„Нашите мисли се со повредените момчиња и сакам да им се заблагодарам на болничарите и лекарите кои се грижат за двајцата“, додаде Вилијамс.
Свет
Британка застрелана во Тексас: Пред трагедијата се скарала со татко ѝ околу Трамп
Британката Луси Харисон (23) од Ворингтон била застрелана во градите на 10 јануари минатата година во домот на својот татко во Проспер, Тексас, објави Би-Би-Си.
На истражното рочиште во Велика Британија било речено дека претходно истиот ден таа се скарала со него околу Доналд Трамп и неговите ставови за оружје.
Нејзиниот партнер Сем Литлер сведочел дека расправијата била „жестока“ и дека Луси била вознемирена поради ставовите на татко ѝ. Подоцна, непосредно пред да заминат кон аеродром, таткото ја одвел во својата спална соба, по што се слушнал истрел. Литлер изјавил дека ја затекнал Луси на подот, додека таткото врескал.
Полицијата во Тексас ја истражувала смртта како можно убиство од небрежност, но големата порота во округот Колин одбила да покрене обвинение против таткото, Крис Харисон.
Истрагата се очекува да заврши во вторник.

