Свет
Најмалку 27 масакрирани во Гватемала
Најмалку 27 луѓе се пронајдени мртви во едно село во Гватемала во близина на границата со Мексико. Што е едно од најлошите масовни убиства во оваа земја во изминативе неколку децении, јавува Reuters
Најмалку 27 луѓе се пронајдени мртви во едно село во Гватемала во близина на границата со Мексико. Што е едно од најлошите масовни убиства во оваа земја во изминативе неколку децении, јавува ReutersКрвавиот инцидент се случил кога вооружени напаѓачи го нападнале селото Касерио ла Бомба, на околу 400 километри северно од престолнината Гватемала Сити, соопшти полицијата и додава дека меѓу убиените има и две жени. Поголемиот дел од мртвите биле убиени, па потоа им била отсечена главата. „Ова е најлошиот масакр во модерната историја на земјата“, изјави портпаролот на полицијата Доналд Гонзалес и истакна дека вакви убиства не се видени откако заврши 36-годишната граѓанска војна во земјата во 1996 година.Полицијата смета и дека убиствата може да се поврзани со убиството на 56-годишниот Харолдо Валдемар Леон, брат на трговецот со дрога Хуан Хозе Леон, кој во саботата беше застрелан во рурална област во северна Гватемала. Хозе Леон требаше да биде екстрадиран во САД кога беше убиен при нападот на 30 луѓе врз неговата куќа во 2008 година. Тогашното убиство на Хозе Леон му беше припишано на моќниот нарко-картел од Мексико „Лас Зетас“. Северната граница на Гватемала е битна точка при преносот на кокаинот од Јужна Америка. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Нашата Алдина никој не може да ја врати“ – семејството бара правда по фемицидот во БиХ
Алдина Јахиќ, жртва на фемицид во Босна и Херцеговина, беше погребана денес во нејзината родна Калесија. Нејзините сограѓани се простија од неа, а родителите Ибрахим и Мевлида Јахиќ ја објавија својата емотивна порака во која се збогуваа со убиената ќерка.
Во нивната објава стои:
„Останавме без дете, без нашата Алдина, нашата гордост.
Нашата болка, нашата тага и раните во нашите срца никогаш нема да поминат. Ја ублажуваат стотиците пораки со сочувство и поддршка што ги добиваме од нашата родбина, пријатели, но и од луѓе од цела Босна и Херцеговина и целиот регион.
Тие пораки, како и сè што за Алдина овие неколку дена го кажаа нејзините пријатели, колеги, познаници, професори и сите што на кој било начин биле во контакт со неа, а зборуваат само најубави можни зборови, ни даваат сила да издржиме. Свесни бевме дека имаме прекрасно дете. Добродушно, вредно, воспитано, образовано, кое никогаш никому не би направило ништо лошо. Но кога толку многу луѓе ќе потврдат дека тоа не е само наше родителско мислење, туку дека нашето дете навистина било такво, тоа нè прави повторно горди“, рекоа Ибрахим и Мевлида.
Родителите додаваат:
„Верници сме, веруваме во Бога и го прифаќаме Неговото определување и искушенија. Сега поминуваме низ искушение што никому на светот не би му го посакале. Нашата Алдина ја нема повеќе. Детето ни го уби насилник и злосторник. Искрено веруваме во Божјата правда и Неговите зборови дека ‘оној што ќе убие недолжен човек… како да ги убил сите луѓе’. Го молиме Бог да го казни убиецот онака како што заслужил. Во ахиретската правда се надеваме, но бараме правда и на овој свет. Таа правда ја бараме од правосудните институции. Единствената правда која ќе ни биде некаква сатисфакција е изрекување на најстрога, законски можна казна за злосторникот. Сè поинаку ќе биде неправда на која нема да прифатиме.“
Според нив, максималната казна мора да биде изречена — не само заради нивната ќерка, туку и како предупредување за потенцијалните насилници.
„Ако тоа придонесе да се спаси живот барем на една девојка или жена, казната ќе има смисла. Ова ќе биде нашето единствено јавно обраќање и нема да одговараме на поединечни медиумски прашања. Ги молиме сите медиуми да покажат разбирање за нашата болка и тагa. Уште еднаш им се заблагодаруваме на сите за поддршката, а особено на пријателите од Тузла, Орашје, Сараево, Бања Лука, Мостар, Белград, Македонија и Чешка. Го молиме Милостивиот Аллах да и подари џенет на нашата Алдина“, заклучија родителите на убиената Алдина, пренесе „Радио Сараево“.
За убиството на 32-годишната Алдина осомничено е нејзиното поранешно момче.
Свет
Инцидент во Келн: 19 ученици повредени во напад со бибер-спреј
Најмалку 19 ученици се повредени денеска во инцидент во образовниот центар „Европа“ во германскиот град Келн, од кои деветмина се хоспитализирани.
Според првичните информации, двајца непознати напаѓачи физички нападнале 16-годишен ученик во училишниот ходник, користејќи бибер-спреј, пренесува германскиот портал „ВДР“.
Потоа, нападнатиот ученик, како што се наведува, во самоодбрана исто така употребил бибер-спреј и ги испрскал напаѓачите, кои побегнале кон излезот од зградата.
Бибер-спрејот се проширил низ училишната зграда и предизвикал повреди кај други ученици. Полицијата соопшти дека најмалку 19 ученици задобиле полесни повреди поради изложеност на спрејот.
Деветмина од нив превентивно биле пренесени во болница поради силна иритација на очите.
Полицијата го запленила бибер-спрејот што го користел 16-годишникот и отвори истрага за предизвикување опасни телесни повреди.
Свет
Опасна фаза на ескалација: Членки на ЕУ тврдат дека Кремљ стои зад серијата саботажи низ Европа
Шефовите на дипломатија на ЕУ в четврток ќе бидат информирани за серијата обиди за саботажа и нарушување на воздушниот простор, за кои соседите на Русија тврдат дека претставуваат многу опасна фаза на ескалација што може да ги загрози цивилите.
Литванскиот министер Кестутис Будрис предупреди дека станува збор за „жешка фаза на ескалација“. Неговите коментари доаѓаат откако Полска утврди дека експлозијата што оштети железнички линии на истокот на земјата била саботажа поддржана од Кремљ. Варшава соопшти дека бил користен воен експлозив C-4, а осомничените двајца украински државјани поврзани со Русија побегнале во Белорусија.
Будрис рече дека ова не е изолиран случај – во Европа се пријавуваат сомнителни дронови, а десетици инциденти се истражуваат како можни обиди за дестабилизација. Тинк-тенкот Globsec пресметал дека од јануари до јули се случиле повеќе од 110 саботажи во Европа, главно во Полска и Франција.
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас порача дека „Русија нè тестира и се обидува да посее страв“. Италија, Литванија и други земји побараа посилна реакција од ЕУ. Министрите в четврток ќе разговараат за нов пакет санкции против Русија и за мерки за одвраќање на Белорусија од хибридни напади.

