Контакт

Свет

Мубарак го предаде сиот свој имот на државата

Објавено пред

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и го предаде на владата сиот свој имот во обид да избегне затворска казна

dobivaj vesti na viber

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и го предаде на владата сиот свој имот во обид да избегне затворска казнаСопругата на Мубарак, Сузан, во петокот беше пуштена на слобода со кауција, откако на државата и го предаде сиот свој имот – околу 3,4 милиони долари и вила во Каиро. Претходно, египетските медиуми најавија дека Мубарак подготвува писмо, кое ќе биде објавено на сите египетски и арапски канали и во кое тој во свое и во име на неговото семејство ќе се извини за „каква и да е навреда која му ја приредил на својот народ“.Избрканиот лидер, исто така, ќе моли за прошка „за какво и да е однесување кое произлегло од погрешните информации кои ги добивал од своите советници“. Мубарак, кој има 83 години, даде оставка на претседателската функција на 11 февруари, по 18-дневното востание кое резултираше со смртта на околу 800 луѓе. Воениот совет, кој  ја презема власта по неговата оставка, се заложи да ги изведе пред лицето на правдата сите функционери на поранешниот режим кај кои ќе се утврди вина за злоупотреба на својата моќ. Поранешниот претседател и неговата сопруга во моментов се во притвор во болница во летувалиштето Шарм ел-Шеик на Црвеното море, откако и двајцата доживеаја срцеви удари во текот на нивното испрашување. /крај/риа/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кинеските државни медиуми: Паузата за царините меѓу САД и Кина треба да се продолжи

Објавено пред

90-дневното примирје меѓу САД и Кина во трговската војна е прекратко, напиша кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“, додека претставниците на двете најголеми економии во светот се прегрупираат во Кореја.

dobivaj vesti na viber

На самитот во Женева минатиот викенд, САД се согласија да ги намалат дополнителните тарифи што ги наметнаа на кинескиот увоз минатиот месец од 145 проценти на 30 проценти во текот на следните три месеци, додека Кина вети дека ќе ги намали тарифите на американскиот увоз од 125 проценти на 10 проценти.

„Просторот за меѓусебно корисна соработка треба да се прошири далеку над 90-дневниот период“, пишува „Глобал тајмс“, кој е во сопственост на државниот весник „Пиплс дејли“, и кој често е првиот што во последните години известува за чекорите што Кина има намера да ги преземе во трговските спорови.

„Се надеваме дека американската страна ќе продолжи да ги надградува резултатите од неодамнешните преговори и ќе продолжи да се сретнува со Кина на половина пат“, напиша „Глобал тајмс“.

Прикажи повеќе...

Свет

Руте: Путин направи грешка со испраќањето делегација од пониско ниво на мировните преговори

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин направил грешка што не испратил делегација на повисоко ниво на мировните преговори во Истанбул.

dobivaj vesti na viber

„Путин направи грешка испраќајќи делегација на пониско ниво.

Всушност, топката е во негов двор, во смисла дека тој мора да игра, во смисла дека тој мора сериозно да се справи со наоѓање мир, а целиот притисок е врз него“, изјави Руте за новинарите пред самитот на Европската политичка унија во Тирана.

Од друга страна, тој оцени дека е многу добро што претставниците на Украина седнаа на преговарачка маса и што Киев ја испрати очекуваната делегација за преговори за мир. Тој, исто така, изрази задоволство од улогата на САД и напорите на претседателот Доналд Трамп за деблокирање на ситуацијата кога станува збор за мировните преговори меѓу Украина и Русија, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Снег во Србија и Црна Гора

Објавено пред

На Копаоник од утрово врне слаб снег, а според податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во седум часот температурата на оваа планина била нула степени.

dobivaj vesti na viber

Лапавица има и во Сјеница, додека на Златибор утрово се измерени два степени, а на Црн Врв три.

Планинскиот превој Јабука, на надморска височина од 1.250 метри, утрово осамна под снежна покривка.

„Бевме изненадени од овој снег, а уште поизненадувачки е што сè побеле како во јануари. Паѓаат големи снегулки, како среде зима“, вели жител на Јабука.

Поради ниските температури и снегот што паѓа во ова погранично село од раните утрински часови, на возачите кои се наоѓаат на овој планински превој им се препорачува да бидат дополнително внимателни, особено поради можноста за појава на мраз.

На другите места во Србија температурата е под 10 степени, освен во Заечар, Неготин и Димитровград, каде што се измерени 11 степени.

Во мај, снег падна и во Жабљак, има и во Мојковац, додека во другите делови на Црна Гора е значително постудено со врнежи од дожд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Меџити ќе чека на „Вреди“ да се приклучат членови од опозициските албански партии, а потоа ќе предложи нов министер за здравство

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити како еден од лидерите на „Вреди“ денес рече дека предлогот за нов...

Европа1 час

(Видео) Започна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина започна во петокот во Истанбул под водство на...

Македонија1 час

Ја удирал со боксови и тупаници, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад...

Македонија2 часа

До ОЈО Куманово доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се...

Македонија3 часа

Мицкоски за „Еуроњуз“: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Премиерот Мицкоски во неговото интервју за „Еуроњуз“ се осврна и на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската...

Македонија3 часа

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија се ангажирани 14 нови вработени, сите Македонци и ниту еден Албанец“, велат од ДУИ

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија се ангажирани 14 нови вработени – сите Македонци – и ниту еден...

Европа5 часа

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија...

Свет5 часа

Рубио: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат...

Свет5 часа

Хамас: Подготвени сме да ги предадеме сите заложници за да се стави крај на војната во Газа

Висок политички лидер на Хамас повтори дека се подготвени „веднаш да ги предадат сите затвореници“ доколку таков потег доведе до...

Македонија14 часа

Дојава за бомба и евакуација на концерт на српски пејач во Јане Сандански

Драма во салата Јане Сандански во Скопје, каде за вечерва беше закажан музички концерт на Пеџа Јовановиќ. Како што информираа од...

Македонија15 часа

Мицкоски за „Еуроњуз“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Премиерот, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на „Еуроњуз Србија“ истакна дека нема аргументи за прифаќање на...

Македонија15 часа

Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија, вели градоначалникот кој го повика Град Скопје да преземе мерки

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна...

Македонија18 часа

Хемикалии се излеаа од објект во Пинтија, надлежните на терен

Во текот на денешниот ден во населбата Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство...

Македонија18 часа

ЕУ ни порача: Тоа што е договорено е договорено, нема што ново да се договара

Тоа што е договорено е договорено, нема што повеќе да се договара, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за...

Македонија20 часа

Таравари официјално поднесе оставка: „Одлуката ја донесов по лична и професионална проценка“

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција. Во...

Свет20 часа

Трамп: Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ништо нема да се случи во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина...

Македонија21 час

Сите позиции на Алијансата за Албанците во Владата ќе останат во „Вреди“, вели Меџити

По излегувањето на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“ сите места отстапени на албанскиот...

Македонија22 часа

Мицкоски: Нашата посветеност кон евроинтеграциите ќе се засили во периодот што следува

Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален...

Македонија23 часа

За три години на патиштата загинале 457 лица, објави Државниот завод за ревизија

Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица,...