Свет
Строс-Кан е во домашен притвор во Емпаер Билдинг
Новото привремено престојувалиште на поранешниот извршен директор на ММФ Доминик Строс-Кан е еден од најстарите облакодери на Њујорк – Емпаер Билдинг (Empire Building) во областа Менхетен, пренесува Асошиетед прес, цитирајќи извор запознат со ситуацијата на привременото сместување на Строс-Кан
Доминик Строс-Кан беше уапсен на 14 мај во Њујорк, врз основа на изјавите на 32-годишната собарка од њујоршкиот хотел „Софител“ којашто го пријави на полицијата со обвинување за сексуално насилство. Врховниот суд на Њујорк во четвртокот се согласи да го ослободи со кауција од милион долари и да му одреди мерка домашен притвор. До излегувањето од притворот, Строс-Кан се наоѓаше во њујоршкиот затвор „Рајкерс ајленд“.Претходно се претпоставуваше дека поранешниот челник на ММФ ќе остане во домашен притвор во еден апартман во луксузниот комплекс „Плаза Бристол“ еден од најмодерните квартови во Горен Менхетен. Сепак, обвинителите и адвокатите на Строс-Кан не можеа да постигнат договор во врска со овој апартман и на крајот беше одлучено тој привремено да биде сместен во Долен Менхетен. Како што објави The New York Post, повикувајќи се на свои извори, менаџментот на комплексот „Плаза Бристол“ одбил да го прими поранешниот извршен директор на ММФ. Исто така, беше објавено дека жестоко против вакво соседство истапил еден „висок претставник на жителите“ на комплексот.За обезбедување на Строс-Кан е ангажирана специјализираната приватна фирма „Stroz Friedberg“, која е формирана главно од поранешни агенти на ФБИ. Строс-Кан ќе биде под окото на камерите за надзор, а на него ќе има електронска нараквица, која постојано ќе ја емитува неговата моментална локација. Дозволени се телефонски разговори и посети на роднините и пријателите на Строс-Кан. Доминик Строс-Кан „Претходната вечер претставници на медиумите се обидоа да влезат во зграда од комплексот Бристол Плаза. Порати тоа станарите на комплексот не се согласија со тоа Строс-Кан привремено да биде сместен тука“, изјавил адвокатот на поранешниот челник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Вилијам Тејлор. Според него, Строс-Кан се одлучил за друга локација „од почит кон станарите“. Според судијата од Врховниот суд, Мајкл Објус, станува збор за привремена мерка, и во рок од неколку дена Строс-Кан ќе биде префрлен на нова локација.Како што пренесува Асошиетед прес, поранешниот шеф на ММФ под никаков изговор нема право да ја напушти куќата. Откако ќе биде решено прашањето на неговото сместување, ќе биде решено и дали Строс-Кан ќе се пресели во постојан апартман, каде што ќе живеат до крајот на судскиот процес, а тој може да ја напушти својата куќа само за да се сретне со адвокат, да оди на доктор, кога се јавува на судските рочишта и да оди на неделни богослужби. Притоа тој ќе биде должен да го извести обвинителството за неговите планови најмалку шест часа претходно. Емпаер Билдинг е еден од најстарите облакодери во Њујорк, на 21-кат е изграден во 1895 година. Во 1996 тоа беше прифатена како знаменитост на Њујорк а во 1998 година влезе во Националниот регистар на историски места на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

