Свет
Лагард влегува во битката за шеф на ММФ
Француската министерка за финансии Кристин Лагард во средата официјалнo преку прес-конференција ја објави својата намера да се кандидира за функцијата извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)
Претходно, советник на претседателот на Франција, Анри Гено изјави дека во случај на учество на изборите за прв човек на ММФ, Кристин Лагард, официјален Париз ќе ја поддржи нејзината кандидатура. Битката за нов шеф на ММФ доаѓа откако на 14-ти мај во Њујорк под обвинение за сексуално насилство беше уапсен и обвинет досегашниот прв човек на Фондот, Французинот Доминик Строс-Кан. Лагард досега не се изјаснуваше официјално, иако имаше јавни поддршки од разни европски земји, но таа на прес-конференција во Париз дефинитивно во средата се изјасни дека сака да се кандидира.Педесет ипет-годишната Лагард изјави дека ја донела одлуката да се кандидира за извршен директор на ММФ по „зрело размислување“, и во согласност со францускиот претседател Николас Саркози и премиерот Франсоа Фијон за кои самата потврди дека целосно ја поддржувале.Лагард притоа изјави дека сака да добие што поголем консензус за нејзината кандидира. Повеќето европски држави меѓу кои и водечките Германија, Велика Британија и Италија ја поддржуваат кандидатурата на Лагард, сметајќи дека Европа и натаму треба да го задржи водечката позиција во ММФ и дека таа е кандидат кој ги исполнува условите.Досега немаше изјаснувања од САД и Јапонија, коишто традиционално досега ги поддржуваа европските кандидати, во врска со кандидатурата на Лагард.Во соопштението издадено во средата во Брисел, претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануело Баросо наведе дека „во целост ја поддржува кандидатурата“ на Французинката Кристин Лагард да го преземе раководството на ММФ. ЕК смета дека „квалитетите на Лагард, како и нејзиното ангажирање за јакнење на контролата во светската економија се неопходни да се обезбеди спроведувањето на мисијата на ММФ и нејзиниот важен придонес во меѓународната економска стабилност“, се наведува уште во соопштението на Баросо. Како што наведуваат француските медиуми, кандидатурата на Лагард има пречка во француските судови, Имено, судот треба на 10-ти јуни да објави дали ќе отвори истрага против Кристин Лагард во врска со неговото контроверзно водење на случајот во врска со бизнисменот Бернар Тапи што би можело да и’ ги уништи шансите да биде избрана на челната функција во ММФ. На ова новинарско прашање Лагард одговори дека „има целосна доверба во истрагата која е во тек и дека нејзината совест е мирна“.Традиционално, ММФ е раководен од претставник на Западна Европа, но во пресрет на изборот за новиот шеф на организацијата, кој би требало да се одржи пред крајот на јуни, се’ повеќе се промовираше идејата дека следниот извршен директор на Фондот треба да биде неевропеец. Меѓу кандидатите за шеф на Фондот особено се фаворизираат поранешниот министер за финансии на Турција, Кемал Дервиш, администратор на програма за развој на ОН, шефот на Централната банка на Израел, Стенли Фишер и шефот на Централната банка на Мексико, Аугусто Карстенс. Исто така, и земјите од Заедницата на држави (од поранешниот СССР) истакнаа свој кандидат – претседателот на Народната банка на Казахстан, Григориј Марченко. Во вторникот, директорот на ММФ кој ги претставува земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Кина, Индија, Јужна Африка), ги повика неговите колеги да изберат нов извршен директор на фондот – претставник на не европска држава. Во нивната заедничка изјава се вели дека „договорот за изборот на челник на ММФ „направен практично на основа на принципот на националноста, ја поткопува легитимноста на Фондот“. Според нив, последната финансиска криза нанесе значителни штети на економски развиените земји, што ја покажува потребата за реформирање на меѓународниот финансиски институции во услови на сè поголемата улога во светската економија на земјите во развој. Тие го осудија премолчното правило директор на ММФ да биде Европеец а на Светската банка – Американец, на што Легард во средата реплицираше дека „да се биде Европеец не треба да претставува хендикеп“.ММФ е една од двете светски водечките финансиски институции, а една од нејзинит енајважни функции е да обезбедува, доколку е потребно, кредити на земјите членки. Конкретно, Фондот е директно инволвиран во кредитирање на земјите од еврозоната кои страдаат од должничките проблеми. Генералниот директор на Фондот е извршен директор кој е избран од страна на извршниот одбор, со кој тој претседава и има петгодишен мандат, кој е обновлив. Извршниот совет се состои од 24 извршни директори. Петте најголеми акционери на ММФ се САД, Јапонија, Германија, Франција и Велика Британија, како и Кина, Русија и Саудиска Арабија кои имаат свои места на масата. Другите 16 директори се избираат со мандат од две години од релевантни групи на земји. Групите се формирани од држави со слични интереси и обично од истиот регион, како што е на пример со франкофонска Африка. Од основањето на ММФ досега се изменија десетина генерарални (изврешни) директори. Сите од нив беа Европејци, четири од нив беа Французи чиешто „владеење“ започна во втората половина на дваесеттиот век. Во последниве години, земјите во развој членки на ММФ почнаа да се одвојуваат повеќе средства за Фондот и го покренаа прашањето за неговиот прв човек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

