Свет
Хакирањето на сајтот на „Сони Ериксон“ доведе до истекување на лични податоци
Хакерскиот напад врз интернет страницата на Sony Ericsson резултираше со истекување на личните податоци на околу две илјади клиенти.
Хакерскиот напад врз интернет страницата на Sony Ericsson резултираше со истекување на личните податоци на околу две илјади клиенти.Според експертите, нападот врз страницата на јапонско-шведската компанија „Sony Ericsson“ првенствено бил насочен кој јапонскиот „Sony“. Неодамна во целиот свет беше изведен бран од сајбер напади а само во последните неколку дена стана познато дека се компромитирани четири интернет ресурси на „Sony“.При последниот напад неидентификувани лица успеале да добијат неовластен пристап до базата со податоци која содржи информации за регистрирани корисници на канадската онлајн продавница на „Sony Ericsson eShop“.Како што објави интернет страницата The Hacker News, по влезот хакерите на интернет објавиле фајл со имиња, адреси на електронската пошта и лозинки (лозинките на корисниците не се дадени откриено, туку се трансформираат преку хеш- функцијата).Хакираната страница на „Sony Ericsson eShop“ до денеска (16.50 часот по македонско време) беше недостапна.Како што пишува Cnet, хакерите ја нападнале интернет страниците на јапонската, грчката и индонезиската подружница на „ Sony Music Entertainment“. При хакирањето на грчката страница истекле лични податоци на повеќе од осум илјади корисници. Листата на компромитиран лични информации вклучува имиња и лозинки, телефонски броеви и адреси од електронска пошта.Според податоците на The Hacker News , нападите врз „Sony Ericsson“ и „Sony Music Entertainment“ биле технички слични, спроведени со помош на ткн SQL-инјекција. Овој метод овозможува со помош на специјално подготвен пребарувач на серверот да се добие пристап до системот ист каков што имаат администраторите во однос на просечниот корисник.Минатата седмица интернет страницата на тајландската филијала на „Sony“ една од страниците на ресурсот беше заменета од страна на непознати лица, најверојатно со цел да се измамат банкарски податоци на посетителите на ресурсот. Покрај тоа, исто така минатата седмица, хакери успеале да ги турнат ресурсите на јапонски интернет провајдер So-net, во сопственост на корпорацијата „Sony“.Серија напади против „Sony“ започна во април, кога хакерската група Anonymous извесен период извади од функција неколку веб сајтови на корпорацијата. Скорешниот потоа напад на забавните сервиси Sony PlayStation Network, Qriocity и Sony Online Entertainment беше причината за истекување на личните податоци на повеќе од 100 милиони корисници. Како што очекува корпорацијата, загубата поради хакерскиот напад би можела да изнесува повеќе од 170 милиони долари.Според Честер Висневски, соработник на компанијата „Sophos“ која е специјализирана за безбедноста на информациите, нападите и покрај нивната временска близина на извршувањето, судејќи според се’, не биле централизирано планирани./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По критиките од Трамп, Лондон објасни зошто не дозволил користење на базите за напади врз Иран
Даунинг стрит реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој рече дека е „многу разочаран“ од премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ги користат британските воени бази за започнување офанзивни напади врз Иран.
Официјалниот портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решение на ситуацијата во регионот.
Тој појасни дека американското барање за користење на базите во одбранбени цели се совпаднало со иранските напади врз британските интереси и загрозување на британските граѓани. На тоа барање, додаде, Обединетото Кралство „одговорило соодветно“.
Претходно денеска Трамп изјави за британски весник дека на Стармер му требало „предолго“ да се предомисли.
„Тоа веројатно никогаш досега не се случило меѓу нашите земји“, изјави американскиот претседател за „Телеграф“.
„Звучи како да бил загрижен во однос на законитоста“, додаде Трамп.
Премиерот на Обединетото Кралство подоцна го прифати американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади врз складишта на ирански ракети или нивни лансирни позиции.
Фото: ЕПА
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА

