Свет
Три бомбашки напади на државни институции во Кина
Во три одвоени експлозии пред државни институции во градот Фуџу, на истокот од Кина, денеска се повредени најмалку пет лица.
Во три одвоени експлозии пред државни институции во градот Фуџу, на истокот од Кина, денеска се повредени најмалку пет лица.
Бомбашките напади, како што пренесуваат агенциите, извршени се паралелно во рок од еден час на канцеларијата на државниот обвинител, зградата на општинската администрација, како и институцијата за надзор на прехрамбени производи и лекови.
Извор во владата на покраината Џиангкси претпоставува дека бомбашот најверојатно е еден незадоволен земјоделец, кој сакал со нападите да им се одмазди на властите поради, како што смета тој, неправедниот воден судски спор.
Неименуваниот портпарол на властите за кинеската агенција Ксинхуа рекол дека експлозијата се случила нешто после девет часот по локално време.
Бомбата кај првата експлозија се наоѓала во еден автомобил во гаражата во зградата на државното обвинителство, другата била детонирала кај зградата на општината, а третата исто така била сместена во возило во близина на Агенцијата за контрола на прехрамбени производи.
Властите не сакаа да дадат информации за бројот на жртвите, но агенциите, врз основа на информации добиени од очевидци, тврдат дека се повредени пет лица, уништени се најмалку десет автомобили, а искршени се стакла и на бројни згради.
Агенциите наведуваат дека против осомничениот во тек е судска постапка. Фуџу е град од околу четири милиони жители, кои, како и останатите градови на Кина брзо растат, па споровите околу земјиштето станале сè почести.
Минатиот септември внимание кај јавноста предизвика судирот меѓу фармерите и работниците кои требаше да ги срушат нивните куќи./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos

