Свет
Четворица загинати при пад на авион во Аргентина

Мал авион се урна во провинцијата Санта Фе во североисточна Аргентина, при што загинаа пилотот инструктор и три лица кои учеле да управуваат со авион, пренесе во четвртокот аргентинската телевизија C5N.
Мал авион се урна во провинцијата Санта Фе во североисточна Аргентина, при што загинаа пилотот инструктор и три лица кои учеле да управуваат со авион, пренесе во четвртокот аргентинската телевизија C5N. Едномоторниот авион од моделот „Пајпер ПА-28“ се урнал за време на обуката. Тој паднал 500 метри од пистата на аеродромот во Венадо Туерто, 370 километри северозападно од главниот аргентински град Буенос Аирес. „Во леталото биле 36-годишниот Аргентинец, пилот инструктор Карлос Болеславскиј и тројца кои се обучувале – две момчиња од Перу и едно од Еквадор, кои загинале“, изјавил за аргентинската телевизија претставникот на службата за спасување, Даниел Ромо. Според него, вестите за трагедијата пристигнале четири часа по паѓањето на авионот. Уште еден час им бил потребен на спасувачите да го лоцираат местото на несреќата. Според првичната верзија, судирот со почвата бил фронтален, но авионот не се запалил. Точната причина за несреќата ќе ја утврдат екипите кои работат на местото на инцидентот на Националниот комитет за цивилно воздухопловство (ANAC).Пред една седмица во аргентинска Патагонија се урна двомоторен авион од типот „Сааб 400“ на локалната авиокомпанија „Сол“: Притоа загинаа 19 лица меѓу кои и едно дете, како и двајца пилоти и стјуардеса. Според првичната верзија, причината за трагедијата е замрзнување на делови од крилата и трупот на авионот./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.