Свет
Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Суматра
Земјотрес со магнитуда 6,3 по Рихтер во саботата го погоди брегот на индонезискиот остров Суматра, јавува Синхуа (Xinhua) повикувајќи се индонезиската Агенција на метеорологија и геофизика. Не е прогалсена опасност од цунами.
Според америкаската Геолошка служба земјотреси е регистриран во 00,07 по локално време во недела (19.07 часот по македонско време). Епицентарот елоциран 212 километри југозападно од градот Бандар Лампунг. Хипоцентарот на потресот бил на длабочина од 3,6 километри.Засега нема инфорамции за настрадани и шричинета материјална штета. Индонезија се наоѓа во ткн. Огнен прстен во Тихиот Океан, подрачје во кое на спојувањето на континенталните плочи се случува силна сеизмичка активност. Во овој регион од светот се најактивните тектонски плочи, од кои секоја се движи со брзина од седум центиметри годишно. Секоја година, сеизмолозите регистрираат 6 до 7.000 земјотреси со магнитуда поголема од 4,0 степени по Рихтер.Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени на 30-ти септември 2009 г. го погоди индонезискиот остров Суматра, во кој загинаа повеќе од илјада лица. Во декември 2004 г., северо-западниот брег на индонезискиот остров Суматра беше погоден од еден од најсилните земјотреси во светот изминатите 40 години, при што беше предизвикано разорно цунами од кое настрадаа стотици илјади луѓе во 12 земји во Индискиот Океан. Серија земјотреси ја тресеа Папуа и во средината на јуни кога загинаа три лица, а Индонезија во на 12-ти февруари годинава беше погодена од силен земјотрес во кој 60 лица беа повредени а илјадници и луѓе останаа без домови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лекот за третман на рак веќе почна да се користи во болниците во Русија
Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција.
Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости.
Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази.
Се вели дека неговото зрачење влијае на метастазите со намалување на болката кај пациентите, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Најмалку 28 загинати откако кран се урна врз воз во Тајланд
Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени откако градежен кран се урна врз воз во движење во североисточен Тајланд. Во возот имало околу 195 патници во моментот на несреќата, која се случила околу 9 часот наутро по локално време во среда, јавува Би-би-си.
Кранот го исфрлил возот од шините и здробил неколку вагони, од кои еден се запалил. Спасувачите успеале да ги евакуираат патниците, а повредените биле однесени во регионалните болници. Меѓу 64-те повредени има едногодишно дете и 85-годишен маж, а осум се во сериозна состојба.
Владата нареди истрага за инцидентот, најновиот во низата смртоносни несреќи што се припишуваат на безбедносни пропусти. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул повика „некој да биде казнет и да биде повикан на одговорност“ за несреќата.
„Несреќи како оваа можат да се случат само поради небрежност, прескокнати чекори, отстапувања во дизајнот или употреба на неисправни материјали“, рече Анутин.
Свет
Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе падне, наскоро ќе видиме голем американски напад
Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF), Амир Авиви, процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем пост“.
„Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел“, рече Авиви на конференцијата доцна синоќа.
Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.
„И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне“, рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили.

