Свет
Гадафи е подготвен на достојно повлекување од власта?!
Лидерот на Либиска Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи е подготвен да замине од власта достоинствено, под услов нему и на неговото семејство да им биде гарантирана безбедноста“, пишува во неделата арапскиот весник „Аш-Шарк ал-Авсат“.
Лидерот на Либиска Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи е подготвен да замине од власта достоинствено, под услов нему и на неговото семејство да им биде гарантирана безбедноста“, пишува во неделата арапскиот весник „Аш-Шарк ал-Авсат“.„Синот на полковникот Гадафи, Сеиф ал-Ислам ја предводи работната група составена од официјални лица и претставниците на владата кои бараат решенија за либиската криза, којашто претпочита безбедно и достоинствено повлекување на неговиот татко од власта“, пишува арапскиот весник повикувајќи се на извор од непосредна окружување на либискиот водач Моамер ел-Гадафи. Според изворот, и покрај фактот дека во сите негови јавни изјави, Гадафи и неговите помошници категорично ја отфрлаат идејата за напуштање на власта на либискиот лидер, постојат и други скриени канали за комуникација, преку кои се дискутира за овие прашања. „Гадафи е заинтересиран за достојно заминување од власта, при што ќе биде исклучена можноста од негово гонење или на кој и да е од членовите на неговото семејство и блиски соработници“, пишува меѓу другото во статијата на „ Аш-Шарк ал-Авсат“. Тој, исто така бара гаранција дека во иднина нема да биде гонет на меѓународната сцена под никакви околности, тврди весникот. Истовремено, весникот истакнува дека во рамките на семејството и во потесниот круг на соработниците на Гадафи нема согласност за ова прашање. „Некои предлагаат да се продолжи со битката до последниот куршум, до последната капка крв, додека други веруваат дека е време да се напушти власта“, пишува весникот. Конфликтот во Либија започна со масовни протести против режимот на Гадафи во средината на февруари и ескалираше во вооружени судири на крајот на месецот. Либискиот лидер ја изгуби контролата над источните области на земјата, вклучувајќи го вториот по големина град Бенгази. На 27-февруари востаниците формираа Преоден национален совет кој се прогласи за единствен легитимен орган во земјата. Неколку земји веќе го ја признаа советот и водат преговори со неговите претставници./крај/рн/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лекот за третман на рак веќе почна да се користи во болниците во Русија
Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција.
Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости.
Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази.
Се вели дека неговото зрачење влијае на метастазите со намалување на болката кај пациентите, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Најмалку 28 загинати откако кран се урна врз воз во Тајланд
Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени откако градежен кран се урна врз воз во движење во североисточен Тајланд. Во возот имало околу 195 патници во моментот на несреќата, која се случила околу 9 часот наутро по локално време во среда, јавува Би-би-си.
Кранот го исфрлил возот од шините и здробил неколку вагони, од кои еден се запалил. Спасувачите успеале да ги евакуираат патниците, а повредените биле однесени во регионалните болници. Меѓу 64-те повредени има едногодишно дете и 85-годишен маж, а осум се во сериозна состојба.
Владата нареди истрага за инцидентот, најновиот во низата смртоносни несреќи што се припишуваат на безбедносни пропусти. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул повика „некој да биде казнет и да биде повикан на одговорност“ за несреќата.
„Несреќи како оваа можат да се случат само поради небрежност, прескокнати чекори, отстапувања во дизајнот или употреба на неисправни материјали“, рече Анутин.
Свет
Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе падне, наскоро ќе видиме голем американски напад
Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF), Амир Авиви, процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем пост“.
„Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел“, рече Авиви на конференцијата доцна синоќа.
Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.
„И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне“, рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили.

