Свет
Потврден првиот случај на ешерихија коли (ЕНЕС) во Чешка
Во Чешка е потврден првиот случај на ентерохеморагична бактерија на ешерихија коли (ЕНЕС), а бројот на заболени се заканува дека ќе пoрасне на три бидејќи се чекаат резултатите од тестовите на уште двајца пациенти, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство, Властимил Сршењ
Во Чешка е потврден првиот случај на ентерохеморагична бактерија на ешерихија коли (ЕНЕС), а бројот на заболени се заканува дека ќе пoрасне на три бидејќи се чекаат резултатите од тестовите на уште двајца пациенти, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство, Властимил Сршењ. Мажот за кого се веруваше дека е првата жртва на бактеријата ЕХЕС која предизвика смрт на 15 луѓе во Германија, заболел од некоја друга цревна инфекција. „Лабораториските тестови потврдија дека опасната форма на ешерихија коли заразила Американка, турист, која сега се лечи во болница во Прага“, изјави Сршењ. Американката пристигнала во Чешка по престој во Германија. Државната земјоделска и прехранбена инспекција во Чешка почнала да ги контролира сите видови на зеленчук и тоа не само од производителите од Германија или Шпанија, туку веќе и од балканските земји и од домашните плантажи. Тестовите на шпанските краставици кои германските власти ги сметаа за извор на заразата, а 120 парчиња од нив стигнале и во чешките продавници, се негативни и не претставуваат извор на заразата. И покрај овие смирувачки информации на властите, Чесите се исплашија и потполно престанаа да купуваат краставици, а стравот се пренесе и на доматот, салатата и други видови на зеленчук.Во соседна Словачка за сега не постои случај на инфекцијата ЕНЕС, а тестовите на 20 пациенти во Кошица во источниот дел на земјата покажаа дека имаат друга болест. Во Полска уште минатата недела е забележан еден случај на зараза со бактеријата ЕНЕС и тоа кај жена која допатувала од Германија. Иако е сместена во болница во критична состојба, таа сега се опоравува, потврди денеска министерката за здравство, Ева Копач./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Погоден американскиот конзулат во Дубаи
Пожар избувна во американскиот конзулат во Дубаи откако беше погоден од дрон, за кој се сомнева дека е ирански, доцна вечерва, според регионалниот извор на CNN.
🚨 BREAKING: Video shows the moment a suspected Iranian drone SLAMMED into the US Consulate in Dubai, resulting in an explosion
The Consulate is currently on fire, with smoke seen from all across the city. pic.twitter.com/FvXmpZAexU
— Nick Sortor (@nicksortor) March 3, 2026
Пожарникарите изгаснаа мал пожар што избувна по нападот со беспилотно летало, а нема повредени.
Двајца сведоци потврдија за „Ројтерс“ дека може да се види чад како се издига од област во близина на конзулатот.
Свет
„ВизЕр“ и „ФлајДубаи“ организираат летови за враќање на Унгарците од Блискиот Исток
Унгарија организира враќање на своите граѓани кои се заглавени на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот. Два авиона, секој со 90 патници, ќе полетаат од Аман, Јордан, утре и четврток, изјави денес министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Тој додаде дека е можно да се влезе во Јордан од Израел преку два копнени гранични премини. Во исто време, „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови од Египет, а авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати исто така делумно го обновуваат сообраќајот, објавува Daily News Hungary.
Во гостувањето во подкастот „Час на вистината“, Сијарто објасни дека во Израел има многу унгарски граѓани кои можат да ја напуштат земјата со одење во Јордан или преминување во Египет преку граничниот премин отворен 24 часа на ден.
За да се олесни враќањето на Унгарците што пристигнуваат во Египет, авиокомпанијата „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови до Шарм ел Шеик од сегашните три на десет неделно, потврди министерот.
„Воздушниот сообраќај од Обединетите Арапски Емирати е делумно обновен, а авион на ‘ФлајДубаи’ полета за Унгарија попладнево“, објави Сијарто на „Фејсбук“.
Министерот потсети на напнатата ситуација во регионот, наведувајќи дека Иран ги продолжил своите сеопфатни напади врз земјите од Заливот преку ноќ и дека беспилотни летала биле насочени и кон амбасадата на САД во Ријад.
„Повеќето земји сè уште го држат својот воздушен простор затворен“, рече Сијарто, додавајќи дека „Катар ервејс“ сè уште не дал информации за продолжување на летовите.
Од друга страна, тој го потврди денешниот лет на „ФлајДубаи“, кој превезува патници со веќе купени билети.
„’Емирејтс’, исто така, ги обнови летовите, а неколку унгарски граѓани веќе го напуштија регионот, летајќи кон разни европски дестинации“, заклучи министерот.

