Свет
Италија прославува 150 години од обединувањето

Италија денеска го прославува Денот на Републиката, по повод 150 години од обединувањето. Се очекува присуство на 80 делегации од светот и над 30 шефови на држави.
Италија денеска го прославува Денот на Републиката, по повод 150 години од обединувањето. Се очекува присуство на 80 делегации од светот и над 30 шефови на држави. Главното случување ќе биде воената парада во центарот на Рим, на која меѓу високите претставници ќе присуствува и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, претседателот на Русија Димитриј Медведев и кинескиот и американскиот потпретседател Сји Џинпинг и Џо Бајден.Воздушниот простор над Рим е затворен поради воената парада, на која ќе учествуваат и италијанските воздухопловни сили, а италијанските сили за безбедност ја засилија безбедноста и го блокираа центарот на Рим.Италијанскиот премиер Силвио Берлускони по парадата ќе се состане со Бајден и Медведев.Претседателот Ѓорге Иванов ќе учествува на свеченостите по повод 150-годишнината од обединувањето на Италија. На одбележувањето, Иванов ќе присуствува на покана на неговиот италијански колега, Џорџо Наполитано. Предвидено е претседателот Ѓорѓе Иванов да присуствува на свечената парада во Рим, како и на официјална вечера која ја приредува Претседателот Наполитано, соопштуваат од неговиот кабинет. /крај/смедиа.рс/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Санчез до Шпанците: Користете ги мобилните телефони одговорно

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, изјави дека телекомуникациите се во критичен момент и ги повика граѓаните одговорно да ги користат своите телефони.
Официјалната причина за прекинот на електричната енергија сè уште е непозната, како што рече шпанскиот премиер.
Од друга страна, Португалците рекоа дека причината е редок атмосферски феномен во Шпанија.
Премиерот додаде дека нема дефинитивни информации за причината и додаде дека во моментов нема закана за јавната безбедност.
Санчез, исто така, истакна дека платните системи и дигиталното банкарство работат нормално.
Тој додаде дека Советот за национална безбедност ќе се состане повторно денес за да процени дали треба да се воведат дополнителни мерки.
Регион
(Видео) Нападнат декан на факултет во Нови Сад; Брнабиќ: Кој сака да живее во ваква држава?

На протестите во Нови Сад нападнат бил деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид, кој со возило на брза помош бил пренесен во болница, објавија српските медиуми.
Според медиумите, демонстрантите кои се собрале пред Факултетот за спорт и физичко образование (ДИФ) во Нови Сад не им дозволиле на деканот на Факултетот, Патрик Дрид, и на професорите да влезат во зградата на факултетот.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го осуди нападот.
„Згрозена сум од насилството, садистичкото, нечовечко дивеење и нападот врз професорот Дрид во Нови Сад. Ајде повторно – кој сака да живее во ваква земја? Кој сака Србија да стане земја каде што полудени бандити линчуваат луѓе по улиците и се радуваат затоа што се повредени? Какви луѓе се овие што блокираат амбулантно возило во кое е повреден човек, што и да мислите за нив?! Во исто време додека го напаѓаат професорот Дрид во Нови Сад затоа што влегол на државен факултет како ДЕКАН, блокадорите во Ниш го нападнаа Клиничкиот центар Ниш, со цел физички да ги спречат студентите на Медицинскиот факултет да посетуваат клинички курсеви и да лекуваат луѓе! Монструозно. Секој што учествува во вакво безумно дивеење на улиците на Србија мора да биде повикан на одговорност! СТОП НА НАСИЛСТВОТО!
Zgrožena sam i zapanjena nasiljem, sadističkim, neljudskim divljanjem blokadera nad profesorom Dridom u Novom Sadu. Hajdemo ponovo – ko želi da živi u ovakvoj državi? Ko želi da Srbija postane zemlja u kojoj pomahnitali nasilnici linčuju ljude na ulici i raduju se zato što su… pic.twitter.com/NwUk5i9TQa
— Ana Brnabic (@anabrnabic) April 28, 2025
Министерот за правда Ненад Вујиќ, изјави дека денешното однесување на демонстрантите е јасен напад врз таа институција и насилно спречување на вработените да работат.
„Неприфатливо е насилни поединци да си даваат право да ја спречуваат работата на факултетите и професорите да си ја вршат својата работа“, рече Вујиќ.
Тој додаде дека очекува надлежните органи да реагираат и да им овозможат на деканот и професорите непречено да ги извршуваат своите работни задачи, како и да ги гонат одговорните за нападот.
Свет
Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“.
РЕН вели дека екстремните температурни разлики во Шпанија предизвикале „аномални осцилации“ на високонапонските далноводи.
Овој феномен се нарекува „индуцирана атмосферска варијација“, што потоа довело до осцилации што предизвикале дефекти во синхронизацијата на енергетските системи.
„Ова предизвика последователни прекини низ меѓусебно поврзаната европска мрежа“, додава РЕН.
Поради сложеноста на ситуацијата, РЕН предупредува дека целосната нормализација на електричната мрежа може да потрае и до една недела.
Шпанскиот оператор на електричната мрежа „Ред Електрика“ објави дека напонот е обновен во одредени трафостаници во северниот, јужниот и западниот дел од земјата.
„Продолжуваме да работиме со сите расположиви ресурси за што поскоро да го вратиме снабдувањето со електрична енергија на целата територија“, соопштија од „Ред Електрика“.
Шпанската национална железничка компанија „Ренфе“ соопшти дека сите возови остануваат во прекин поради прекин на електричната енергија.
Во меѓувреме, мадридското метро, исто така, известува дека сите линии остануваат затворени.