Свет
Силувач и киднапер осуден на 431 година затвор
Осудениот за сексуално злоставување и неговата сопруга од судот во Плејсервил, Калифорнија, се осудени на доживотен затвор поради грабнувањето и силување на Џојси Дагард кога имала 11 години и ја држеле во заробеништво речеис 20 години.
Шеесетгодишниот Филип Гаридо е осуден на вкупно 431 година до доживотен затвор, откако пред судот се изјаснил за виновен за грабнувањето и сексуалното злоставување по 13-те точки на обвинението, пренесоа американските медиуми. Обвинителот на округот Ел Дорадо, Верн Пиерсон го опишал Гаридо како „сексуален насилник кој го украл детството и невиноста на 11-годишното дете“. Сопругата на Филип, 55-годишната Ненси Гаридо којашто исто така ја призна вината, е осудена на 36 години затвор.Пред изрекувањето на пресудата, Тери Пробун, мајката на жртвата, сега 31-годишната Џејси Дагард, ја прочитала нејзината писмена изјава во којашто таа ги опишува 18-те ужасни години минати во заробеништво кај Гаридови. Меѓу другото таа во изјавата објаснува дека се решила да не присуствува во судницата „за да не губи другиот дел од својот живот“ во негово присуство..Џејси беше грабната на 10-ти јуни 1991 година во гратчето Саут Лејк Тахое во Калифорнија и била криена во шупи и шатори во Антиохиа, во кои подоцна биле и двете ќерки чиј татко е Филип Гаридо. Тие беа откриени во август 2009 година. Во 2010 година Дагард по договорот со државата Калифорнија доби отштета од 20 милиони долари а следниот месец ќе се излезат од печат нејзините мемоари „Украдениот живот’. /крај/хн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

