Свет
Пронајдени 150 тела на бегалци што потонаа во бродоломот
Телата на 150 африкански бегалци, чиј брод потоа вчера додека бегаа од Либија кон Европа, пронајдени се денеска во близина на едно острово во Тунис, пренесе Ројтерс.
Телата на 150 африкански бегалци, чиј брод потоа вчера додека бегаа од Либија кон Европа, пронајдени се денеска во близина на едно острово во Тунис, пренесе Ројтерс.„До сега се извадени 150 тела на бегалците на брегот кај Керкена. Потрагата по преостанатите бегалци продолжува, соопшти претставникот на високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, Карол Лалеве На бродовите кои вчера нелегално превезуваа бегалци за Италија се појави дефект. Туниската војска спаси 570 лица, додека 250 се водеа за исчезнати. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белорускиот министер за одбрана предупредува: Зборовите на Западот не се блеф
Западните земји активно се подготвуваат за евентуални воени дејствија, изјави белорускиот министер за одбрана Виктор Хрењин.
Како што рече, безбедносната ситуација во регионот може да се окарактеризира како напната и сè повеќе склона кон радикализација, што, според него, јасно се одразува во однесувањето на соседните држави на Белорусија. Хрењин истакна дека овие земји не покажуваат подготвеност да преземат мерки за намалување на воените тензии, туку, напротив, јавно зборуваат за подготовки за војна.
„Дејствијата на лидерите на соседните земји укажуваат – и тие не го кријат тоа – дека насекаде може да се чуе: „Се подготвуваме за војна“.
Тој изрази уверување дека западните земји навистина спроведуваат конкретни подготовки за можен вооружен конфликт, што, како што оцени, дополнително ја влошува целокупната безбедносна клима во Европа.
Изјавите на белорускиот министер доаѓаат во контекст на неодамнешните пораки од западните политички и воени кругови. На 11 декември, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика земјите-членки на Алијансата да се подготват за можна војна со Русија. Пред тоа, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека лидерите на земјите-членки на Европската унија планираат да постигнат целосна борбена готовност до крајот на тековната деценија, потсетуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Свет
Пекинг санкционира 20 американски компании и 10 поединци за продажба на оружје на Тајван
Кина воведе санкции против 20 американски одбранбени компании и 10 поединци поради продажбата на оружје на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Мерките вклучуваат замрзнување на нивниот имот во Кина и забрана за кинески организации и граѓани да соработуваат со нив, како и забрана за влез во земјата за санкционираните поединци.
Меѓу погодените компании се подружница на Boeing во Сент Луис, како и Northrop Grumman Systems Corporation и L3Harris Maritime Services. Санкциите следуваат откога Соединетите Американски Држави минатата недела објавија продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарда долари – најголемиот ваков пакет досега.
Кина оцени дека прашањето за Тајван е црвена линија во односите со САД и го повика Вашингтон да ги прекине, како што ги нарече, „опасните напори за наоружување на островот“. Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија, а Тајпеј тврди дека има суверенитет.
Свет
Зеленски: Договоривме средба со Трамп, многу работи може да се одлучат пред Нова година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за прекин на руската инвазија.
„Договоривме средба на највисоко ниво со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи може да се одлучат пред Нова Година“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Украинскиот претседател ја откри најновата верзија на американскиот план за прекин на војната меѓу Русија и Украина, за кој Вашингтон и Киев преговараат со недели. Планот предвидува замрзнување на фронтовските линии и не нуди решение за најспорното прашање за териториите окупирани од Русија, кои сочинуваат повеќе од 19% од Украина.
За разлика од оригиналната верзија на овој документ што ја составија Американците, новата верзија ги изоставува две од главните барања на Москва: повлекување на украинските сили од деловите на Донбас што се уште се под нивна контрола и законското ветување на Киев да не се приклучи на НАТО. Затоа, Москва веројатно нема да се согласи со оваа нова верзија.
Запрашан за ова, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, завчера посочи дека Москва „ја формулира својата позиција“ и одби да коментира за деталите. Вчера, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека напредокот кон завршување на војната е „бавен, но стабилен“.
фото/депозитфотос

