Свет
Салех полесно ранет, опозицијата тврди дека е убиен

Претседателот на Јемен Али Абдел Салех е полесно ранет при престрелка што избила во близина на претседателската палата при посета на џамија во главниот град Сана,.пренесува Reuters повикувајќи се на арапската телевизија телевизијата Аl Arabia
Наспроти тоа Reuters повикувајќи се на јеменската опозиција јавува дека претседателот Али Абдел Салех е убиен во престрелката. Агенцијата не успеала да се повтрзе со претставници на претседателската администрација, за да се разјасни судбината на Салех. Reuters јавува дека на телефонскито број во претседателдскат апалата никој не одговраа. Претходно AFP повикувајќи се на извор од владејачката партија во Јемен, пренесе дека во петокот во главниот град Сана било стрелано врз џамија во непосредна близина на претседателската палата, при што покрај Салех биле ранети и премиерот и претседателот на парламентот на Јемен.Претходно во петокот јеменските армиски сили во јужниот дел од главниот град на земјата Сана стрелалае врз резиденцијата на лидерот на опозициската исламистичка партија на Ал Ислах, леменски лидер шеик Хамид ал-Ахмар, извести АФП повикувајќи се на очевидци. Нема информации за жртви. Шеикот Хамид ал-Ахмар е едно од десетте синови на многу вилајтелниот во Јемен починат пеик Абдал ал-Ахмар. Неговито брат шеикот Садек ал-Ахмер е племенски старешниа на највлијателното племе во земјата – Хашид.Племенската заедница Хашид предводена од ал-Ахамр во март годинава премина н астраната на опозицијата. Вооружените судири меѓу племенските опозицијата со силите лојални на претседателот на Јемен, Али Абдула Салех во Сана почнаа на 23 мај.Меѓународниот аеродром во Сана е привремено затворен поради судирите коишто траат веќе втора седмица меѓу владините сили и борците од племето Хашид. Бројот на жртвите од крвавиот бунт до петокот се проценува на околу 200 луѓе. Анти-владините демонстрации со кои се бара оставка на претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт повеќе од 30 години, почнаа во Јемен од почетокот на февруари. Припадницит на владините специјални единици употребија оружје за да ги растераат антивладините демонстранти. Според западните медиуми во текот на немири во земјата загинале повеќе од 140 луѓе.Советот за соработка на арапските држави од Перискиот залив, го објави повлекувањето на својата иницијатива за мирно решавање на кризата во Јемен поради неуспехот на шефот на државата да потпише договор со кој се обезбедува мирен трансфер на власта од претседателот во рок од еден месец во замена за гаранции дека нема да биде гонет.Јеменскиот претседател на крајот од април одби да го потпише мировнито план со опозицијата, откако претходно ја поддржа иницијативата за внатрејеменски договор на GCC за помирување.Истовремено владејачката партија во Јемен, „Генералниот народен конгрес“ го одобри планот предложен од страна на GCC, кој предвидува оставка на претседателот Салех за 30 дена по формирањето влада на национално единство. По назначувањето на владата, претседателот треба да ја предаде власта на заменик-претседателот а опозицијата да престане со демонстрациите. Според иницијативата на на GCC, Салех, исто така,треба да добие имунитет од судско гонење.Противниците од Салех бараа негово непосредно заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекува на крајот од 2013 г. Претседателот Салех на 18-ти март објави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменскиот претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ја негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до работ на пропаста 32-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех. Јеменскиот претседател во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка.Салех стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Голем број деца исчезнаа во поплавите во Тексас, потврдени 27 жртви

Околу 27 луѓе, меѓу кои и девет деца, загинаа во поплавите во централниот дел на Тексас, соопштија властите денеска, додека спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани, вклучително и десетици исчезнати од летниот камп за девојчиња.
Канцеларијата на шерифот во округот Кер во Тексас соопшти дека повеќе од 800 луѓе се евакуирани од регионот додека нивото на водата се повлекува од подрачјето околу реката Гвадалупе, околу 137 километри северозападно од Сан Антонио.
„Нема да застанеме додека не ја најдеме и последната личност“, изјави шерифот на округот, Лери Леита, на прес-конференција.
Исчезнати девојчиња од летниот камп
Од 23 до 25 лица од летниот камп Mystic Summer се водат како исчезнати, од кои повеќето се девојчиња. Нивото на реката нагло се зголемило за девет метри во близина на кампот.
Американската национална метеоролошка служба соопшти дека вонредната состојба поради поплавите главно е завршена за округот Кер – епицентарот на поплавите, откако бурата донесе околу 30 сантиметри дожд рано во петокот. Но, за поширокиот регион останува во сила предупредувањето за поплави до 19 часот попладне.
Округот Кер се наоѓа во Texas Hill Country – рурална област позната по нерамниот терен, историските градови и други туристички атракции.
Обемна спасувачка операција
Заменик гувернерот на Тексас, Дэн Патрик, изјави дека 500 спасувачи трагаат по непознат број лица кои сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи и многу кои биле во подрачјето покрај реката прославувајќи го Денот на независноста.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека федералната влада работи со Тексас и локалните шерифи за одговор на поплавите.
„Меланија и јас се молиме за сите семејства погодени од оваа ужасна трагедија. Нашите храбри спасувачи сè уште се на терен и го прават она што најдобро го знаат“, напиша тој на социјалните мрежи.
Поплави без предупредување
Далтон Рајс, градоначалник на Кервил, центарот на округот, изјави за новинарите во петокот дека екстремните поплави го погодиле подрачјето пред зори, речиси без предупредување, поради што властите не успеале навреме да издадат наредби за евакуација. Реката Гвадалупе за помалку од два часа пораснала над нивото кое се смета за голема поплава.
Фото: ЕПА
Свет
Невреме во Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Авионот, кој летал од Анкара до Бингол во Турција, извршил итно слетување на аеродромот Елазиг откако бил погоден од гром.
Пилотот, откако гром удрил во опашниот дел од авионот, ја променил рутата и од безбедносни причини слетал на аеродромот во градот Елазиг, објави Хабер.
Авионот слета без никакви проблеми, а патниците беа транспортирани од аеродромот до Бингол по копнен пат, објавија турските медиуми.
Свет
Голема свадба на синот на Рамзан Кадиров: Дијамантски часовник од 27 милиони долари, златен пиштол и луксузен Мерцедес

Седумнаесетгодишниот син на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, Адам Кадиров, се ожени со девојка по име Медни, за која се верува дека е роднина на пратеникот во Думата, Адам Делимханов, близок сојузник на Кадиров.
Свадбата траела три дена, од четврток до сабота, и се одржала во селото Ахмат-Јурт , родното место на семејството Кадиров.
Според неофицијални информации, Медни е ќерка на чеченскиот сенатор Сулејман Геремеев, исто така близок сојузник на Кадиров и роднина на Делимханов. Наводно, бракот бил склучен уште на 8 јуни 2024 година.
Подготовките за прославата траеле со месеци, а покани биле испратени и до делегации од Блискиот Исток, вклучувајќи го и амбасадорот на ОАЕ во Русија, Мохамед Ахмед Ал Џабер, кој го прекинал одморот во Абу Даби за да присуствува на настанот во Грозни, пишува „Новаја Газета“, повикувајќи се на извор од руското Министерство за надворешни работи.
Свадбата наводно била одложувана двапати, при што една од причините била желбата на Рамзан Кадиров неговиот син Адам да има приватна средба со претседателот на Русија, Владимир Путин. Се споменува и дека првично била планирана заедничка свадба со постариот син Зелимхан (Ели) минатото лето, но Кремљ тоа не го одобрил поради возраста на Адам.
Рамзан Кадиров преку својот канал на Телеграм соопшти дека претседателот Путин лично му честитал на семејството за свадбата, за што изразил „искрена благодарност“.
Сепак, најголемо внимание привлекоа луксузните детали: на раката на Адам Кадиров бил забележан скап часовник Jacob & Co. Billionaire Ashoka со 320 дијаманти, проценет на околу 27,7 милиони долари. Според пресметките на Марија Певчих од руската антикорупциска организација ФБК, просечен граѓанин на Чеченија би требало да работи повеќе од 1.500 години без да потроши ни денар за да може да си го дозволи тој часовник.
Командантот на специјалната единица „Ахмат“, Апти Алаудинов, исто така го привлекол вниманието со својот часовник, за кој се претпоставува дека е Badollet Observatoire 1872 Chronograph, со цена до 320.000 долари.
Видеа од свадбата го прикажуваат Адам Кадиров како вози специјална верзија на Mercedes G-класа, модел кој е забранет за увоз во Русија и чини околу 190.000 долари. На истите снимки се гледа и како пука со златен пиштол во воздух – што е забрането со рускиот закон, особено бидејќи се работи за малолетник и за употреба на вистинско оружје во свечени прилики.
Иако е малолетен, Адам Кадиров веќе извршува повеќе функции: тој е шеф на безбедносната служба на својот татко, од април 2025 година е секретар на Советот за безбедност на Чеченија и надзорник на Министерството за внатрешни работи и универзитетот за специјални сили. Тој е и носител на бројни државни одликувања и титулата Херој на Чеченската Република.