Свет
НАТО во Либија првпат употреби хеликоптери
Северозападната воена Алијанса денеска соопшти дека првпат во Либија се употребени борбени хеликоптери во напади врз воени возила, опрема и силите на полковникот Моамер ел-Гадафи.
Северозападната воена Алијанса денеска соопшти дека првпат во Либија се употребени борбени хеликоптери во напади врз воени возила, опрема и силите на полковникот Моамер ел-Гадафи. „Борбените хеликоптери под команда на НАТО првпат се употребени н а4-ти јуни во воени операции над Либија, во рамките на операцијата ’Обединет бранител’’, соопшти командата на Алијансата во писмената изјава издадена ноќта кон сабота.„Цел на нападите беа воени возила, воена опрема и силите на режимот на Моамер ел-Гадафи“, се додава во соопштението во кое не се наведува локацијата на која е извршен нападот или нападите. Во оваа акција учествувале британските борбени хеликоптери од типот „апачи“, соопшти министерството за одбрана во Лондон. Портпаролката на министерството кусо ја потврдила акцијата ненаведувајќи поединости за бројот и целите на нападите.Лондон кој од 19-ти март учествува во операциите на меѓународната коалиција под команда на НАТО во Лобија, на крајот од мај објави дека од носачот на хеликоптери „Ошн“ кој се наоѓа во водите близу северноафриканскиот брег испратил на задача четири свои борбени хеликоптери. „Успехот на таа операција покажува единствени можности за употреба на борбените хеликоптери. Ќе продолжиме се нивната употреба кога каде троа ќе биде нужно потребно, а со иста прецизност каква што имавме во досегашните мисии“, оцени во соопштението генералот Шарл Бушар , канадскиот командант во операциите на Алијансата во Либија. Како што се нагласува од седиштето на НАТО, целта на овие хеликоптерски напади е да се зголеми притисокот врз Гадафи./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.