Свет
Загинаа четири војници на НАТО во Авганистан
Четири војници на НАТО силите во Авганистан во мисијата ИСАФ загинаа во саботата во експлозија на бомба од домашно производството во источниот дел од земјата, соопшти командата на Алијансата
„Четири војници на ИСАФ загинаа денеска во експлозија од домашно производство во источен Авганистан“, се наведува во соопштението на ИСАФ при што не се наведуваат други подробности. Според вообичаената практика, командата на НАТО никогаш не ги објавува националностите на загинатите војници, туку тоа го препушта прво да го сторат националните команди на земјите коишто имаат контигенти во Авганистан или нивните министерства за одбрана. Во областа каде што се случил инцидентот најмногубројни се американските војници, забележува AFP.Со овие четири жртви загубите на НАТО од почетокот на 2011 година во воените операции во Авганистан загинаа најмалку 224 војници на меѓународната западна коалиција. Овие податоци France Presse ги презема од независниот интернет ресурс icasualties.org. кој е специјализиран за водење статистика за инцидентите во Авганистан и во Ирак. Малите и бомбите од домашно производство кои се активираат при минувањето на странските војници и возила кои се чувствителни на допир или се активираат со тајмер или, пак, со далечински управувач се најсмртоносното оружје што го употребуваат талибанските бунтовници во нападите врз странските сили во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.